fbpx
Таг: ИвоКотевски

таг: ИвоКотевски

Котевски: Изјавата на амбасадорите не ја коментираме, нашите ставови се јасни

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува на своите ставови и нема да ја кометира денешната изјава на амбасадорите, кои ги повикаа двете најголеми политички партии да се држат до своите обврски од Договорот во Пржино, изјави за „Мета“ директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. - Не би ја коментирале изјавата на амбасадорите. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и досега повеќепати...

Поранешниот началник на СВР Штип, Ламановски, на местото на Котевски во МВР

Поранешниот началник на Секторот за внатрешни работи Штип, Јордан Ламановски, е новиот помошник-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), пишува „Утрински“ на својата интернет-страница. Ламановски доаѓа на местото на Иво Котевски, кој ја презеде функцијата директор на центарот за комуникации на владејчката ВМРО-ДПМНЕ. Новиот помошник-министер за односи со јавноста на МВР, Ламановски, во 2013 година беше назначен...

СДСМ: Трансферот на Котевски ја потврди партизираноста на МВР

Трансферот на Иво Котевски од помошник на министерот за внатрешни работи на челната позицијата во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди досегашната партизираност на МВР, реагираат од СДСМ. „Министерството за внатрешни работи во изминатиот период функционираше како партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ или како „МВРО-ВМРО“ по признанието на Гордана Јанкулоска. Причините за бегањето на Котевски од МВР пред...

Иво Котевски од утре, нов директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски, заминува на нова функција, односно директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Информацијата за новата партиска функција, Котевски ја потвди за „Мета“, додавајќи дека доколку навреме се завршат формалностите со докумените, уште утре ќе почне со работа во центарот за комуникации на владејачката партија. Котевски најави дека за...

Во тек голема полициска акција во Скопје и Куманово

Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово спроведува голема полициска акција на територијата на Скопје и на Куманово. Информацијата за „Мета“ ја потврди помошникот министер за внатрешни работи, Иво Котевски, кој вели дека акцијата е во тек. Котевски најави повеќе информации за акцијата во текот на денот. Првично, од МВР за „Мета“ информираат дека станува збор за разбивање организирана криминална група, осомничена...

Котевски: Работиме на откривање на лажните азиланти од Македонија

Министерството за внатрешни работи (МВР) во континуитет, уште од донесувањето на одлуката за визна либерализација, презема мерки за спречување на бранот лажни азиланти и покрај бегалската криза, изјави денеска помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. Тој го кажа ова запрашан да даде коментар во врска со тврдењата на дел од европските лидери дека лица од Западен Балкан ја...

АРМ: На границата остануваме се додека е потребно

Припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) кои беа распоредени на јужната граница, два дена откако Владата прогласи вонредна состојба поради големиот наплив на мигранти, и натаму остануваат на границата како асистенција на полицијата, велат за „Мета“ од Генералштабот на АРМ. Од ГШ додаваат дека нивниот ангажман ќе трае „се додека има потреба“. - Сили на АРМ сè уште се распоредени во...

Котевски: Вонредната состојба е сè уште на сила и ќе трае дури има потреба

Одлуката за прогласување на вонредна состојба што во средата, 19 август,  ја донесе Владата поради големиот наплив на бегалци и мигранти, е сè уште на сила, вели за „Мета“, помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски. А, колку ќе трае кризната состојба, врз основа на која беше ангажиран и дел од Арамијата на Република Македонија (АРМ)...

МВР негира: Не е употребена прекумерна сила над мигрантите

Неприфатливо е полициските сили да бидат каменувани, а тие да немаат право да се одбранат – изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски, притоа негирајчќи дека полицијата вчера употребила прекумерна сила кон мигрантите на македонско – грчката граница, јавува „Телма“. Според Котевски, полицијата не делувала офанзивно, туку само ја штитела државната граница и себе си од илегални мигранти кои по неа...

Што значи кризна состојба, колку може да трае и што потоа?

Состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Вака, според Законот за управување со кризи е дефинирана кризната состојба, која владата вчера донела одлука да се воведе на јужната и северната...

Котевски: Нема индиции за поврзаност на експлозиите во Скопје и во Куманово

Полицијата засега нема индиции за евентуална поврзаност на експлозијата на бомба што ноќеска одекна во близина на зградата на СВР Скопје и детонацијата на експлозивната направа што се случи на 11 јули во центарот на Куманово, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешно работи (МВР), одговарајќи на прашањето дали има сомневања дека станува збор за одмазднички напади поради акцијата...

Котевски: „Овие морониве од „A1“ ме прашуваа за убиено дете на плоштад. Идиоти!“

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, во телефонскиот разговор кој денеска го пушти Зоран Заев, на министерката Гордана Јанкулоска ѝ вели дека новинари го прашувале за убиството на Мартин Нешкоски. „Овие морониве од „A1“ ме прашуваа за убиено дете на плоштад. Идиоти!“, вели Котевски. „Ок, ајде да гледам „А1“, ајде чао“, одговара Јанкулоска. Бидејќи овој телефонски разговор помеѓу Котевски и Јанкулоска е направен...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...