fbpx
Таг: ИвоВајгл

таг: ИвоВајгл

ВМРО-ДПМНЕ од европратениците побара избори на 24 април

Никола Тодоров, министерот за здравство и член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, на кои им укажал дека од партијата очекуваат Договорот од Пржино да биде до крај реализиран и да има избори на 24 април. „На меѓународните претставници, кои се гарантори на спроведувањето на договорот, им беа пренесени...

Бесими со Вајгл разговараше за евро-атлантските интеграции

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска во просторите на Секретаријатот за европски прашања, се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, со кој разговарал за активностите што се преземаат за спроведување на клучните реформи од европската агенда на земјата. „Вицепремиерот Бесими истакна дека евро-атлантската интеграција останува еден од клучните стратешки...

Почна средбата на Вајгл со Заев

Почна средбата на преседателот на СДСМ, Зоран Заев, со европратеникот Иво Вајгл. На почетокот Вајгл на даде изјава и рече дека тоа ќе го стори на крајот од средбата. Европратеникот денеска ќе има средби со лидерите на поголемите политички партии, а според најавите, треба да се сретне и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Вајгл денеска ќе се сретне со лидерите на политичките партии и со Катица Јанева

Eвропратеникот Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент и посредник во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за надминување на политичката криза во земјава, денеска ќе допатува во Скопје. Тој ќе има одвоени средби со лидерите на политичките партии, но и со специјалната обвинителка Катица Јанева. Неговата посета е со намера да се информира за текот на преговорите за...

Иво Вајгл утре во посета на Македонија

Европратеникот Иво Вајгл, кој е известувачот за Македонија во Европскиот парламент и посредник во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за надминување на политичката криза, утре доаѓа во Скопје. Неговата посета е да се информира за текот на преговорите за спроведувањето на договореното од Пржино.

Хан и европратеничката тројка со заедничка изјава го поздравија договорот

Европската комисија денеска објави заедничка изјава на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и на тројцата европратеници, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховид, во која се поздравува договорот што го постигнаа лидерите на четирите политички партии за решавање на кризата во Македонија. „Ја поздравуваме посветеноста на договорот на четирите главни политички партии во поранешна југословенска Република Македонија, кој следеше по конструктивните...

Груевски пристигна на средба со Хан и со европратеничката тројка

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, пристигна во резиденцијата на Европската унија на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и со европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит. Претходно во резиденцијата на ЕУ средба со Хан имаше и лидерот на СДСМ, Зоран...

Хан и европратеничката тројка во мисија да ја решат кризата

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска заедно со европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит ќе се обиде да ги помести преговорите од мртва точка и да издејствува наоѓање крајно решение за политичката криза. За време на посетата, Хан и европратеничката тројка, како што соопштија од Европската комисија, ќе имаат одделни средби со лидерите на политичките...

Хан доаѓа со европратеничката тројка да ја реши кризата

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, утре ќе допатува во Скопје, придружуван од тројцата европратеници, Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, потврди за „Мета“, Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот. - Да, Хан ќе пристигне во придружба на тројцата европратеници – соопшти Коцијанчич. Портпаролката на Хан, сепак, не прецизираше дали еврокомесарот и европратениците ќе имаат лидерска средба или,...

Вајгл до Величковски: Не кажав дека Заев е единствениот одговорен за неуспехот во Брисел

„Морам силно да ја отфрлам Вашата инсинуација дека сум бил пристрасен во корист на Владата на господинот Груевски, за време на нашиот процес на посредништво и мојата работа на Извештајот за Македонија во Европскот парламент (ЕП) и пред да сугерирате нешто такво, би требале да ги прашате претставниците на партиите што заедно и јас лично ги среќававме во Брисел и...

Величковски до Вајгл: Со изјавата зазедовте страна

Претседателот на Либералната партија на Македонија, Ивон Величковски, испрати писмо до европратеникот Иво Вајгл, во кое му ги соопштува погледите на партијата на актуелните состојби во преговорите за решавање на кризата. Во писмото, Величковски вели дека основата за нападите на дел од медиумите дека Заев е единствен виновник за неуспехот на преговорите во Брисел, ја дал Вајгел со својата изјава. „Ја...

И Вајгл потврдува: Кризата во Македонија мора да заврши до почетокот на летото

Конкретни датуми за постигнување договор меѓу власта и опозицијата и за епилог на политичката криза во земјата засега не се утврдени, но ќе се направи сè „мисијата на европските претставници да заврши некаде до почетокот на летото“, изјавил словенечкиот европратеник и известувач за Република Македонија во Европскиот парламент (ЕП), Иво Вајлг, за државната словенечка новинска агенција (СТА). Лидерот на СДСМ,...

Вајгл: Куманово е кулминација на политичката криза

Постојаниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, изјави дека запирањето на политичката криза и на насилството во Македонија е услов за земјата да добие позитивен извештај. Вајгл, за „Словенечката телевизија“, рече дека се очекува ЕИ во следните неколку дена да конкретизира што би можела да ѝ понуди на Македонија за да ја стабилизира состојбата, додека македонските власти мораат конструктивно...

Вајгл: Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, треба да ѝ помогнеме

Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, оцени известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл. - Не би сакал да предвидувам катастрофални сценарија, но мора да се земе предвид дека постојат многу отворени прашања, тешки зборови, па дури и говор на омраза – изјави Вајгл за лондонски „Гардијан“. Европретставникот предупредува на пораст на тензиите во земјата-кандидат за членство во ЕУ, поради обвинувањата...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...