Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат (3 дел)


Скопје, 9 јули, 2018 - 10:38 (META) 

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за коо никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави.

Автор: Фатбарда Цури

1-от дел од сторијата.

2-от дел од сторијата.

Кои се издавачките куќи што добиле пари?

За една деценија речиси нема издавачка куќа во Македонија што не добила барем еден тендер од министерствата. Повеќе од 21 издавачки куќи биле вклучени во различни фази за превод и печатење на книги наменети за помпезниот проект. Во првата фаза, според податоците што ги имаме, само од 6 министерства, институциите имаат склучено договори со минимум 17 издавачки куќи, во втората фаза со 6 издавачки куќи а во последната фаза само со две издавачки куќи.

Според податоците од тендерите, најголем дел од парите добила издавачката куќа “Арс Ламина” – 636.860.579 денари.

Според податоците добиени од Централен регистар, во следната табела се покажани основачите на издавачките куќи кои добиле највеќе пари. Иако побарано неколку пати, од Централен регистар не ни обезбедија информации за сопственичката структурата на „Просветно дело“.

Osnovaci

 

Што се однесува до издавачката куќа „Европа 92“ врската со поранешната партија на власт оди подлабоко, бидејќи Ратко Димитровски, како еден од основачите на “Европа 92“ бил и пратеник и градоначалник на општина Кочани.
„Арбериа Десигн“ донатор на ДУИ
Според договорот потпишан помеѓу МОН и издавачките куќи, во 2016 година, од две издавачки куќи со кои е потпишан договор, едната е „Арбериа Десигн“, која што е донатор на владејачката партија ДУИ, од чии што редови биле и двајца министри за образование, Абдулаќим Адеми и Пиштар Лутфиу, е сегашниот министер Арбер Адеми.

Издавачките куќи молчат

„Порталб.мк“ им испрати барање на издавачките куќи, на тие што сè уште им се валидни контакт информациите, да објаснат детално за јавноста: како биле избрани преведувачите, кои критериуми биле одлучувачки за да некој преведе и лекторира еден наслов.
Но, од повеќето одговор не добивме. Исто така, фактот што Законот за пристап до информации од јавен карактер не важи за нив, нема никаков начин како да се отворат овие издавачки куќи пред јавноста за критериумите за избор па и плаќање во однос на обврските што произлегуваат од потпишувањето на договорите со министерствата.

Контактиран од „Порталб.мк“, одговорното лице од „Арбериа Десигн“, Дашмир Адеми, не сакаше да ги открие условите на потпишаниот договор меѓу нив и преведувачите и лекторите. Адеми рече дека тие немаат некој одреден стандард врз основа на кој ќе се одреди кој, како и за колку ќе издаде книга.

Dashmir Ademi„Што се однесува на изборот на преведувачите, ние немаме постојани соработници, бидејќи нема многу работа, за да ги ангажираме редовно. За исплатата би рекол дека има практични норми, а не пишани, бидејќи пресметката се прави врз основа на дигиталните страни и бројот на карактери по страница. Дигиталната страница се разликува од книга до книга, бидејќи зависи од содржината на поимите од одредени области. Сме имале и преведувачи од Албанија. Но, договорите што сме ги потпишале не дозволуваат да се открие колку е платен еден или друг професор – не би било етички кон професорите да се објават износите. Тоа е исто како некој да ве праша колку ви е платата. Последните книги сме ги доставиле во ноември минатата година – вели Адеми.

Неговото презиме се совпаѓа со презимето на поранешниот, сега веќе покоен, министер за образование, Абдулаќим Адеми, но Дашмир објасни дека освен пријателството, ништо друго не го поврзува со министерот.

„Дата понс“ е единствената издавачка куќа која одговори на нашето телефонско јавување. Сепак, оттаму одбиваат да дадат изјава за било кое прашање или дилема што може да се постави за проектот „Превод на 1.050 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните универзитети“, со образложение дека во времето кога се реализирал овој проектот во ова издавачка куќа не бил сегашниот сопственик.

Одговорност не сноси никој

Од МОН, за „Порталб.мк“, потврдија дека нема намера проектот да се продолжи, меѓутоа не кажаа дека ќе бараат кривична одговорност за предизвиканата штета.

-Сигурно овој проект нема да се продолжи, бидејќи беше целосно промашен – одговори кратко поранешната министерка за образование и наука, Рената Дескоска. (10.04.2018)

Оваа новинарска истражувачка  сторија е поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија FIOOM logo new 2011


Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат (2 дел)


Скопје, 8 јули, 2018 - 23:20 (META) 

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. „Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за коо никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави.

Автор: Фатбарда Цури

1-от дел од сторијата.

Лошиот квалитет на преводот е една од причините зошто овие книги не се користат од студентите, а реакции имаат и од професорите. Според извештаите на МОН, сите овие книги ги исполниле критериумите само од технички аспект (надворешен изглед). Одговорноста за квалитетот на преводите паѓа врз издавачките куќи. Што се однесува до контрола на тој квалитет, тоа не е побарано и не е направено од министерствата.

-Обврските и одговорностите за преводот им припаѓаат на издавачките куќ„ – ни потврди и екс министерката Дескоска. (10.04.2018)

Главниот критериум на министерствата за избирање на една издавачка куќа била најниската цена на понудувачот. Издавачките куќи професионалната способност требало да ја докажат само со документите: листа и примерок на издадена литература во последните 3 години со тираж над 1.000 примероци по издание, и изјава за бројот и квалификационата структура на вработените што ќе ги ангажира за реализација на предметниот договор, вклучувајќи ги и лицата кои ќе бидат ангажирани за стручната редактура, лектура и компјутерска обработка.

Во договорите склучени од министерствата со издавачките куќи, не е предвидена казна или раскинување договор во случај на неквалитетен превод. Од нив исто така не побарано да набројат јасни критериуми за избирање на преведувачи и лектори.

Подолу се договорите со издавачките куќи. Договорот е со издавачката куќа. „Нам Прес“. Со членовите 3, 14, 15, 16 се дефинираат сите должности на издавачите и на набавувачот, односно владината институција. Со членовите 18, 19, 20 се дефинираат условите за раскинување на договор:

Clenovi na dogovorot (3) Clenovi na dogovorot (14,15) Clenovi na dogovorot (16) Clenovi na dogovorot (20)
Според неофицијалните информации на „Порталб.мк“, преведувачи на книгите особено од првата фаза, освен професорите, биле и поединци кои држат настава по англиски јазик и литература во средни училишта. Имало и од тие кои имаат завршено само високо образование и употребувале Google Translate, но оваа информација јавно никој не сакаше да ни ја потврди. Покрај тоа, студент ни потврди дека една од книгите по хемија е делумно преведена од страна на студентите, на кои трудот им бил „исплатен“ со положен испит, а не со пари.

„Органска хемија” – еклатантен пример за научни невистини

Издавачката куќа „Просветно дело“ потпишала договор со МОН за објавување на книгата “Органска хемија” од авторот Џон Мекмури. Книгата не се користи од страна на студентите, бидејќи содржи научни невистини кои што се резултат на несоодветниот превод.

Научни и јазични грешки само во некои делови три страници на книгата „Органска хемија“.

kimia
Околу 50 јазични и професионални грешки ја има само една страница од книгата. Има моменти кога електронското оптоварување е означено со минус (-) а отсуството на електрони во хемиска врска со плус (+), како и случаи каде масата е заменета со тежина. Не дека книгата не е потребна, туку таа не нуди научни факти, а учениците сè уште учат од скрипта, преведена од професорот Агим Шабани, од Одделот за хемија на Универзитетот во Тетово.

Тука може да се најде книгата со грешките, и белешките на професорот.

-Книгата на Mекмури е една од десетте најдобри книги, но таа ни ден денес не се користи од страна на нашите студенти, бидејќи содржи бројни јазични грешки. Истата ја имам преведено од оригиналот и таа ја користам. Јас би препорачал книгата да се преведе од почеток, бидејќи мојата варијанта е скрипта, а не книга – вели професорот Шабани. Agim Shabani
Сличен проблем може да се најде и кај книгата „Етнографија“, на кој посочи емисијата „360 степени“.

 

Преведувачи: Немаме поим каде се наоѓаат книгите

„Порталб.мк“ најде двајца од преведувачите кои беа ангажирани за превод на книгите од македонски на албански јазик. Ни тие немаат повратна информации за тоа како изгледа финалната верзија на книгите што ги превеле.

Поранешниот професор по Методологија на Педагошкиот факултет, сега во пензија, Азиз Шеху вели дека преводот го добил откако бил контактиран од фирмата „Арт Студио“, фирма која што не фигурира во списокот на издавачките куќи кои склучиле договор со МОН. Тој вели дека покрај него, во преводите била вклучена и неговата сопруга, на негова иницијатива и без паричен надомест – тој само сакал преводот да биде направен како што треба.

Шеху, исто така вели дека од четирите наслови што ги превел, ниту еден од нив не можел да го најде во библиотеката со 1.000 книги во Трговскиот центар во Скопје, и ниту пак му била дадена некоја копија. Тој вели дека дури не знае како изгледа конечната верзија на ниту една од нив.

Азиз Шеху-Јас работев од професионален, а мојата сопруга од јазичен аспект. Јас го сторив тоа за да бидам сигурен дека преводот ќе биде во ред, бидејќи не знаев кој ќе го лекторира подоцна. Требаше да ми кажат дека завршила првата верзија на контрола. За време на лектурата нешто може да се промени, со што можеби јас не би се согласувал. Сè уште немам информации дали излегла и првата книга која што сум ја превел пред четири години. Од издавачката куќа, ми се јавија по телефон, и ми рекоа дека се заинтересирани да им преведам книги. Прифатив, иако плаќањето беше минимално – вели Азиз Шеху.

Во меѓувреме, друг професор по математика, Музафер Беќири вели дека не успеал да ги препорача книгите од овој проект на своите колеги или студенти, бидејќи тој самиот не бил поканет на нивните промоции.

-Веќе 16 години сум пензиониран и искрено немав прилика да се видам со универзитетските професори за да им ги препорачам овие книги. За нивното промовирање биле ангажирани други луѓе и за жал во овие промоции, јас како преведувач не бев поканет. Можам да кажам дека сум превел околу 40 наслови, и дека имам планирано оваа година да преведам уште една книга која што има околу 600 страници. За жал, објавените книги ги немам – рече Беќири.

Овој владин проект сите обврски за квалитет им ги довери на издавачките куќи, што, според професорот Шеху, не требаше да се случи. Тој предлага дека за такви проекти првично треба да бидат формирани комисии во МОН и книгите да бидат преведени директно од англиски, а не од македонски, како што беше досега.

Magazina në Gostivar 2
-Работата треба да биде многу поорганизирана и да не биде оставена на било кого. Не треба да се остави на издавачките куќи, затоа што тие не можат да ги најдат соодветните луѓе за превод, а уште помалку за лекторирање и уредување. Треба да се види кој е преведувачот, кој знае англиски, а кој македонски и албански. Јас сум преведувал од македонски. Имаше случаи кога се мешаа поимите за м­­аса и сила. Брзината и забрзувањето исто така беа измешани -, вели професорот Шеху.

Утре ќе читате: КОИ СЕ ИЗДАВАЧКИТЕ КУЌИ КОИ ДОБИЛЕ ПАРИ?

Оваа новинарска истражувачка  сторија е поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.FIOOM logo new 2011


Македонија претставена на Меѓународниот саем на книгата во Солун


Солун, 13 мај, 2017 - 13:47 (META) 

Македонската класична и современа литература и годинава е претставена пред публиката на Меѓународниот саем на книга во Солун. Преку сопствен штанд, инициран од конзулатот на Македонија во Солун и преку две дискусии и презентации на работата на Блаже Конески и на писателот Томислав Османли, солунската и меѓународната публика имаат можност подобро да се запознаат со македонската творечка дејност и култура.

Публиката на саемот во текот на вчерашниот ден имаше можност да се запознае подобро со работата на Конески, преку дискусијата за неговите дела преведени на грчки јазик од познатиот грчки писател Костас Валетас и преку делата на професорката Вера Стојческа-Антиќ, кои споделуваат еднаква почит за творештвото на Конески. На дискусијата беше претставена книгата „Везилка“, збирка дела од Конески по избор на Валетас, кој е главен уредник на атинското списание „Еолика грамата“ и новата книга на Стојческа-Антиќ и на Димитар Пандев „Мојот професор, пророк“ за целокупното дело на Конески. На оваа манифестација се обрати и македонската конзулка во Солун, Маја Апостолова.

Професорката Антиќ во разговор за „Мета“ вели дека позитивно е изненадена од големиот интерес на солунската публика за делата на Блаже Конески.

– Годинава третпат учествувам на Меѓународниот саем за книга во Солун и изненадена сум од големиот интерес и од бројот на луѓе што дојдоа да слушаат предавање за Блаже Конески. Познатиот грчки автор Костас Валетас превел дел од поезијата на Блаже Конески по негов избор во книга под наслов „Везилка“. Голема е популарноста на Конески, само во Скопје мојата новоиздадена книга за него „Мојот професор, пророк“, која беше претставена и во Солун, доживеа 6 промоции. Конески е најпочитуваниот и најнаградуваниот македонски литературен деец – вели Стојческа-Антиќ.

Според Антиќ, ваквите настани се од големо значење за зајакнување на соработката и за подобрување на врските меѓу Македонија и Грција.

– Ваквите настани се добредојдени и добронамерни и придонесуваат за зајакнување на културните врски на нашите две, но и на балканските земји во целост, бидејќи се посветени на луѓе кои ги надминале општите човечки способности и квалитети и преминале во џинови со своето творештво – додава професорката Стојческа-Антиќ.

На саемот беше претставена и книгата „Светулка за Ханука“ на Томислав Османли.

На македонскиот штанд на Саемот за книга се претставени дела од неколку издавачки куќи од Македонија „Магор“, „Култура“, „Блесок“ и „Ми-ан“.

На годинашното издание на Меѓународниот саем за книга учествуваат повеќе од 270 издавачи од Грција, а со свои штандови се претставија и 21 земја.


Акција „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец


Охрид, 2 ноември, 2016 - 17:36 (META) 

Градинката „Јасна Ристеска“ од Охрид ја спроведува акцијата „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец од денеска до 9 ноември.

Поканата за приклучување кон оваа акција е отворена за сите граѓани, а посебно се испраќа до сите писатели и творци од Охридско и од Струшко, издавачки куќи, книжарници, библиотеки и до сите љубители на пишаниот збор.

Организаторот повика на помасовно вклучување кон оваа иницијатива и секој што може да подари барем една книга за децата од предучилишна возраст и за деца кои се вклучени во основното образование на македонски јазик во Пустец.