fbpx
Таг: изборен процес

таг: изборен процес

До пладне излезноста на изборите во Србија била 21,3 отсто, констатирани се и неправилности

Денеска во Србија се одржуваат парламентарни и покраински избори, како и избори за советници во 65 локални самоуправи, меѓу кои и Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, избирачките места биле отворени во 7 часот, а се затвораат вечерва во 20 часот. До пладне, своето право на глас го оствариле 21,3 отсто од граѓаните. Како што информира „Н1“, набљудувачите на Центарот...

„Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), втората панел дискусија ќе се фокусира на Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес. Оваа сесија го истражува влијанието на напливот...

Џафери: До Нова година партиите да го договорат датумот за избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите. Тој денеска пред новинарите во селото Форино, кажа дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое...

Григорјан: Сите општествени фактори да се обединат во борбата против дезинформациите

Ширењето дезинформации и лажни вести, манипулирањето со фактите и искривувањето на реалноста стана секојдневие. Имајќи ја предвид изложеноста на граѓаните на дезинформации, како и претстојните избори во земјата, неопходно е да се работи на позитивни практики за креирање поголема општествена отпорност на погрешните информации, заклучија учесниците на денешната панел дискусија насловена „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик...

Мијалков спроведен во Кривичен суд за делото „Титаник 2“

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од затворот во Струга, во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Рочиштето беше закажано за 22 декември, но заради техничка грешка во комуникацијата на судот со затворот, Мијалков не беше спроведен. Тој се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година. За...

Денеска гласаат болните од ковид-19 и лицата во самоизолација

Болните од ковид-19 и граѓаните што се наоѓаат во самоизолација денеска ќе можат да го остварат правото на глас на предвремените парламентарни избори. Денешното гласање ќе се одвива на ист начин како што гласаат болните и немоќни лица, односно избирачките одбори ќе ги посетат домовите на лицата во карантин и самоизолација. Право на глас имаат само оние лица што...

Комисијата за заразни болести го утврди протоколот по кој би се одвивал изборниот процес

Комисијата за заразни болести го утврди протоколот на кој начин да се одржат активностите на партиите за време на изборниот процес во услови на присуство на корона вирусот, како и за денот на гласањето, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Овој протокол произлегува од генералните препораки кои се на сила, односно носење на заштитна опрема и почитување...

СДСМ бара избори веднаш по стабилизирањето на епидемијата, ВМРО-ДПМНЕ против

Фото: Борче Поповски
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција информираше дека владејачката партија очекува парламентарните избори да се организираат веднаш по стабилизирањето на епидемијата со корона вирусот. Тој посочи дека ова е заклучокот од одржаната онлајн координација на шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ. - Веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти дека брзо ќе се случи,...

Џафери честиташе за европскиот начин на гласање, во мирна и демократска атмосфера

Ме радува фактот што атмосферата е мирна и што граѓаните имаат можност да гласаат европски, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој денеска гласаше во родното Форино, Гостиварско. -  Тоа е придобивка на политичкиот систем во Македонија, со која граѓаните ја изразуваат нивната слободна волја. Се надевам дека до крајот на денот ќе биде вака како што и почна изборниот...

ОЈО во Битола, Скопје и во Кочани водат истраги за шест случаи поврзани со изборите

Основните јавни обвинителства во Битола, Кочани и во Скопје почнале предистражни постапки за шест случаи за извршени кривични дела поврзани со изборниот процес. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, еден од случаите е во Основното јавно обвинителство Битола, два се во ОЈО Кочани и три во ОЈО Скопје. „Делата за кои се водат постапките се однесуваат на поткуп при избори и...

Груевски го информирал Бјорнстад за нарушување на предизборниот процес

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретнал со амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, Арне Санес Бјорнстад. На средбата, како што информираат од партијата, се разговарало за актуелната состојба во државата и за стратешките интереси на Македонија. Груевски го запознал својот соговорник со актуелната политичка состојба и со одвивањето на предизборниот процес. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нотирал прекршувања и нарушувања кои, како...

Јавното обвинителство формираше Комисија за следење на изборни нерегуларности

Јавното обвинителство на Република Македонија формираше привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности за претстојното спроведување на локалните избори, закажани за 15 октомври 2017 година. Комисијата ќе треба да постапува по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од глава 16 од Кривичниот законик – кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои...

Заев – Гловер: Ќе има строги санкции за секој што ќе ја наруши регуларноста на изборите

Не смееме да дозволиме поради изборни нерегуларности да ги доведеме во прашање нашите евроатлантски аспирации, на кои работевме многу во изминатите неколку месеци, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори, Одри Гловер. Заев посочил дека ќе има строги санкции за секој поединец или организација што ќе се осмелат да се...

Косово дозволи Србите што живеат таму да гласаат на претседателските избори

Србите кои живеат во Косово ќе може да гласаат на 20 избирачки места на целата територија, за претседателските избори во Србија кои се одржуваат утре, пишува весникот пишува „Коха диторе“. Изборниот процес ќе се одвива како и во Србија, но пребројувањето на гласовите нема да се врши во Косово. Информацијата ја потврдил и заменик-министерот за локална самоуправа и советник на премиерот Иса...

Бејли: Идната влада и опозицијата да работат конструктивно во спроведување на реформите

Американската амбасада ги поздрави прелиминарните заклучоци на ОБСЕ дека фундаменталните права на изборите генерално биле почитувани, излезеноста била голема, а изборите биле спроведени на мирен и регуларен начин со неколку случаи на неправилности. - Ние ја истакнавме загриженоста на набљудувачките тимови за административните подготовки на изборите и ја повикуваме следната влада да работи на подобрување на капацитетите на ДИК и...

„Мост“ промовира нова алатка за пријавување нерегуларности за изборите

Граѓанската асоцијација „Мост“ креираше уште една алатка со која ќе им овозможи на граѓаните поедноставно да пријават нерегуларности за време на изборниот процес. - Од денес е активна платформата http://neregularnosti.most.org.mk/ преку која секој граѓанин ќе може самостојно да пријави притисоци, инциденти, проблеми со избирачкиот список, говор на омраза и други прекршоци поврзани со изборниот процес - се вели во соопштението на...

Иванов: Не важно кој ќе победи на изборите, важно е тоа што следува по нив

За разлика од пред пет години, кога граѓаните сплотени и единствени ја прославуваа 20-годишнината од независноста на државата, овој јубилеј (25-годишнината од независноста) нè затекна раскарани и поделени, со меѓусебна недовреба и со омраза, истакна синоќа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во својот говор на свечената академија во Македонскиот народен театар по повод Денот на независноста. Иванов, правејќи осврт на предизвиците...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...