fbpx
Таг: изборен штаб

таг: изборен штаб

(Галерија) Времено прекинат сообраќајот во строгиот центар на Скопје, се отвара предизборен штаб

Денеска полицијата го блокираше сообраќајот во строгиот центар на главниот град поради отворање на предизборен штаб на една политичка партија. Од МВР за сега нема информации во однос на времетраењето на прекинот на сообраќајот. Погледнете ја галеријата:

Игор Јанушев избран за шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучил генералниот секретар Игор Јанушев да биде избран за шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори, информираат од опозициската партија. Извршниот комитет го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб. На седницата бил анализиран досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со...

Кирацовски избран за шеф на Изборниот штаб на СДСМ за изборите

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, е избран за шеф на изборниот штаб за претстојните претседателски избори, информираат од владејачката партија. Од таму додаваат дека изборниот штаб, заедно со останатите политички партии што го поддржуваат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, е подготвен да организира позитивна, принципиелна, мирна и достоинствена изборна кампања во духот на демократските и европските вредности. „Политичките партии...

Приврзаници на чешкиот претседател Земан ги нападнаа новинарите по изборната победа

Чешката полиција поведе истрага откако редарите и симпатизерите на чешкиот претседател Милош Земан ги нападнаа новинарите во неговиот изборниот штаб по победата во вториот круг од претседателските избори во земјата. Редарите и симпатизерите синоќа со тупаници ги напaднаа акредитираните новинари, турнаа и скршија камера на чешката приватна телевизија „ТВ Нова“ и ги навредуваа медиумските работници. Нападот се случи во хотелот ТОП...

Починал носителот на независна листа што беше застрелан во Кичево

Носителот на независна листа на советници во Кичево, 40-годишниот Алит Абази, кој на 27 септември во центарот на Кичево беше застрелан, утрово починал на КАРИЛ во скопскиот Клинички центар. Абази од ранувањето беше во критична состојба на интензивна нега, поради сериозни повреди на абдоминалните органи и на ’рбетот. Врз Алит Абази, како и Дестан Абдиу, шеф на неговиот изборен штаб, и...

Искршен штаб на ДУИ во Скопје Север

Изборен штаб на ДУИ во населбата Скопје Север бил оштетен од засега непознат сторител, извести СВР Скопје. Штабот  се наоѓа на улицата Тале Христов, а биле искршени две стакла од излогот и стаклена врата. Во полиција случајот бил пријавен вчера во 15.25 часот. СВР Скопје вели дека се работи на откривање на сторителот.

Само половина кампања, а цела серија инциденти, крв, насилства…

Предизборната кампања за локалните избори е веќе на половина, а е силно обележана со насилство, крв, солзи, палки, куршуми и со демолирање изборни штабови. Во најновиот случај, Елвис Бајрам, актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, и Аднан Мемет, шеф на неговиот изборен штаб, вчера изеле ќотек во населбата Шуто Оризари. Според тоа што го кажаа, четири непознати лица физички го нападнале прво...

Искршени стакла на изборен штаб на Беса во Скопје Север

Ноќта меѓу саботата и неделата биле искршени две стакла на излогот на изборниот штаб на Беса на улицата Тале Христов во скопската населба Скопје Север и биле искинати шест плакати, соопшти СВР Скопје. Настанот  бил пријавен вчера. Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.

Заев во Прилеп најави општински дебати и пријателска кампања

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска во Прилеп најави новост во кампањата на неговата партија - општински дебати. Првата ја отвори денеска напладне, во градот под Марковите кули, и порача дека со тоа кампањата на СДСМ и на коалицијата добива „нов модерен стил и формат“. - Драго ми е што, еве, денеска почнуваме со еден нов модерен стил...

Искршен излог на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Искршен излог на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ на улицата Моша Пијаде во Кавадарци бил пријавен вчера претпладне во полициската станица во градот.  Како што извести МВР, стаклото било искршено со камен во периодот од завчера вечерта до вчера наутро. По сторителот се трага.

ДУИ ја почнува предизборната кампања, во фокусот ќе бидат гласачите од дијаспората

Демократската унија за интеграција (ДУИ) како дел од албанскиот политички блок ќе освои најголем број гласови и демократски е таа да биде дел од новата влада. Ова денеска го изјави шефот на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири, откако лидерот на партијата, Али Ахмети, во партиското седиште во Мала Речица, одржа состанок со централниот изборен штаб, општинските изборни штабови...

Пратеникот Зоран Илиоски ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Зоран Илиоски, како нов претседател на општинскиот изборен штаб за престојните парламентарни избори, веќе ги презел сите работи во свои раце и ставил свои луѓе на клучни позиции, дознава „Мета“. Досега беше практика локалното раководство на партијата да го води општинскиот изборен штаб и активностите пред избори. Но, овојпат, централата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје...

Никола Тодоров ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за здравство и член извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, ќе биде шеф на изборниот штаб на партијата на претсетојните предвремени парламентарни избори. Ова Тодоров денеска го изјави при отварањето на нов дерматовенеролошки специјалистички кабинет при поликлиниката Драчево. Тодоров беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и на локалните избори во 2013 година, а на парламентарните и на претседателските избори...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...