fbpx
Таг: изградба

таг: изградба

Половина од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид ќе завршат до крајот на годината

Пробиена е повеќе од 80 проценти трасата на автопатот Кичево - Охрид, а до крајот на годината се очекува дека ќе се заврши 50 проценти од оваа делница, информираше министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид во градежните активности. Станува збор за една од најголемите капитални инвестиции, која чини 374 милиони евра. - Во моментов се работи на пробивање на...

Во Швајцарија ќе се отвори најдолгиот тунел на светот

Во Швајцарија ќе се отвори најдолгиот тунел во светот именуван како „Готар“ кој ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзе централниот кантон Ури со југот на земјата. Тунелот е долг 57 километри, изградбата чинела околу 12 милијарди швајцарски франци, а го граделе 2.400 работници. Со неговата изградба, патувањето од Цирих до Милано ќе трае два часа и...

Турција ќе гради камп за реадмисија на мигрантите

Турција ќе гради камп за сместување на мигранти, кој ќе има капацитет за прием на 5.000 лица, објавуваат турските медиуми. Кампот ќе биде изграден надвор од пограничните региони со Сирија и ќе биде наменет за сместување на мигрантите кои ќе бидат вратени на територијата на Турција согласно договорот меѓу Анкара и Брисел за реадмисија на илегалните имигранти кои ќе пристигнат на грчките...

Протест пред МВР: Спасовски да обезбеди услови за изградба на крстот во Бутел

Неколку стотици граѓани денеска во 13 часот повторно се собраа на протест пред Министерството за внатрешни работи за да бараат од министерот Оливер Спасовски да распореди полицајци и да го обезбеди просторот кај кружниот тек во Општина Бутел за да може непречно да тече изградбата на крстот. Тие најавуваат дека ќе протестираат сè додека не им се исполнат барањата. На протестот се...

Ердоган предложува изградба на нов град за бегалците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложува изградба на нов град на северот на Сирија, во кој би биле сместени повеќе од милиони бегалци кои бегаат од војната во таа земја, јавуваат турските медиуми. Ердоган во говор во Истанбул истакнал дека новиот град би требало да биде изграден во близина на турската граница и додал дека за таа идеја веќе разговарал...

Кина ќе изгради 30 нуклеарни електрани долж Патот на Свилата

До 2030 година, Кина планира да изгради 30 нуклеарни електрани, изјави претседателот на Националната кинеска нуклеарна компанија, Сун Кин. Тој рече дека вкупно 70 држави планираат или ги развиваат своите нуклеарни проекти. - Ние се соочуваме со силна конкуренција на меѓународниот нуклеарен пазар - изјави Кин. Тој додаде дека земјите како Русија, Јужна Кореја, Јапонија и САД, агресивно го истражуваат глобалниот нуклеарен пазар. Рутата по...

Груевски: Спортските објекти се еден од приоритетите во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

„Инвестициите во спортот и за младите продолжуваат, ќе се реализираат уште многу проекти и она што е ветено од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реализирано како и во сите досегашни случаи. Спортските објекти се еден од приоритетите во програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по посетата на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. - Годинава целосно ќе биде...

Грција брза да ги изгради петте прифатни центри за бегалци на островите

Грчката влада почнува со спроведување на договорот за изградба на центри и на контролни пунктови за регистрација на бегалците. На состанокот во премиерската палата викендов, под раководство на Алексис Ципрас, беше договорено итно да се почне со градба и со отворање на центрите и на контролните точки за да се избегнат нови проблеми со Европската унија по негативните коментари од извештајот на...

„Џонсон контролс“ ќе гради фабрика и во Струмица

Американската компанија „Џонсон контролс“ ќе гради нова фабрика во Струмица, за производство на навлаки за седишта за автомобили. Инвестицијата ќе биде околу 20 милиони долари, а изградбата на фабриката ќе почне во април годинава. Фабрика за производство на навлаки, „Џонсон контролс“ има и во Штип.  

Поставен камен-темелникот на првата црква во Карпош

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г Стефан, го постави камен-темелникот и го освети местото каде што ќе се изгради црква „ Христос Спасителот“ во општина Карпош, зад трговскиот центар „Скопје сити мол“. Градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски, им вети на граѓаните уште неколку цркви на територија на Карпош. - Покрај овој свет храм, камен-темелник ќе поставуваме веќе наредната...

Нови винарници ќе се градат во Демир Капија

Две нови винарици ќе се градат во Демир Капија, информираше градоначлникот Трајче Димитриев. На тендерот за продажба на локацијата (13.243 квадратни метри) победила скопска компанија, која ја купила градежната парцела намената за изградба на винарница. Според Димитриев, Општината на продажба ќе понуди уште една локација предвидена за истата намена.

Издадени 326 одобренија за градба, што е за 35,3 проценти повеќе од лани

Во октомври се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.050.934.000 денари, што е за 52,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187...

Незири: Со поддршката од ЕБОР, македонскиот и албанскиот пазар на електрична енергија ќе имаат огромна добивка

Министерството за економија потпиша договор за заем со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на 400-киловолтен интерконективен далекувод Битола - Елбасан. - Со изградбата на овој далекувод, добивка ќе има како за македонскиот, така и за албанскиот пазар на електрична енергија, имајќи предвид дека базната електрична енергија во Македонија доаѓа од термоелектраните, а во Албанија од хидроелектраните -...

Ќе се гради ново основно училиште во Општина Центар

Во Општина Центар ќе се гради ново основно училиште, најави денеска градоначалникот на општината, Андреј Жерновски. Училиштето ќе се изгради во Капиштец, на улиците Васил Ѓоргов и Адам Мицкијевиќ, и ќе се простира на 10.600 квадратни метри, со планирана површина за градба на објектот од 3.142 квадратни метри. - Проектот е изработен за да ги задоволи сите стандарди за современо образование. Училиштето...

Компанијата „Гентерм“ ќе изгради фабрика во Прилеп

Американската компанијата „Гентерм“ денеска ќе почне со изградба на фабрика во технолошко-развојната зона во Прилеп. Вредноста на инвестицијата на компанијата изнесува околу 20 милиони евра. Во производствениот капацитет на 21.500 квадратни метри се најавени 2.000 вработувања. Во фабриката ќе се произведуваат клима-уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар. „Гентерм“ е глобална, брзорастечка компанија која произведува електро-уреди за...

ЕБОР со 64 милиони евра ќе ја кредитира изградбата на патот Штип – Радовиш

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ја зајакне транспортната инфраструктура со финансирање на модернизацијата на македонската национална патна мрежа со кредит до 64 милиони евра, соопшти ЕБОР. Финансирањето ќе се искористи за подобрување на 39 километри од националниот патен правец што ги поврзува градовите Штип и Радовиш. Како дел од патот А4, подобрениот патен правец ќе ги поврзе и новиот автопат Миладиновци - Штип,...

Груевски во Охрид го означи почетокот на изградбата на затворениот пливачки базен

Премиерот Никола Груевски денеска во Охрид свечено го означи почетокот на изградбата на затворениот пливачки базен. Новиот објект се гради во рамките на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, каде во летните месеци веќе се користи отворен пливачки базен. - Комплексот ќе располага со два базени, еден за непливачи и за деца, а другиот ќе биде со ватерполо-димензии - рече премиерот Груевски. Градоначалникот на Охрид,...

Кривопаланчани утре ќе протестираат против изградба на џамија во нивниот град

Кривопаланчани утре ќе излезат на мирен протест против „исламизација на Крива Паланка“. Протестот ќе се одржи во 13.30 часот на Соларски мост. На „Фејбук“ се појави плакат со кој се повикуваат жителите да излезат на протест. Граѓаните собираа и потписи за да покажат дека се против изградбата на џамија во нивниот град. Градоначалникот на Општината, Арсенчо Алексов, за „Мета“ изјави дека пред Општината...

Предимензионираната градба ја урна цената на станбениот квадрат во Охрид

Големата понуда на станови и малиот интерес за купување, доведоа до опаѓање на цената на станбениот квадрат во Охрид. Ако пред само неколку години во Охрид, тешко можеше да се најде стан за цена пониска од 800 евра за еден квадратен метар, сега станови во охридските станбени комплекси се продаваат и по цени пониски од 600 евра за квадратен...

„Студентски пленум“: Најавата на Груевски за нов студентски дом е популистички потег

Премиерот Никола Груевски во интервјуто за телевизија „Сител“ најави изградба на нов студентски дом, што од „Студентски пленум“ го оценуваат како популистичка мерка, додавајќи дека е трагично што студентите мора да чекаат реакција од Владата само кога нивните животи се загрозени. Од Министерството за образование и наука кратко ни одговорија дека во наредните денови ќе се разработат деталите за изградба, финансиите и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...