fbpx
Таг: избирачки список

таг: избирачки список

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти денеска Државната изборна комисија. „Исклучок од ова е пријавувањето на гласачите во дијаспората. Поради технички проблеми со интернет страницата www.dijaspora.sec.mk, кој траеше од 17 март 2024 година од 24 часот до...

ДИК: Граѓаните да се проверат во Избирачкиот список, увидот трае до понеделник

Заклучно со вчерашниот ден, четврток, 14 март, вкупно 4.859 лица извршиле увид на своите податоци во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), информираа од таму. Притоа, барање за промена на податоците поднеле седум лица, 19 поднеле барање за запишување на своите податоци, а 5 лица поднеле барање за бришење на податоци од Избирачкиот...

ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се впишани во Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) ги повика сите граѓани на Република Северна Македонија да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список. Граѓаните можат да извршат увид во своите податоци по електронски пат, на https://www.sec.mk/ или https://izbirackispisok.gov.mk/, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Барањето за бришење, запишување или промена на податоци во Избирачкиот список се поднесува лично, преку писмен поднесок во подрачното...

Даштевски: Лицата што ќе се затекнат во кругот на избирачките места ќе гласаат и по 19 часот

Поради застојот предизвикан од нефункционирање на некои од електронските читачи на отпечатоци од прст, Државната изборна комисија (ДИК), донела едногласна одлука секој што до 19 часот ќе биде во кругот на избирачкото место, вклучително и дворот на училиштата, градинките, или објектите во кои се врши гласањето, да може да го оствари своето гласачко право и по официјалниот крај на...

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

Граѓаните денеска до полноќ ќе може да извршат увид во Избирачкиот список и да побараат дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија (ДИК). Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври. Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за...

На 15 јули во некои општини ќе се гласа и во спортски сали и приватни објекти

Фото: Борче Поповски
Завршени се сите потребни активности околу обработката на податоците и Државната изборна комисија (ДИК) во среда ќе го заклучи Избирачкиот список за претстојните парламентарни избори на 15 јули. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека на овие избори ќе можат да гласаат околу 1.814.000 граѓани. Избирачкиот список е прочистен и во него се впишани сите полнолетни граѓани, а точниот...

Студентите избраа свои претставници во рамки на факултетите

По повеќе од три години, УКИМ распиша и спроведе избори за студентски претставници преку кои гласот на студентите ќе биде слушнат во рамките на факултетите и универзитетот. Младински образовен форум во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики спроведе мониторинг на студентските избори на УКИМ. Тим од 25 набљудувачи помина обука за набљудување и беше присутен...

Последен ден од кампањата, од полноќ изборен молк

Фото: Борче Поповски
Кандидатите за претседател на државата, Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова и нивните тимови до денеска на полноќ ќе имаат можност да ги убедуваат гласачите да им го дадат својот глас во вториот круг на претседателските избори в недела. Од полноќ се до 19 часот в недела ќе трае изборниот молк, во кој е забрането какво било агитирање. Гласачките места в недела,...

Река: Резултатот на изборите ги надмина нашите очекувања

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река, кој отпадна од претседателската трка, ги оцени изборите како фер, слободни и демократски, а нагласи дека нема доволна излезеност поради неажурираниот избирачки список, кој брои околу 1,8 милиони гласачи, но, како што рече Река, од земјава се иселени повеќе од 250.000 лица и реалниот број на гласачи е околу...

ДИК утре ќе го дистрибуира изборниот материјал до општинските комисии

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе го дистрибуира доверливиот изборен материјал до Општинските изборни комисии (ОИК). Материјалот ќе се дистрибуира од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола.

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

Ноќеска на полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дијаспората. На овој датум завршува и поднесувањето на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список. Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, во време од 08.30 до 19 часот, вклучувајќи ги...

Увидот во Избирачкиот список ќе се прави до 14 март

Увидот во Избирачкиот список што почна во саботата, 23 февруари, ќе се прави до 14 март, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во сите подрачни единици на ДИК и преку интернет, секој ден во седмицата, па и во викендите и празниците, во периодот од 8.30 до 19 часот. Последниот ден, 14 март, увидот ќе...

Бошњаковски: Примарна цел на Владата е да обезбеди двотретинско мнозинство

Собранието и сите политички партии треба да ја следат волјата на граѓаните искажана на референдумот. Процесот во моментот е во Собранието и интенцијата е да се обезбеди двотретинско мнозинство, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со информациите објавени во некои медиуми дека нема да има средба меѓу премиерот Зоран Заев...

Завршува увидот во списокот и пријавувањето на иселениците за гласање на референдумот

Јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците за гласањето на референдумот на 30 септември завршува вечер на полноќ. До вчера напладне беа пријавени вкупно 2.060 граѓани за гласање во нашите дипломатско-конзуларни претставништва. Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана...

Најголем интересот за гласање во Берн

Најголем број пријавени македонски граѓани за гласање на референдумот во некоја од амбасадите и конзулатите на Македонија има во Берн - 170 запишани избирачи. Втора е Љубљана - во македонската амбасада таму на референдумот ќе гласаат 137 македонски државјани, објави Државната изборна комисија (ДИК). Според податоците до 12 часот денеска, преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до ДИК стасале 1.725 пријави од...

МОСТ: Граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет-страницата http://izbirackispisok.gov.mk. Увидот во Избирачкиот список за претстојниот референдум трае до 23 август. Од МОСТ информираат дека како и на сите изборни процеси, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните ќе можат да пријавуваат...

До 13 часот 542 пријавени за гласање во амбасадите

Заклучно со денеска до 13 часот, преку веб апликацијата dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 542 пријави од граѓани за гласање на референдумот во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Македонија во странство, соопштија од ДИК. Од тие пријави, 473 се прифатени, девет се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се поднесени за гласање во Лондон -...

ДИК: Избирачкиот список не е идеален и ќе се прочистува до 7 септември

Стручната служба на Државната изборна комисија (ДИК) континуирано го прочистува избирачкиот список и кога нема изборни циклуси, а на 7 септември треба да биде завршено ажурирањето на избирачкиот список, и според таа верзија ќе се гласа на референдумот на 30 септември, соопштија од ДИК на денешната седница. Од вчера до денеска пред 13 часот во подрачните канцеларии на ДИК увид...

„Цивил“: Починати лица и фантоми и натаму фигурираат во Избирачкиот список

Фантомски гласачи, починати лица со право на глас, лица регистрирани на погрешна адреса. Избирачкиот список е далеку од прочистен, велат од граѓанската организација „Цивил“. До нив уште во првиот ден од јавниот увид пристигнале низа пријави за недоследности. Но најголем проблем, според „Цивил“, е лавиринтот во кој ќе се заглават граѓаните доколку сакаат да го пријават случајот. Затоа организацијата...

Во избирачкиот список има 1.805.707 гласачи

Бројот на гласачи во избирачкиот список е 1.805.707, а јавниот увид ќе трае до 23 август, информираше денеска Државната изборна комисија. По завршувањето на јавниот увид, а најдоцна до 7 септември, ДИК ќе го заклучи избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид и оттаму очекуваат бројката од 1.805.707 гласачи да се промени. Јавниот увид ќе се...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...