fbpx
Таг: ИВЗ

таг: ИВЗ

Со рамазанскиот пост да ја подигнеме свесноста за излез од кризата со ковид-19, порача поглаварот на ИВЗ Фетаху

Поглаварот на Исламскате верска заедница Шаќир Фетаху упати честитка до муслиманските верници по повод првиот ден на Рамазан. „Објавата на Светиот Куран во овој месец, како и постот на неговите денови заради семоќниот Алах ја зајакнува напшата свесност за Бога, моралот, трпеливоста, жртвеноста, мирот, толеранцијата и хуманизмот. Овој Рамазан исто така пак не наоѓа во вонредна состојба поради пандемијата ковид-19,...

Регистрирана е Селефиска исламска заедница, ИВЗ вели тоа е против единството на муслиманите

Основниот Суд Скопје 2 регистрираше исламска верска заедница, паралелна на постоечката, која ја води реисот Шаќир Фетаху, пишува Порталб.мк. Од ИВЗ, остро реагираат бидејќи со закон не е дозволено регистрирање на две исти верски институции и дека е штетно за единството на муслиманите. Тие ги повикуваат граѓаните да не потпаднат под влијанието на оваа заедница, основана од судијката Сузана...

Шаќир Фетаху избран за нов поглавар на Исламската верска заедница

Шаќир Фетаху, досегашниот в.д. поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ) и муфтија на Гостивар, денеска беше избран за нов поглавар. Негов противкандидат беше муфтијата на Тетово Ќани Несими. Како што извести „Порталб.мк“, од 21 член на Ријасетот на ИВЗ, 18 гласале за Фетаху, а само тројца за Несими. На изборот му претстоеше верификација на кандидатури, при што „поминаа“ двајцата кандидати,...

Џемаили: Се очекува постапката за нов реис на ИВЗ да заврши за две до три недели

Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија на вчерашниот состанок на Ријасетот го објави изборот за Реис ул Улема на ИВЗ, формираше правилник и ја назначи Изборната комисија која ќе се занимава со условите и датумот на изборите, пренесува Порталб.мк. Селвер Џемаили, шеф на кабинетот на сегашниот В.Д. реис Шаќир Ефенди Фетаху, вели дека Комисијата ќе се состане денес за...

И покрај најавите за избор на реис на ИВЗ по Курбан Бајрам, процесот уште не е започнат

Исламската верска заедница на Р.С. Македонија (ИВЗ) сè уште не ги започна подготовките за избор на нов реис, и покрај тоа што најавуваше дека по Курбан Бајрам треба да започнат со изборниот процес. ИВЗ, сега повторно најавува дека очекуваат да започнат активностите за избор на нов реис кон крајот на септември, пишува „Порталб.мк“. Селвер Џемаили, шеф на Кабинетот на реисот...

Реисот Фетах Шаќири е позитивен на ковид-19, упати телефонска порака по повод Курбан Бајрам

Вршителот на должност претседател на Исламската верска зедница, Фетах Шаќири е позитивен на ковид-19. Поради тоа, како што информираа од ИВЗ, а и заради заштита на новинарските екипи и неговите соработници, годинава пораката по повод утрешниот исламски празник Курбан Бајрам, Шаќири ја испрати телефонски. Тој денеска преку својот фејсбук-профил потврди дека е позитивен на корона вирус и дека се наоѓа...

Бајрами: Случајот за евентуални злоупотреби во ИВЗ ги поттикна институциите што беа заспани

државна комисуја за спречување на корупција
По отворањето на случајот за евентуални финансиски злоупотреби во Исламската верска заедница (ИВЗ) од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, институциите се разбудија и започнаа со работа. ИВЗ доставил годишен извештај за 2019 година, додека Антикорупциска достави иницијатива за да се поведе постапка за одговорност на директорката на Централниот регистар за неизвршување на овластувањата, објаснува за „Порталб.мк“,...

Подготовките за избор на новиот поглавар на ИВЗ ќе започнат после Курбан Бајрам

Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ) се очекува да ги започне подготовките за одржување на изборите за нов претседател на ИВЗ после Курбан Бајрам, односно на 31 јули. Ова за „Порталб.мк“ го изјави Селвер Џемаили, шеф на кабинетот на в.д. поглаварот реис ул улема, Шаќир ефенди Фетаху, известува „Порталб.мк“. В.Д. реисот на ИВЗ, Шаќир Фетаху може да остане на...

Риасетот на ИВЗ го разреши реисот Сулејман Реџепи

Риасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на денешната вонредна седница едногласно донесе одлука за разрешување на Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Реис Ул Улема, претседател на Исламска верска заедница, информираше гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху. Фетаху е поставен како вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател. Реџепи предизвика остри реакции во јавноста кога...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ и ИВЗ со спинови ја минираат борбата против епидемијата

Без оглед на одлуката на Владата за продолжениот викенд, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ и ИВЗ, со сличен речник во кој доминира збоорот „нелогично“, де факто ја подриваат борбата на државните органи и здравствените власти со епидемијата со корона вирусот. Аргументите и на едните и на другите се спинови, со тоа што кај ИВЗ има и закана, пишува „Вистиномер.мк“. Две соопштенија...

И ИВЗ и ВМРО-ДПМНЕ против викенд-полицискиот час

Исламската верска заедница (ИВЗ), уште во понеделникот со писмо ја известила Владата дека ако се воведе планираниот полициски час за време на продолжениот викенд, тоа ќе значи дека Владата ќе ја изгуби довербата на сите муслимански верници, оти во претходниот месец не е воведен целосен полициски час во ниту еден викенд, а сега има намера да се направи тоа...

Џамиите денеска ги отворија вратите за верниците

Исламската верска заедница, ИВЗ, од денеска реши да ги отвори џамиите за верниците, и покрај досегашните апели на надлежните за преиспитување на оваа одлука, поради пандемијата на корона вирусот. ИВЗ отворањето на џамиите на 12 мај, го најави минатата недела на вонреден состанок, кој се одржа по масовната литија во Струга, за празникот Св. Ѓорѓија. Од таму информираа дека одлуката...

На Реџепи нема да му се суди за говор на омраза кон Македонците

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли пријавата против поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, бидејќи „не постојат основи на сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела - Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 и Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“. Поглаварот на Исламската верска заедница...

Бузаку поднесе докази против поглаварот на ИВЗ во Обвинителство

Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство ги достави, како што вели, првите докази за криминал од страна на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи, а најави и нови материјали. Несудениот наследник на Реџепи на првата позиција го обвинува реисот за перење пари и злоупотреба на уплатите од верници кои заминале на годинашниот аџилак. ИВЗ реагираше на таквите обвинувања,...

Коалиција „Маргини“: Бараме јавно извинување од поглаварот Реџепи за „гејците“

По вчерашната изјава на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи дека немало место за „гејови“ во ИВЗ, од коалицијата „Маргини“ остро ја осудуваат дадената хомофобична изјава. Невладиниот сектор што се бори против хомофобијата и трансфобијата бара од поглаварот Реџепи да им се извини на геј - луѓето и во иднина да се воздржи од вознемирување по која било...

Поглаварот на ИВЗ доби ултиматум од 72 часа да си даде оставка

Скендер Бузаку денеска му постави ултиматум на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), реисот Сулејмани Реџепи во рок од 72 часа да си замине во ИВЗ, во спротивно, како што рече ќе објавел докази и факти за криминални активности, кои ги означи како тешки кривични дела. Пред седиштето на ИВЗ  Бузаку постави часовник со кој се одбројуваат 72-та часа. - Денеска...

Сулејман Реџепи не се појави во Обвинителство за да даде исказ за говорот на омраза кон Македонците

Првиот човек на Исламската верска заедница (ИВЗ) повторно не се појави во Јавното обвинителство за да даде исказ за говорот на омраза кон Македонците, но и кон судијката што го одобри неговото разрешување од функцијата поглавар на ИВЗ, јави „Порталб“. Причината за неговото непојавување била лошата здравствена состојба на адвокатот на Реџепи, кој преку телефон побарал одложување на распитот. -При последниот...

Османи до Која: Инцидентот во ИВЗ ја загрозува секуларноста на земјата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, на која беа разменети информации и мислења за повеќе актуелни теми. „Инцидентот со упадот во Исламската верска заедница претставува срамен чин кој ја загрозува секуларноста на земјата и уставно загарантираната автономија на верските заедници во Република Северна Македонија, и...

Јанушев: Случувањата во ИВЗ се скандалозни и недозволиви

Последните настани во ИВЗ се директно мешање на државата во верските заедници, рече Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција. Тој смета дека настаните се „скандалозни и недозволиви”. - Да се потсетиме само во минатото дека потпретседателот на Заев, потпретседателот на СДСМ даваше квалификации за челникот, односно поглаварот на ИВЗ каде што го нарекуваше резил,...

Заев: Директори и министри се отуѓија од народот, ќе има смени штом ќе дозволи законот

Разочараноста на граѓаните од одредени функционери и политики кои мора да бидат коригирани е причината за изборниот резултат, оцени премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција по повод доаѓањето на Папата Франциск на 7 мај. Тој додаде дека како премиер ја сфатил порака од граѓаните и штом ќе има законски услови, ќе следат промени. Според него, членството...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...