fbpx
Таг: изборен законик

таг: изборен законик

Кривични пријави од СДСМ за Димитриев, Попоски, Тодоров и за Канческа-Милевска

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Кривичните пријави, како што соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ги поднесуваат бидејќи премиерот и тројцата министри во моментов истовремено ја извршуваат и функцијата пратеник во Собранието и...

ОБСЕ/ОДИХР: Нема време да се направат промени во изборниот законик на Албанија

Во документ на ОБСЕ/ОДИХР кој го објави националниот албански весник „Панорама“, се вели дека е доцна да се направат промени во Изборниот законик во Албанија. ОБСЕ/ОДИХР го одби барањето на Демократската партија за електронско броење на претстојните избори во јуни. ОБСЕ/ОДИХР исто така го одби барањето на партијата Социјалистичко движење за промена која предложи отворени листи. Во овој документ се...

Ако се договорат, ни Уставот не ги спречува партиите да ги поместат локалните избори

Според измените во Изборниот законик од јануари 2014 година, локалните избори во Македонија, наместо во втората половина на март, се одржуваат во првата половина на мај, но и оваа календарска одредница може да претрпи измени бидејќи прашањата околу локалните избори не се целосно уредени со Уставот туку со закон, кој го носи Собранието. „Изборите за членови на совет и за градоначалник се...

Социјалистите во Албанија бараат и порталите да бидат под надзор за време на избори

Членовите на албанскиот парламент од Социјалистичката партија бараат промени во изборниот закон на земјата со кои се предлага регистрација на интернет-порталите за време на изборната кампања. Со измените на законот, се бара на регулаторното тело за медиуми да му се овозможи да ги казнува порталите доколку шират пропаганда за време на избори. Социјалистичката партија преку предложените измени на изборниот закон бара...

Ад хок телото побара нови казни за медиуми поради непочитување на Изборниот законик

Ад хок комисијата за следење на медиумите на денешната седница донела одлука да поднесе барање до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за поведување прекршочни постапки против неколку телевизии и едно радио, поради прекршување на правилата за изборно медиумско претставување на политичките партии. „Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција - глоба, привремената комисија...

АВМУ: Телевизија „Нова“, „Алфа“ и „24 Вести“ го прекршиле Иборниот законик

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) при надзорот на изборното медиумско претставување на радиодифузерите, констатирала прекршување на Изборниот законик кај три телевизии, односно телевизија „Нова“, „Алфа“ и „24 Вести“. Од АВМУ посочуваат дека телевизијата „Нова“ прекршила два члена од Изборниот законик, емитувајќи платена програма на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Телевизијата го прекршила член 76, став 4, според кој радиодифузерите...

Тасева и Николов од утре ќе следат како партиите трошат пари за изборите

Претседателката на „Транспарентност Македонија“, Слаѓана Тасева, најави дека заедно со Центарот за економски анализи од утре ќе почнат да следат како партиите ќе ги трошат парите во предизборниот период, за изборите на 11 декември. Тие овој проект го најавија во јануари, по повод предвремeнитe избори во април, но по нивното одложување, проектот беше замрзнат. - Проектот беше замрзнат со одложувањето на...

По 21 ноември, Владата не смее да се расфрла со пари за патишта, училишта, канализации

Според Изборниот законик, изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите, а завршува 24 часа пред денот на гласањето. Кампањата трае само три недели за да се намалат трошоците и за да се создадат еднакви можности за независните кандидати. Од таа причина, во 2006 година од 30 на 20 дена беше скратена и изборната кампања за локалните избори. Додека не...

Ад хок телото со предлог за прекршочна постапка против телевизија „Алфа“

Со мнозинство од три наспроти два гласа, Привремената комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница даде предлог за поведување прекршочна постапка против телевизија „Алфа“. Предлогот се однесува на членот 75-б од Изборниот законик, кој регулира објавување прилози за активности на државните институции. Двајцата членови кои гласаа против предлогот најавија поднесување издвоено мислење. Адхок телото воедно отфрли неколку други предлози за...

Социјалистичката партија даде предлози за реформи на изборниот законик на Албанија

Додека специјалната комисија за изборните реформи сè уште не почнала да ги применува промените на изборниот законик, Социјалистичката партија на Албанија ги подготви своите предлози за измени во законската регулатива за изборите. Освен измените со кои им се овозможува да гласаат на албанските иселеници, Социјалистичката партија побара половична или целосна деполитизација на работата на второ и на трето ниво, но...

Шекеринска: За Македонија најдобро е да биде една изборна единица

За Македонија најдобро е да биде една изборна единица, рече денеска заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање за иницијативите до Уставен суд за оценување на уставноста на одлуката за распишување на изборите. - Сметаме дека ова прашање може многу лесно да се коригира и затоа уште еднаш повторуваме дека за Република Македонија, најдобро решение е целата држава...

Села бара Македонија да биде една изборна единица

Македонија да биде една изборна единица и да се избираат пратеници по пропорционалниот модел. Ова е ставот на Движењето за реформи на ДПА, што денеска на прес-конференција во Тетово го соопшти претседателот Зијадин Села. Тој истакна дека сега е моментот да се исправи неправдата со големата разлика на гласови во шесте изборни единици. - Сега, кога се актуелни измените во законот за...

На изборите ќе нè прскаат со „уставниот спреј“, а не со „неуставното мастило“

На денот на изборите на 11 декември, граѓаните на избирачките места повторно ќе бидат обележувани со невидлив спреј на палецот на десната рака, како начин да се спречи двојно гласање, наместо со црно мастило, како што беше на претседателските и на предвремените парламентарни избори во 2014 година. Трагите од овој спреј се видливи само под светлината на специјална ултравиолетова ламба, со која ќе...

Заев со писмо до АВМУ: Сменете го текстот на методологијата зашто кршите закон

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска испратил писмо до Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) во кое бара да се измени нацрт-текстот на методологијата за надзор на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори во Македонија, информираат од партијата. Како што се вели во соопштението, Заев посочил дека одредбата за утврдување баланс во...

Утре ќе се избира петтиот член на ад хок телото за медиуми

Членовите на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, утре на седница ќе го избираат петтиот член кој е потребен за телото да може да почне да работи, велат за „Мета“ членови на ад хок телото. Како што е пропишано во Изборниот законик, петтиот член на телото мора да биде Албанец и тој се избира преку јавен...

За „спорниот“ избирачки список ДИК ќе расправа во вторник на јавна седница

Денеска истекува рокот за пријавување на спорните гласачи во избирачкиот список и тој ќе се разгледува на јавна седница во вторник, велат за „Мета“ од ДИК. Од Комисијата додаваат дека продолжување на рокот за увид и пријавување во избирачкиот список нема да има, освен ако Собранието не изгласа измени во Изборниот законик. - Ние немаме никаква надлежност да го продолжуваме рокот...

Спорните гласачи ќе можат да се пријават во ДИК од денеска до 19 август

Државната изборна комисија денеска на својата веб-страница ќе ги објави имињата и презимињата на спорните 39.502 гласачи и тие ќе имаат рок од 25 дена да се запишат на избирачкиот список, одлучи Комсијата на денешната седница. Запишувањето ќе се врши лично, со приложување на важечка лична карта или пасош во подрачните канцеларии на ДИК и во канцелариите на Управата за...

Пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик

Пратениците синоќа со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Измените во Изборниот законик се дел од најновиот договор што четирите партии го постигнаа во средата заради излез од политичката криза. - Законот е...

Вељаноски закажа собраниска седница во 20.30 часот

Спикерот на Собранието, Трајко Велјаноски, закажа седница на собранието во 20.30 часот на која треба да се расправа за измените на Изборниот законик. Рокот за гласање на измените на Изборниот законик, според договорот кој партиите го постигнаа пред два дена, истекува денеска на полноќ. Пратениците се договорија на собраниската седница да биде ставен единствено предлогот за измените на Изборниот законик, а...

Партиите запнаа со измените на Изборниот законик што ги договорија пред два дена

Координацијата во Собранието на која требаше да се прецизираат измените на Изборниот законик, кои во средата ги договорија претставниците на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, денеска беше двапати откажана, а пратениците заминале на работен состанок во Министерството за правда, јавува „Телма“. Политичките партии, два дена по постиганиот договор, според информациите, запнале околу деталите од измените на Изборниот...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...