fbpx
Таг: избирачки список

таг: избирачки список

ДИК: Избирачкиот список е заклучен, може да се пребарува само со матичен број

Во апликацијата на ДИК за проверка на граѓаните во избирачкиот список, единствената активна можност за пребарување на избирачите од вчера е само преку матичниот број на граѓаните. Дополнителните две опции за пребарување, преку адреса и име и преземе, повеќе не се активни. Од ДИК за „Мета“ велат дека избирачкиот список за предвремените парламентарни избори в недела, на 11 декември, е...

ДИК имала технички проблеми со апликацијата за проверка на граѓаните во избирачкиот список

Државната изборна комисија вечерва соопшти дека во текот на денешниот ден имале одредени технички проблеми со апликацијата за проверка на граѓаните во избирачкиот список. „Информираме дека апликацијата за проверка на податоците во избирачкиот список за граѓаните кои ќе гласаат во избирачките места на територијата на Република Македонија веќе е функционална и достапна. Во текот на утрешниот ден ќе биде достапна...

ДИК: Изводите од избирачкиот список ќе содржат и лични фотографии од гласачите

Државната изборна комисија денеска соопшти дека се преземени сите потребни законски мерки за почитување на сите рокови за спроведување на изборните дејства, како и техничко-организациски мерки за спречување на евентуалните неправилности во процесот. - Гласачките ливчиња и изводите од избирачкиот список се во фаза на подготовка за печатење, заедно со другиот доверлив изборен материјал, кој до општинските изборни комисии ќе се...

ВМРО-ДПМНЕ: Избирачкиот список е доказ за лагите на СДСМ за 500.000 фантомски гласачи

Заклучувањето на Избирачкиот список со вкупниот број гласачи за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, покажа дека СДСМ цели две години ја лажеше и ја манипулираше македонската јавност дека имало половина милион фантомски гласачи, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Измислените половина милион фантоми беа главниот аргумент на СДСМ да ја оспорува волјата на народот од изборите во 2014 година и...

Заклучен избирачкиот список, право на глас имаат 1.784.416 граѓани

Државната изборна комисијата денеска го заклучи избирачкиот список за претстојните предвремени парламентарни избори и го одреди изгледот на избирачкото ливче. Според избирачкиот список, на изборите кои се закажани за 11 декември право на глас ќе имаат 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски соопшти дека во изборните единици во Македонија ќе гласаат 1.531.368 граѓани, додека на посебниот...

ДИК денеска најави заклучување на избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска закажа седница на која треба да го заклучи избирачкиот список и да го усвои изгледот на избирачкото ливче. Покрај овие точки, според дневниот ред, на седницата на ДИК ќе се одлучува и за тоа како ќе гласаат лицата кои се во куќен притвор и лицата кои се членови на избирачките одбори што го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно...

На СОС-линијата граѓаните се жалат дека ДИК и МВР си играат пинг-понг со нивните пријави

Од денот на ставањето на избирачкиот список на јавен увид, граѓаните активно се јавуваат да укажат на проблеми со избирачкиот список на СОС-линијата за пријавување изборни нерегуларности (0800 88 888) овозможена од граѓанската акција „Ние одлучуваме“, информираат од граѓанската иницијатива. - Граѓаните што ни се јавија се пожалија дека откако ги пријавиле грешките во избирачкиот список во Државната изборна комисија, оттаму...

„Цивил“: Фантомските гласачи смениле адреса на живеење

Невладината организација „Цивил“ смета дека ревизијата на избирачкиот список не дава резултати. Како што информираа денеска на прес-конференција, во повеќе од 200 случаи на фантомски гласачи чии податоци биле доставени до невладината организација, тие забележале дека само два случаи се решени, односно податоците се коригирани. - Уште позагрижувачки се случаите кога фантомските гласачи се тргнати од одредени адреси, за потоа на...

Македонските државјани во странство од денеска може да се пријавуваат за гласање

Пријавувањето за гласање на македонски државјани што живеат во странство може да почне денеска зашто Државната изборна комисија (ДИК) има подготвено посебна апликација, соопштија вчера од Комисијата. Пријавувањето на овие граѓани ќе трае до 11 ноември. Државната изборна комисија на вчерашната седница го усвои роковникот за извршување на изборните дејства, откако ја доби одлуката за распишување предвремени парламентарни избори на...

ДИК за кусите рокови: Нема „дали можеме“, мораме да ја завршиме работата со изборите

Доколку политичките партии опстојат на датумот за избори на 11 декември, последниот датум кога Собранието треба да се распушти е 27 октомври за да може предвремените избори за пратеници, според Уставот, да се одржат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Откако ќе му престане мандатот на овој пратенички состав, почнуваат да течат роковите и за организацијата...

Суомалаинен: Добри мерки се презедоа за да се осигури веродостојноста на избирачкиот список

„Мислам дека се презедоа добри мерки за да се осигури дека избирачкиот список е веродостоен. Избирачкиот список секогаш треба да ја рефлектира актуелната ситуација, не ситуацијата од пред пет или 10 години, туку кога луѓето навистина живеат. Во многу земји тоа се прави автоматски“, вели шефицата на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Во однос...

Села бара Македонија да биде една изборна единица

Македонија да биде една изборна единица и да се избираат пратеници по пропорционалниот модел. Ова е ставот на Движењето за реформи на ДПА, што денеска на прес-конференција во Тетово го соопшти претседателот Зијадин Села. Тој истакна дека сега е моментот да се исправи неправдата со големата разлика на гласови во шесте изборни единици. - Сега, кога се актуелни измените во законот за...

ДИК: Вкупно 1.770.736 гласачи со право на глас за изборите во декември

Вкупно 1.770.736 граѓани имаат право на глас на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември оваа година, соопштија од Државната изборна комисија. За разлика од претходните парламентарни избори што се одржаа во 2014 година,  оваа година има 9.392 гласачи помалку. Намалување на бројот на гласачи има во првата и во втората изборна единица, односно речиси 8.000 гласачи помалку има...

ДИК: Избирачкиот список е прочистен и конечен

Државната изборна комисија денеска соопшти дека избирачкиот список е конечен, односно дека завршил процесот на неговото прочистување. „ДИК заклучи дека во законскиот рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување, во согласност со објавениот јавен повик, не беше поднесено барање од три или повеќе члена на Државната изборна комисија за дополнителна проверка за кое било од лицата што се...

Состанок на ДИК за спорните гласачи

Денеска истекува рокот во кој Државната изборна комисија (ДИК) треба да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи, откако на 19 овој месец истече рокот во кој тие имаа можност сами да се пријават до Комисијата. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски изјави дека денеска членовите на Комисијата ќе одржат состанок на кој треба да решаваат за ова...

Втор рок за пријавување за спорните гласачи по распишување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) ќе го стави на јавен увид избирачкиот список 15 дена по распишувањето на предвремените параламентарни избори, изјавија од Државната изборна комисија за sdk.mk. На тој начин, како што велат од ДИК, како и сите останати граѓани со право на глас, така и се уште непријавените гласачи меѓу преостанатите 30.580 спорни, ќе може да се пријават електронски...

Манчевски: Целта не е од избирачкиот список да се избришат реални гласачи

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ денеска во Јегуновце одговарајќи на новинарско прашање зошто првичната бројка од 300.000 спорни гласачи се намалува на 39.000 рече дека сите бројки на спорни гласачи кои излегоа во Државната изборна комисија, се резултат на анализите на ДИК. - Она што за нас е важно, е дека прво на списокот за гласање ќе ги има фотографиите на...

За „спорниот“ избирачки список ДИК ќе расправа во вторник на јавна седница

Денеска истекува рокот за пријавување на спорните гласачи во избирачкиот список и тој ќе се разгледува на јавна седница во вторник, велат за „Мета“ од ДИК. Од Комисијата додаваат дека продолжување на рокот за увид и пријавување во избирачкиот список нема да има, освен ако Собранието не изгласа измени во Изборниот законик. - Ние немаме никаква надлежност да го продолжуваме рокот...

Во ДИК до денеска се пријавиле 6.984 спорни гласачи

Вкупно 6.984 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија од таму. Од нив, 3.015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.969 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија. Најмногу граѓани со...

Во ДИК до денеска се пријавиле 6.181 спорни гласачи

Вкупно 6.181 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија од таму. Од нив, 2.743 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.438 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија. Најмногу граѓани со...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...