Пронајден јагленосан женски леш во Градски парк во Скопје


Скопје, 23 јуни, 2015 - 14:16 (META) 

Изгорено тело на девојка денеска попладне било пронајдено во Градски парк во Скопје, во близина на забавниот парк.

Засега не е утврден индентиетот на девојката, за која првично се претпоставува дека е на возраст од 25 до 30 години.

Телевизијата „Телма“, повикувајќи се на информациите од Итната помош, пренесува дека лекарите биле повикани од очевидец пред околу еден час.

Според информациите, телото било јагленосано, а во моментот јавен обвинител и екипа на полицијата вршат увид и не дозволуваат пристап до местото.


Тежок велигденски ден за Итната помош во Битола


Битола, 13 април, 2015 - 10:35 (META) 

Тежок велигденски ден поминале лекарите од Итната медицинска помош во Битола. Како ретко кога досега, амбулантата била преполна со пацинети. Граѓaните се жалеле на висок крвен притисок, главоболки, колабирањe, биле донесени паценти со мозочни удари, а денот бил фатален и за неколкумина битолчани.

Средовечен битолчанец вчера починал на новите светонеделски гробишта додека палел свеќа на гробот на свој близок роднина, вели доктор Милутин Василев, лекар во Итната медицинска помош во Битола.

Лекарите накусо велат дека вчерашниот ден го поминале како боси низ трње.

– Многу тежок велигденски ден поминавме вчера. Работа имавме и во амабулантата и на терен. Едноставно луѓето паѓаа од висок крвен притисок, за жал имавме и смртни случаи. Пациенти со масивни мозочи удари, за кои иако се обидовме да ги реанимираме, беше попусто – вели лекарот Василев.

Итната медицинска помош во Битола уште од утрото на Велигден се наполнила со пациенти кога четириесетина граѓани речиси истовремено дошле да ја примат редовната терапија.

Лекарите велат дека промената на времето, масната и изобилна храна, како и алкохолот во најголем дел од случаите биле причина за влошување на здравствена состојба кај битолчани.

А.Б.


Разбојници нападнале и ограбиле мигрант од Сирија


Неготино, 18 март, 2015 - 14:09 (META) 

Дваесет и шестгодишен Сириец, илегален мигрант, вчера вечер бил нападнат и ограбен од двајца разбојници на улица во Неготино.

Според полициските информации, вчера, околу 20 часот, било пријавено дека две непознати лица физички го нападнале М.А. (26) од Сирија, му одзеле 1.600 евра и побегнале од местото.

Момчето со возило на итна медицинска помош било пренесено во медицинскиот центар во Неготино, каде лекарите констатирале телесни повреди, но го задржале во болницата заради следење на неговата здравствена состојба.

Полицијата трага по разбојниците.


Итната помош за Нова година имала 172 интервенции


Скопје, 1 јануари, 2015 - 13:41 (META) 

Службата за итна медицинска помош во Скопје, вчеравечер, за време на прославата на Нова година, интервенирала по повик и им укажала лекарска помош на 137 лица, а во пунктовите на итната помош биле извршени 172 прегледи.

Според информациите, во пет случаи причина за интервециите била несовесната употреба на алкохол. Лицата, од кои четворица биле малолетници, биле префрлени на Клиниката за токсикологија.

Итната помош, интервенирала и кај пет лица кои настрадале во сообраќајна несреќа, а шестмина се јавиле по тепачка на јавно место, од кои двајца биле малолетници.

Во пет случаи итна медицинска помош била пружена по падови поради замрзнатите улици, во кои лицата се здобиле со скршеници, а во населбата Ѓорче Петров, десетгодишно дете било повредено од петарда.


Груевски: Во Итната медицинска помош ново 181 вработување


Скопје, 3 декември, 2014 - 15:02 (META) 

Нов оглас за вработување на персонал за Итната медицинска помош ќе биде објавен до крајот на декември, информираше премиерот Никола Груевски.

Тој рече дека ќе бидат вработени 181 лице, 76 лекари, 25 медицински сестри и 80 возачи.