fbpx
Таг: ИзбирачкиСписок

таг: ИзбирачкиСписок

На избирачкиот список ќе има и фотографии од гласачите?

На избирачкиот список ќе има фотографии од гласачите, а со тоа ќе се спречи еден гласач да гласа двапати. Ова е едно од прашањата за кои се согласиле партиите на вчерашните средби на работните групи, информираат од СДСМ. Од партијата велат и дека во предлогот за изборниот законик пишувало дека ќе има неограничена теренска проверка на избирачкиот список, секаде каде...

Денеска нов обид за усогласување на ставовите за изборното законодавство

По еден ден пауза, денеска, во Клубот на пратеници, се очекува да продолжат разговорите за изборното законодавство и за избирачкиот список. Како што најавија вчера членови на опозицијата, денеска се очекува странците да достават готова верзија на изборниот законик, а партиите да се изјаснат. Иако од партиите информираат дека поголемиот дел прашања се затворени, тие сè уште не можат да постигнат...

Ако нема заеднички закон, Талат Џафери повторно ќе го поднесе истиот

Aко до 20 октомври не се донесе заеднички закон за „бомбите“, Талат Џафери повторно ќе го поднесе својот закон во собраниска процедура, а целосна поддршка ќе има од коордираторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, информираше денеска пратеникот Илија Димовски. Претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, негираат дека се виновни за застојот во работата на работните групи. Од партијата брифираат дека од 80...

Работните групи ќе се договараат за избирачкиот список

Работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, денеска, повторно во Клубот на пратеници ќе се обидат да најдат решение за спорните точки поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година. Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се...

Изборна математика: 3+3+3 за ДИК и 2+2 за Избирачкиот список

Работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, денеска ќе немаат средба, а продолжуваат утре со прашањата околу Избирачкиот список и гласањето на дијспората. Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се бираат по формулата 3+3+3, односно тројца членови да...

Работните групи се договорија за изборот на членови на ДИК

Работните групи на политичките партии потписници на Договорот од Пржино денеска постигнаа договор за избор на членови на ДИК. Тие го прифатиле предлогот на СДСМ, составот на ДИК да биде оформен по формулата 3+3+3, односно тројца членови предложени од опозицијата, тројца од власта и тројца експерти избрани со двотретинско мнозинство од парламентот, дознава „Мета“ од извори од работните групи. Како што...

Изборен законик, ДИК, дијаспора: Што бараа, а што ќе договорат партиите?

По завршувањето на последната средба на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино во делот за  околу изборното законодавство, ДИК, избирачкиот список, гласањето на дијаспората, неофицијални извори од преговарачки тимови брифираа дека е постигнат „некаков напредок“ за избирачкиот список и дека денеска би можело и да се очекува официјална изјава од преговарачките тимови. Во меѓувреме во медиумите се појавија низа...

Ибраимоски: Казна од 1.000 евра за оние кои нема да гласаат на избори

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимоски, смета дека ако се воведе казна за секој оној што е внесен во Избирачкиот список, а нема да излезе да гласа, нема да има можност за манипулации со гласовите на оние кои не излегле на избори, пишува „Фокус“.  Неговата партија предлага казната да биде во висина од 1.000...

Утре конечно договор за избирачкиот список, за ДИК и за дијаспората?

Договор меѓу политичките партии потписници на Договорот од Пржино најверојатно ќе има утре, дознава „Мета“ од извори во работните групи. Прашањето за избирачкиот список е речиси договорено. Има само мали несогласувања околу начинот на гласањето на дијаспората. Граѓанската организација МОСТ била повикана на денешната средба на работните групи за да направи презентација на можноста за активна регистрација на гласачите. - Бевме само повикани...

Работните групи почнаа со крчкање на Избирачкиот список

Почна средбата на работните групи во Клубот на пратениците во Скопје, на која би требало да има конкретен прифатлив предлог за сите партии потписници на Договорот од Пржино. Според последните информации, ставовите на партиите се приближуваат и се очекуваат конкретни предлози и почеток на конструктивниот дел околу завршување на прашањето за избиркачкиот список, ингеренциите и составот на Државната изборна комисија...

Ќе се прави нов избирачки список, регистрација со отпечаток од прст

Средбата на работните групи во Клубот на пратеници сè уште трае, а неофицијално се дознава дека се разговара за активна регистрација со отпечаток на прст на гласачите за следните парламентарни избори, кои треба да се одржат во април идната година. Според неофицијални информации, тоа значи неколку месеци пред изборите граѓаните да се регистрираат, со што би се создал нов избирачки...

Средбата на работната група за Договорот од Пржино се одржува во Клубот на пратеници

Средбата на работната група за Договорот од Пржино се одржува во Клубот на пратениците. Местото е променето во последен момент, а првично средбата требаше да се одржи во просториите на ОБСЕ во Скопје. Од канцеларијата на ОБСЕ во Скопје тврдат само дека до нив стигнала информација дека  средбата нема да се одржи кај нив, но и тие не ја знаат...

Првиот состанок на работната група за Пржино – неформален и информативен

Околу два часа траел првиот состанок на работната група, составена од претставниците на четирите најголеми политички партии со експерти од ОБСЕ, на кој, како што пренесуваат медиумите, се разговарало за модалитетите и се изнесувале компаративни искуства во повеќе земји за тоа како да се прочисти избирачкиот список. Сепак, на средбата, која се одржа во седиштето на мисијата на ОБСЕ во...

Од денеска почнува увидот во Избирачкиот список

Од денеска жителите на општината Центар ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список. Проверката ќе можат да ја направат со валиден документ за идентификација во барака 1, соба број 10 во Општината Центар. Работното време е од 8.30 до 19 часот. Оние граѓани кои се заведени во Избирачкиот список ќе можат да гласаат на референдумот за изгледот на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...