fbpx
Таг: Ивица Дачиќ

таг: Ивица Дачиќ

Вучиќ: Барањето на БИХ за ревизија на пресудата во Хаг е неодговорен потег

Највисоките државни функционери на Србија како „неодговорен потег“ го оценија и го осудија отворањето на постапката за ревизија на пресудата на Меѓународсниот суд на правдата во Хаг по тужба на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид и предупредија дека со ваквиот чекор целиот регион се враќа во минатото. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека барањето на БИХ е...

Нови тензии помеѓу Белград и Загреб, Дачиќ ја откажа посетата во Хрватска

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска го откажа учеството на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи што треба да се одржи на почетокот на март во Загреб, поради изјава на шефот на хрватската дипломатија Давор Штир. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, последната јавна изјава на хрватскиот министер „не е во согласност со основните принципи...

Дачиќ го повика Вучиќ да се кандидира за претседател на Србија

Потпретседателот на српската влада и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека на претседателските избори победа во првиот круг, како кандидат на владејачката коалиција, може да обезбеди само актуелниот премиер и лидер на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, кого го повика да донесе „рационална одлука“. „Го повикувам Вучиќ да донесе рационална одлука која ќе донесе...

Дачиќ не попушта: Дали денеска ја посетив Македонија или БЈРМ, зависи од нив

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, преку весникот „Блиц“ одговори на прашањето „дали знае во која земја доаѓа, Македонија или БЈРМ“, што денеска му беше поставено од медиумите во Скопје, откако тој неодамна рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. Српскиот весник...

Попоски: Дачиќ добро знаеше во која земја е дојден

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, добро знаеше во која земја доаѓа, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Дачиќ знае која земја ја посетува. - Да, добро знаеше каде дошол и не е единствениот во Србија што знае која е оваа земја. Ги поканувам да дојдат и да ја посетат Македонија затоа што...

Во МНР почна министерскиот состанок за Западен Балкан

Шестиот неформален состанок на министрите за надворешни работи и за енергетика од Западен Балкан утринава почна во зградата на Министерството за надворешни работи, a домаќин на средбата е шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. На првата пленарна седница учествуваат министрите за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, на Косово, Енвер Хоџа, и на Србија, Ивица Дачиќ, кој неодамна, во новогодишно интервју, рече:...

МНР: Политичарите во регионот да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија

Министерството за надворешни работи денеска им порача на политичарите од регионот да се фокусираат на решавање на проблемите на своите граѓани, наместо да се мешаат во внатрешните работи на Македонија. „Би потсетиле дека во Македонија има избрани претставници од граѓаните. Тие се единствените легитимни фактори во носењето одлуки. Би било добро македонскиот концепт на мултикултурна интеграција во општеството базирано на европски...

Дачиќ: Харадинај е тест за Европа

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека случајот со некогашниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај, кој во Франција беше уапсен по српската потерница за воени злосторства, е тест за Европа. - Ако политичките одлуки се поважни од тоа дали некој е воен злосторник или не, се поставува прашањето дали казнувањето воени злосторници е цел за која...

МНР за „Мета“: Дачиќ се плаши изливите на шовинизам да ги насочи кон големите сили

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, се плаши своите изливи на шовинизам да ги изрази кој најголемите сили кои го признаа Косово, па затоа се конфротира со најмалите земји во Европа, велат за „Мета“ од Министерството за надворешни работи на Македонија, по последната изјава на шефот на српската дипломатија во која се прашува зошто Република Македонија членува...

Дачиќ: Ако ви е навредливо БЈРМ, зошто седите во ОН, ЕУ, ОБСЕ и во Советот на Европа?

За Србија е навредливо користењето на називот „Република Косово“, изјави денеска шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по повод барањето на Министерството за надворешни работи на Македонија да не се користи референцата БЈРМ, затоа што е навредлива. - Ние бараме обостран коректен однос. Ако веќе протестираат поради признаницата за патарина, што би требало ние да направиме поради нивното признавање на...

Вучиќ им забрани на министрите да ги коментираат случувањата во регионот

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска потврди дека премиерот Александар Вучиќ на сите министри, државни функционери и службеници им забранил да ги коментираат случувањата во регионот, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. „Премиерот нè замоли да му овозможиме, поради сериозноста на темите и на регионалните односи, тој да одговара на прашањата во врска со регионалните политички теми“,...

Дачиќ: Албанската дијаспора планира заземање на српски дипломатски претставништва

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека има информации дека во албанската дијаспора се планира заземање на некое дипломатско-конзуларно претставништво на Србија во САД или Европа за Србија да биде принудена да се откаже од барањето за судење на поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај. Дачиќ рече дека тоа покажува дека албанските политичари се подготвени „дури и...

ОМД бара Дачиќ да се извини за изјавата за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осуди изјавата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, дадена на почетокот на оваа недела, во која, тој изрази жалење што Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. „Сметаме дека ваквите испади, чија цел е собирање евтини политички поени воопшто не му доликуваат на министер на држава со евроинтеграциски аспирации. Дачиќ треба...

Грчки медиуми: Црвен картон од Србија за Скопје!

Голем број грчки медиуми ги пренесоа изјавите на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име. „Српско МНР: Направивме грешка што БЈРМ ја признавме под уставното име“, „Изјава на српскиот премиер за шамарот кон Грците - Не требаше да ја признаеме БЈРМ под уставното име“, „Дачиќ: Грешка што го признавме...

Дачиќ ги влошува односите со Скопје, добива пофалби од Грција, пишува „Вечерње новости“

Изјавата на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име, наиде на воодушевување од официјална Атина, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“. Весникот наведува дека изјавата на Дачиќ во Грција добила голем публицитет и оценува дека „конечно довела до опуштање на односите со Атина, кои во последната година биле затегнати“. Грците веќе...

Заканите на Дачиќ се пукање во празно, оценува српски „Блиц“

„Пукање во празно“ би можеле да се наречат „заканите“ на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на сметка на соседните држави, Црна Гора и Македонија, коментира денеска српскиот весник „Блиц“. Дачиќ во новогодишното интервју за „Бета“ наведува дека Србија игра конструктивна улога во решавањето на проблемите во регионот и дека не станува збор за некаква одмазда, но истакнува дека одвај...

Дачиќ ја спушта топката: Пријателството треба да се почитува и во Скопје и во Белград

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека сe согласува со ставовите со македонското Министерство за надворешни работи оти не треба да се урива пријателството меѓу Србија и Македонија и додаде дека тоа треба да важи и во Белград и во Скопје, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. По повод реакцијата на македонското МНР на неговата изјава дека Србија згрешила...

МНР до Дачиќ: Да не се урива пријателството меѓу граѓаните на Србија и на Македонија

Политичарите треба да ги продлабочат пријателските односи што постојат меѓу граѓаните на Србија и на Македонија, а не да го уриваат обостраното пријателство, реагираат од Министерството за надворешни работи на Македонија, по изјавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, дека официјален Белград направил историска грешка признавајќи ја Македонија под уставното име, бидејќи Македонија го признала Косово и го поддржала неговото...

Дачиќ е пресметлив националист кој отвора нови фронтови, реагира српската ЛДП

Ивица Дачиќ со своите најнови изјави свесно ги нарушува односите во регионот и повторно предизвикува и провоцира реакции од земјите од соседството, се вели едното од двете соопштенија на српската Либерално-демократска партија, како реакција на интервјуто на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во кое тој, меѓу другото, изјави дека Србија направила голема грешка со признавањето на Македонија под уставното...

Дачиќ: Србија погреши што ја призна Македонија под уставно име

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. - Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им удривме шамар на нашите браќа Грци и сега очекуваме...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...