fbpx
Таг: избори 2016

таг: избори 2016

Заев и Ахмети разговарале за „позициите на партиите“, без навлегување во детали

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска имале средба на која, како што, соопштуваат од СДСМ, било разговарано за позициите на двете партии во постизборниот период, „без навлегување во детали или разговори за конкретни прашања“. „Ова е прва средба на лидерско ниво помеѓу претседателот на СДСМ, Заев, и претседателот на ДУИ, Ахмети, по предвремените парламентарни...

Величковски и Алтхаузер разговарале за актуелната политичка состојба во земјава

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер, на која било разговарано за политичката состојба во земјава по изборите. „Беше разгледана политичката состојба во земјата, за која претседателот Величковски оцени дека фокусот треба да биде ставен на оспособувањето и на веродостојноста на институциите по изборите од 11 декември“, стои во соопштението од...

Заев ги повика албанските партии да не коалицираат со Груевски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ги повика албанските партии што имаат освоено пратенички мандати во Собранието да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ и со нејзиниот лидер, Никола Груевски, бидејќи во спротивно тоа би значело поддршка на режим и на диктатура, наспроти волјата на мнозинството граѓани. - Сите партии мора да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани на последните избори за промени....

Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ и го поништи гласањето во Теарце

Советот на Управниот суд ја прифати како основана тужбата на СДСМ и го поништи гласањето на гласачкото место број 2.011 во општина Теарце, во шестата изборна единица. Приговорот и тужбата на СДСМ за ова гласачко место се однесуваат на тоа дека на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при пребројувањето на гласовите било најдено...

Заев: Влада треба да состави коалицијата што ќе има минимум 61 пратеник во Собранието

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да го даде мандадот за составување нова влада на таа партија, партии или коалиција што ќе имаат мнозинство во Собранието од минимум 61 пратеник. - Членот 90 од Уставот на Република Македонија е јасен и вели дека претседателот на Република Македонија го доделува мандатот на оној претседател на партија, на...

Експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе го води советот на Управниот суд за тужбите

Управниот суд со жрепка ги избра петтемина судии што на јавна седница ќе одлучуваат по тужбите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за одлуките што Државната изборна комисија (ДИК) ги донесе по приговорите за текот на гласањето на изборните на 11 декември. Претседател на петчелниот совет е судијката и заменик-претседател на Управниот суд, Весна Јовановска, а членови се судиите Бурим Сејдини, Анета...

ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ, а за последниот ќе одлучува утре

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно го отфрли приговорот на СДСМ кој се однесуваше на постапката за утврдување на резултатите од гласањето на избирачкото место 2016, a последниот приговор на СДСМ, како што соопшти претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ќе биде разгледуван утре, на седница закажана за 11 часот. - Ви соопштувам дека ДИК вечерва ќе работи на изготвување на...

Бејли разговараше со Груевски за изборите и најави средби и со другите лидери

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, попладнево имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во новото седиште на партијата, на која било разговарано за изборите што се одржаа на 11 декември и за идните чекори на партијата. Бејли, во кратка изјава по средбата, истакна дека САД се партнер на Македонија и најави средби и со другите...

Ахмети по средбата со Рама: Рано е да се зборува за нова коалиција со Груевски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при вчерашната посета на Тирана имал средби со премиерот на Албанија, Еди Рама, со спикерот на албанскиот парламент, Илир Мета, и со претседателот на државата Бујар Нишани, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. „Охридскиот договор, членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, економскиот развој и еднаквоста меѓу етничките заедници ќе бидат принципите врз...

И Обвинителството го истражува потписот на гласачката од Гостивар

Гостиварското Основно јавно обвинителство отворило предмет во врска со случајот на Фатиме Сулејмани, односно за тоа дали некој друг гласал во нејзино име на избирачкото место 0396/1 во Гостивар, за што вчера расправаше и Државната изборна комисија по приговор од партијата Беса. Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, предметот е отворен по допрен глас, а врз основа на наводите изнесени на...

ДИК денеска ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи јавната седница на која Комисијата ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. „Државната изборна комисија ве известува дека во големата сала на ДИК (централа во Скопје, 4 кат), ќе се...

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола излегоа на улиците да ја чекаат одлуката на ДИК

Стотици членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ од Битола попладнево околу 16 часот се собраа пред зградата на општинскиот комитет на партијата, во центарот на градот, поради, како што велат, нивниот гнев од непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата. Портпаролката на битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марковска, вели дека членството и симпатизерите на партијата се собрале спонтано во исчекување...

ДИК утре ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

Државната изборна комисија (ДИК) за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Во ДИК сè уште го немаат утврдено времето кога ќе се одржи седницата и велат дека за тоа дополнително ќе информираат. „Државната изборна комисија известува дека седницата...

Руско МНР: Да нема надворешни влијанија при формирањето на новата влада

„Ги повикуваме сите политички партии во Македонија да ја почитуваат волјата на гласачите, да дејствуваат единствено во рамките на Уставот и да ги избегнат надворешните контрапродуктивни влијанија во врска со формирањето на новиот владин кабинет“, се вели во коментарот на министерството за надворешни работи на Руската Федерација во врска со предвремените парламентарни избори во Македонија. „Веруваме дека македонските политичари се...

Ахмети, Тачи, Касами и Села на постизборна средба со албанскиот премиер Рама

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со лидерите на албанските партии во Македонија, односно со претседателите на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијдин Села, а за денеска се закажани средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Средбите на Рама со лидерите на четирите партии следуваат два дена по...

Заев: Груевски не смее да формира влада

Режимот на Никола Груевски не смее да формира влада, истакна попладнево на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и ги повика партиите чии кандидати добиле пратенички манданти да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ за нова влада. - Поразивме режим со пенкало и со глас. Режимот не смее да формира влада. Ги повикувам сите партии што добија мандат од граѓаните, освен ВМРО-ДПМНЕ, да...

СДСМ: Првичните резултати на ДИК покажаа дека режимот на Груевски е поразен

Првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека режимот на Никола Груевски е поразен, дека граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени, се вели во реакцијата на СДСМ на првичните резултати од изборите и од симулацијата на пратенички мандати што синоќа ги објави ДИК. Од најголемата опозициска партија, која според ДИК освои 49 пратенички места...

Собрание на 31 декември, влада во февруари ако се чекаат крајните рокови

Ако новоизбраните пратеници ги чекаат крајните рокови предвидени со Уставот на државата, тогаш новиот собраниски состав ќе биде конституиран најдоцна до 31 декември, а новата влада најдоцна до средината на февруари следната година. Вака изгледа календарот за конституирање на Собранието и за формирање на новата влада: 31 декември – избраните пратеници се состануваат на конститутивна седница, која во случајов треба да...

Ѓорчев ѝ порача на ДИК да не помислува да ја фалсификува волјата на граѓаните

Крајно време е Државната изборна комисија (ДИК) да ги објави конечните резултати од парламентарните избори и крајно време е, по цела ноќ и цел ден, ДИК да ги објави мандатите, изјави попладнево на прес-конференција носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Влатко Ѓорчев. - Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ е победник. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има кристална јасна...

Коцијанчич: Одблиску ќе ги следиме изборите, тие се можност за нов почеток

Европската Унија одблиски ќе ги следи изборите в недела, а првата реакција околу исходот ЕУ очекува да ја има в понеделник, на 12 декември, попладне, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.­ - Во однос на тоа што ќе се случи како следен чекор, ние, се разбира, одблиску ќе ги следиме изборите, како што правевме и со целиот процес до изборите. Се...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...