МВР: Прво законски измени, потоа издавање на лични документи со новото име


Скопје, 11 февруари, 2019 - 15:49 (META) 

Граѓаните ќе добијат лични документи со новото име, откако ќе се сменат законите и подзаконските акти кои го регулираат изгледот и употребата на личните документи на граѓаните, информираа од МВР за „Мета“.

– По објавувањето во „Службен весник“ на одлуката за стапување во сила на името „Република Северна Македонија“ ќе се сменат законите и подзаконските акти кои го регулираат изгледот и употребата на личните документи на граѓаните. Потоа, согласно законските одредби, ќе биде спроведена јавна набавка и ќе бидат набавени обрасците за новите лични документи. До тогаш граѓаните непречено можат да ги користат постојните лични документи. За каква било промена, граѓаните ќе бидат навремено информирани – информираат од МВР.


Студенти по архитектура изработија идејни решенија за изгледот на Цементарница „Усје“


Скопје, 2 февруари, 2018 - 14:52 (META) 

Студентите од Архитектонскиот факултет изработија архитектонски решенија за обнова на фасадите на објектите во Цементарница „Усје“. Според директорот на компанијата, Борис Хрисафов, ќе се бара начин како, овие идејни решенија на студентите да се реализираат.

– Кога го објавивме конкурсот бевме скептици, но кога ги добивме резултатите бевме фрапирани. Добивме 12 решенија, кои гледајќи што се случува во светот, се рамо до рамо со некои решенија кои сме ги виделе во други фабрики во Европа и пошироко. Добивме материјал кој треба да го развиваме и понатаму да го претвориме во дело – изјави Хрисафов.

Деканот на Архитектонскиот факултет, Огнен Марина, рече дека со овој конкурс, факултетот јавно демонстрира дека со студентите се општествено одговорни и се вклучени во секојдневието.

– Успешните заеднички проекти на реалниот сектор и образованието се од корист на двете страни. Индустријата доби контакт со свежите идеи на иднината, а студентите можност да работат на реални основи и така да стекнат драгоцено исксуство за време на образовниот процес –  изјави Марина.

Наградени се четири најдобри проекти избрани од страна на комисија составена од претставници на компанијата и факултетот.

Вкупниот награден фонд изнесуваше 74.000 денари и секое од избраните решенија беше наградено со по 15 илјади денари. Сите учесници добија симболична награда за учество во конкурсот.


Владата донесе одлука ГТЦ да добие барокна фасада


Скопје, 3 јули, 2016 - 10:30 (META) 

Владата донесе одлука Градскиот трговски центар (ГТЦ) да добие барокна фасада, јави телевизија „Телма“.

Одлуката за продолжување на изградбата на проектот „Скопје 2014“, во чии што рамки е и измената на ликот на ГТЦ, е објавена во „Службен весник“.

Општина Центар лани во април распиша референдум за изгледот на Градски трговски центар, но тој не успеа, бидејќи околу 40 отсто од 43.560 запишани гласачи го искористија своето право на глас, што беше за 10 отсто помалку од неопходниот цензус за успешност на референдумот.

Тогаш градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, истакна дека повеќе од 95 проценти од оние што излегле на референдумот гласале за зачувување на автентичноста на ГТЦ.

По неуспешниот референдум, активистите од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ побараа прогласување на ГТЦ за културно наследство, во насока на зачувување на автентичниот изглед.

Граѓаните организираа и протести под слоганот „Големо гушкање за ГТЦ“.


Созреаја гордо: Јавните личности некогаш и сега


Скопје, 2 јануари, 2015 - 8:56 (META) 

Ги гледаме секој ден, а малку ги забележуваме трагите и промените што времето ги остава на нивниот надворешен изглед. Кога влегоа во политиката, сите беа свежи, а по речиси една деценија работа, долгите работни часови, стресот и обврските оставија трага на нивниот физички изглед.

Ова не важи само за нашите политичари.

Истите физички промени се забележуваат и кај светските и кај политичарите од регионот.

Кај некои нема голема разлика, но други се речиси непрепознатливи. Сепак говорот на телото и изразот на лицето речиси кај сите останал ист.

Иако за дел од нив се зборува дека ги користат современите козметички третмани, сепак изгледа дека нашите политичари стареат природно.

За некоја година, со ова темпо, политичките кариери можат да ги заменат со улогата на Дедо Мраз и на Баба Мраз – барем за своите најблиски.

Тимот на „Mета.мк“ им посакува повеќе здравје и мудрост и помалку стрес во новата 2015 година.

collage_IVANOV
Ѓорге Иванов: Времето направи компромис и разумно го смени физичкиот изглед на професорот по политички теории откако тој стана претседател на Македонија.
Никола Груевски: Ги остаре сите со долгите владини седници и работата 24/7, но кај него најмалку се забележуваат промените. Не е потврдено дали е тоа поради честото појавување во јавноста или редовното потстрижување.
Никола Груевски: Ги остаре сите со долгите владини седници и со работата 24/7, но кај него најмалку се забележуваат промените. Не е потврдено дали е тоа поради честото појавување во јавноста или поради редовното потстрижување.
Зоран Ставрески: Многубројните инвестиции оставија траги. Справувањето со светската економска криза некогаш го остава без спиење.
Зоран Ставрески: Многубројните странски инвестиции оставија траги. Справувањето со светската економска криза некогаш го остава без спиење.
Никола Тодоров: Проблемите со белите мантили му донесоа многу бели влакна. Така е кога спортот го замени со изборни активности и позитивни листи.
Никола Тодоров: Проблемите со белите мантили му донесоа многу бели влакна. Така е кога спортот го замени со изборни активности и со позитивни листи.
Андреј Жерновски: Неуспешно се бори со барокот, а либерално се справува со годините.
Андреј Жерновски: Неуспешно се бори со барокот, а либерално се справува со годините.
Радмила Шекеринска: Кај неа најдобро се гледа дека е подобро да си во опозиција отколку на власт. И годат деветте години апстиненција од власт.
Радмила Шекеринска: Кај неа најдобро се гледа дека е подобро да си во опозиција отколку на власт. Нејзе ѝ годат деветте години апстиненција од власт.
Теута Арифи: Изгледот го менува исто толку често како и политичките функции. Стоички се справува со годините и покрај тетовскиот загаден воздух.
Теута Арифи: Изгледот го менува исто толку често како и политичките функции. Стоички се справува со годините и покрај тетовскиот загаден воздух.
Каролина Ристова Астеруд: Се гледа дека сака да го впие младешкиот дух на студентите. Огнениот темперамент го истакнува со слична боја на коса.
Каролина Ристова Астеруд: Се гледа дека професорката од Правниот факултет сака да го впие младешкиот дух на студентите. Огнениот темперамент го истакнува со слична боја на косата.
Илија Димовски: Пушти брада, извади наочари, излезе од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и сега, вака среден, ги камшикува колегите пратеници.
Илија Димовски: Пушти брада, извади очила, излезе од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и сега, вака среден, ги камшикува колегите пратеници.
Љубомир Фрчкоски: Не е постојан. Ниту во кариерата, ниту во изгледот. Де носи очила, де не носи, де има брада, де нема. Постојано е само на мета на провладните медиуми.
Љубомир Фрчкоски: Не е постојан. Ниту во кариерата, ниту во изгледот. Де носи очила, де не носи, де има брада, де нема. Постојан е само како мета на провладните медиуми.
Љубчо Георгиевски: Вмровската брада му е се пократка и се побела. Но, тоа не му влијае на расположението. И нему му годи опозиционерството.
Љубчо Георгиевски: Вмровската брада му е сè пократка и сè побела. Но, тоа не му влијае на расположението. И нему му годи опозиционерството.
Стевчо Јакимовски: Навистина не му може никој ништо. Особено не сега, кога судбината го спои со власта. Обеле, ама не остари.
Стевчо Јакимовски: Нему навистина никој не му може ништо. Особено не сега, кога судбината го спои со власта. Обеле, ама не остари.
На Барак Обама Белата куќа му ја обеле косата. Александар Вучиќ го следи примерот на Груевски и не ги покажува годините. На Ивица Дачиќ песната му го одржа духот, а политиката го остаре.
На Барак Обама Белата куќа му ја обеле косата. Александар Вучиќ го следи примерот на Груевски и не ги покажува годините. На Ивица Дачиќ песната му го одржа духот, а политиката го остари.