fbpx
Таг: изградба

таг: изградба

Светска банка одобри заем од 83 милиони евра за надградба на патиштата

Одборот на директори при Светска банка одобри заем од 83 милиони евра за проектот за надградба и развој на патиштата во Македонија, соопштуваат од Светска банка. Проектот има цел да ја подобри транспортната поврзаност за корисниците на патиштата долж Коридорот 8 помеѓу Скопје и Деве Баир, како и да го подобри управувањето со средства и планирањето на Јавното претпријатие за државни...

Жерновски утре ќе го соопшти ставот за улицата што ќе се гради на Кеј 13 Ноември

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска се сретна со сопствениците на угостителските објекти стационирани на Кеј 13 Ноември. Како што пишува во соопштението на Општината, кафеанџиите биле револтирани и загрижени од одлуката на Градот за изградба на улица на Кејот. Сопствениците побарале од Жерновски да преземе сè што е во негова надлежност за да ја спречи изградбата на улицата. Градоначалникот ги...

Денеска почнува изградбата на „ОДВ – Електрик“

Изградбата на фабриката „ОДВ - Електрик“ во технолошко-индустриската зона во Струга почнува денеска. Преку оваа инвестиција, која чини 15 милиони евра, етапно ќе се отворат 1.000 работни места. Во фабриката ќе се произведуваат жичани инсталации за автомобилската индустрија, кои ќе се извезуваат на европските пазари. Оваа компанија веќе има вработено околу 130 лица во објектите во Охрид.

СДСМ: Луна-паркот не е предвиден во буџетот на Град Скопје

Опозицискиот СДСМ, во соопштение испратено до јавноста, го обвинува градоначалникот Коце Трајановски дека повторно ја залажува јавноста со проекти кои секоја година само ги најавува, а никако да се реализираат. - Трајновски секоја година на скопјани им ветува нов луна-парк и секоја година ги лаже. Така е и оваа година. Повторната најава на проектот за нов луна-парк во Скопје не...

Поставен камен-темелник на нова зграда на државното станбено претпријатие

Камен-темелник за нова административна зграда на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор е поставен денеска, во непосредна близина на Министерството за надворешни работи. Вкупната инвестиција во објектот, што ќе се протега на градежна парцела од 1.547 квадратни метри, изнесува 520 милиони денари. Ќе се гради објект на шест ката, со 6.400 квадратни метри административен простор...

Груевски постави камен темелник на нова градинка во Петровец

Премиерот Никола Груевски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски поставија камен темелник на нова детска градинка во општината која ќе биде со капацитет за 80 деца. Градинката која треба да биде готова за два до три месеци, чини 15 милиони денари, од кои 10 се од буџетот на Општина Петровец, а...

По Стење, нова плажа ќе се гради и во Сливница

По комплетното завршување на активностите на плажата во Стење, ќе почне изградба на нова плажа во Сливница, најави денеска премиерот Никола Груевски за време на посетата во ресанскиот крај. Новата плажа во Стење е во должина од 500 метри, а за двете плажи, издвоени се околу 77 милиони денари. Во план се и изградбите на плажите во Отешево, Крани, Коњско и...

„ОДВ Електрик“ ќе почне изградба на фабрика за 1.000 нови вработувања

Премиерот Никола Груевски, денеска од Охрид најави дека германската компанија „ОДВ Електрик“ уште овој месец ќе почне со изградба на фабрика за 1.000 нови вработувања. Премиерот се запозна со текот на градежните работи за изградба на технолошко-индустриската развојна зона Струга-Охрид. - Покрај „ОДВ Електрик“, веќе следната недела најавени се дека ќе дојдат претставници на фабриката за автомобилски делови „Костал“, која на почетокот...

Експресниот пат Велес – Штип ќе биде готов во 2016 година

Завршени се првите пет километри од реконструкцијата на патот Велес - Штип, а денеска ќе се почне со асфалтирање на уште девет километри од Велес до Лозово. Целосно, експресниот пат Велес - Штип треба да биде завршен во првата половина на 2016 година. Должината на експресниот пат ќе биде 26 километри, а цената на изградба изнесува 15 милиони евра.

Австрија поднесе тужба против изградба на нуклеарна електрана

Австрија денеска до Европскиот суд поднесе тужба против Европската комисја за одобрување државна помош за изградбата на британската нуклеарна електрана „Хинклеј поинт Ц“. „Со субвенции треба да се поддржи модерна технологија, која ќе биде во општ интерес на сите држави на ЕУ“, е образложението на австрискиот канцелар Вернер Фајман, кој додаде дека тоа не е случај со нуклеарните електрани. Австрија во...

Протести во Никарагва против изградбата на канал меѓу Тихиот и Атлантскиот Океан

Илјадници жители на централно-американската држава Никарагва излегле на протести против планираната изградба на вештачки канал, кој треба да ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан, јавуваат светските медиуми. Каналот, кој ќе го гради кинеска фирма и ќе чини околу 50 милијарди долари, треба да биде подолг, подлабок и поширок од Панамскиот. Но, демонстрантите се плашат дека изградбата ќе има штетни последици по...

Доцни изградбата на магистралата Велес – Кадрифаково

Изградбата на патната магистрала Велес - Кадрифаково се одвива со извесно задоцнување, а работите на патот едно време стагнирааа, потврди денеска и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој рече дека ќе се бара ново проектанско решение за проблемот што се јавил. - Сега се работи ефективно. Таму работат две фирми, „Штрабак“ и „Гранит“. Вчера имав состанок на оваа...

НВО-секторот се спротиставува на изградбата на експресниот пат Охрид – Пештани

Во функција на изградбата на експресниот пат Охрид - Пештани, Европската банка за обнова и развој, како финансиер на предложениот проект, во Охрид организираше серија консултативни состаноци со невладиниот сектор и со локалната власт. НВО-секторот, со исклучок на Туристичката асоцијација, се спротиставува на изградбата на новата сообраќајница, тврдејќи дека иднината на Охрид е зелената алтернатива, а не нејзиното уништување. За нив,...

Денеска ќе се потпише договорот за изградба на дом за стари лица во Охрид

По повеќегодишни подготовки, денеска напладне, во просториите на Oпштина Охрид, ќе биде потпишан договорот за изградба на домот за стари лица во Охрид. Договорот ќе го потпишат градоначалникот Никола Бакрачески и претставниците на АД „Илинден“ од Струга, Радован Трајкоски и Кристина Трајкоска-Костеска. Домот за стари лица во Охрид ќе се гради кај туристичката населба Далјан, на самиот брег на Охридско Езеро. „Илинден“...

Со европски пари ќе се гради нов мост во Гостивар

Со пари од европски фонд за развој на општинска инфраструктура, во Гостивар ќе се гради нов мост на реката Вардар. Со мостот ќе се поврзат два значајни дела на градот, со што ќе се ублажи сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, а нормализиран сообраќај ќе добијат и жителите на градските населби Дутлок,  Фазанерија и Циглана, како и оние од...

Во Делчево е донесена првата пресуда за дискриминација

Основниот суд во Делчево ја донесе првата пресуда каде се утврдува дискриминација. Во овој случај, судот утврди дискриминација затоа што Општина Делчево (тужена странка) не изградила тротоар и рабници кои ќе можат да ги користат и лицата со посебни потреби. Дополнително, Судот ја задолжи Општината да му надомести на тужителот нематеријална штета за претрпен страв и душевни болки. Македонското здружение на млади...

За шест месеци, ново средно училиште во Сарај

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска ги посети Општина Сарај и објектот на новото средно училиште. - Денеска сме тука со градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај да извршиме увид во градежните работи на ново средно училиште во оваа општина. Морам да напоменам дека договорот со претходниот изведувач на градежните работи беше раскинат поради непочитување на роковите...

Фонтана и релјефен столб ќе се градат на плоштадот ВМРО

На плоштадот ВМРО, пред седиштетото на владејачката партија, ќе се издигне столб со релјефи на кои ќе бидат прикажани ликови и настани што се значајни за Внатрешната македонска револуционерна организација. Столбот ќе се наоѓа на средина од планираната фонтана, а на врвот ќе биде поставена фигура. Одлуката за изградбата на фонтаната ќе се најде пред советниците на Градот на наредната...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...