fbpx
Таг: изборен законик

таг: изборен законик

ВМРО-ДПМНЕ со засилување на денешната рунда преговори

Со засилена екипа, ВМРО-ДПМНЕ денеска навреме пристигна на почетокот на преговорите на работните групи во Клубот на пратениците. Во тимот на владејачката партија се Илија Димовски, Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев и Билјана Бришковска-Бошкоски. На средбата, освен олеснувачот Питер ван Хојте, присуствуваат Дамјан Манчевски и Цветанка Илиева од СДСМ, Артан Груби и Фатмир Бесими од ДУИ и Беким Фазлиу и Имер...

Заев: Денеска финишираат преговорите за изборниот закон

Преговорите за изборниот законик ќе финишираат денеска, а веќе од утре би требало да биде отворено прашањето за состојбата во медиумите и за промените во МРТВ, изјави синоќа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по трибината во Охрид, насловена како „Визија за Македонија“. - На дневен ред се МРТВ, МИА, но и Агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги. МРТВ како...

Заев: СДСМ се бори за уставна еднаквост на гласот на дијаспората

СДСМ не е против дијаспората да гласа, туку се бори за уставна еднаквост на гласот, изјави лидерот на опозицискиот СДМС, Зоран Заев. - Нашиот предлог е да има цензус и да се бира пратеник со исто онолку гласови со колку што се избира во Македонија. Или, гласовите на нашинците коишто гласаат во дијаспората, да влезат овде во една изборна единица...

Тодоров: СДСМ сака дијаспората да гласа, но да нема свој пратеник

Главниот проблем на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино е инсистирањето на СДСМ дијаспората да нема свој пратеник во Собранието во Македонија, вели преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство Никола Тодоров за „А1Он“. – Тоа е прилично проблематично, особено поради фактот што изјавите се во смисла дека сепак тие се за дијаспората да гласа, но без да кажат дека...

Утре конечно договор за изборните закони?

Политичките партии и вчера не постигнаа напредок околу прашањата поврзани со изборните закони. По средбите на белгискиот олеснувач Питер ван Хојте со претставници на политичките партии, меѓу кои и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, немало приближување на ставовите, дознава „Мета“. Поради тоа Ван Хојте им дал уште еден ден рок да направат напори и...

Европската комисија апелира што поскоро да се усвои изборниот закон

Европската комисија не сака да коментира дали поактивно ќе се вклучи во решавањето на новиот ќор-сокак во кој навлегоа преговорите за изборниот закон, ниту, пак, дали е планирана посета на високи претставници или на еврокомесарот Јоханес Хан на Македонија. Портпаролката на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, на новинарско прашање ја повтори вчерашната изјава, притоа истакнувајќи...

ЕУ и САД бараат денеска да се договори изборниот закон

Мисијата на Европската унија во Македонија и Амбасадата на САД денеска излегоа со заедничка реакција во врска со пробивањето на рокот за договарање на законот за избори. И двете мисии го повторија ставот на Европската комисија, дека политичките партии уште денеска ќе мора да го затворат ова прашање. „Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на САД во Скопје жалат што партиите...

Коцијанчич: Законот е повлечен, а партиите побргу да се согласат за изборните реформи

Европската комисија денеска им порача на политичките партии во Македонија што поскоро да постигнат договор за изборниот закон. - Комисијата го разбира фактот дека партиите не успеале да постигнат договор за изборните реформи, но разговорите ќе продолжат денеска. Комисијата одблизу ќе го следи развојот на настаните и очекува партиите да постигнат договор што е можно поскоро – изјави Маја Коцијанчич...

Нема договор за изборниот пакет во предвидениот рок

Нема договор од синоќешната средба на работните групи за изборните закони, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови. И покрај напорите на белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, ниту една страна од преговарачките тимови не сакала да попушти за законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали.

Заев: Во интерес на земјата е да има една изборна единица

Прашањата поврзани со изборното законодавство, обврските за реализација на договорот од 2 јуни и од 15 јули за разврска на политичката криза и очекувањата од работата на Специјалното обвинителство, биле тема на разговор на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Ваутер Пломп, соопштуваат од СДСМ. На средбата, како што инфромираат од...

Британски експерт ќе ни ги решава проблемите со медиумите

„Интересна средба“, беше кусиот коментар на олеснувачот на преговорите на партиите потписнички на Договорот од Пржино, Питер ван Хојте, за денешните разговори за состојбата во медиумите. Како што дознаваме, двајцата претставници на владејачката структура во работните групи, Билјана Бришковска од Министерството за правда и Артан Груби од ДУИ, предвреме го напуштиле состанокот. Инаку, на почетокот на средбата, своја презентација за...

Заев: Промената на изборниот модел ќе влијае врз демократизацијата на извршната власт

Претседателот на СДСМ, Зoран Заев, изјави дека партијата ќе се обиде да издејствува промена на изборниот модел во следните две недели. Со него, ќе им се даде шанса и на помалите партии за да учествуваат на изборите. - Ние го ставивме на маса и се надеваме дека и другите политички партии, меѓународниот фактор, но и граѓанските организации ќе го држат во...

ДУИ до крајот на август очекува договор за изборниот закон и за специјалниот обвинител

Демократската унија за интеграција (ДУИ) очекува до крајот на август политичките партии да постигнат договор околу прашањата за изборниот закон и за специјалниот јавен обвинител и потоа со консензус да бидат усвоени во Собранието, по враќањето на опозцијата, на почетокот на септември, било истакнато на денешната средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и новоименуваниот амбасадор на Албанија во...

Трајанов бара измени во Изборниот закон и една изборна единица

Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска поднесе предлог-закон за измена и за дополнување на Изборниот закон, со кој се предлага пропорционален изборен модел, а Република Македонија да биде една изборна единица, пренесува „Утрински“. Со измените, според Трајанов, ќе се обезбеди парламентарен состав кој ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, ќе се стеснат можностиет за кршење на изборните...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...