fbpx
Таг: Итна медицинска помош

таг: Итна медицинска помош

Во Скопје, Тетово и во Куманово има најголем недостиг од кадар за итна медицинска помош

Најголем недостиг од кадар за итна медицинска помош има во Тетово, каде има еден вработен на 4.172 жители, како и во Скопје и во Куманово, каде што има еден вработен на повеќе од три илјади жители. Ова го покажала анализата на Центарот за граѓански комуникации. „Само за споредба, просекот во земјата е 1.350 жители на еден вработен во службата за...

ЦУК: Пожарникарите, полицајците и итната медицинска помош викендов со полни раце работа

Според извештаите за работа на Единствениот број за итни ситуации 112, викендов биле примени повици во рамки на дневниот просек помеѓу 1.500 и 2.000, а од нив најмногу биле упатени кон полицијата и итната медицинска помош, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму велат дека викендов имале над двојно повеќе итни случаи за комбинирано решавање, кога повеќе...

Дел од здравствените работници протестираат, премиерот вели ќе се разгледаат барањата

Некои од здравствените работници организирани од Независниот синдикат на здравствени работници и административно-технички персонал денеска протестираа пред здравствените установи во периодот од 10:30 до 11 часот. Предупредувачкиот штрајк го поддржаа и дел од возачите од итната медицинска помош, кои со вклучени сирени на возилата го изразија револтот и ги поддржаа барањата на синдикатот. Дел од вработените бараат зголемување на платата...

Полицијата го приведе осомничениот за одземање на амбулантното возило од кочанската болница

Полициски службеници привеле осумнаесетгодишен жител на Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на кочанската болница одзел возило на Итната медицинска помош. Осомничениот го украл возилото во раните утрински часови во саботата, по што, според локалните медиуми, со медицинското возило извршил неколку сообраќајни прекршоци низ улиците во градот. Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера соопшти дека, по преземени мерки и...

Пациент нападнал доктор од Итната медицинска помош додека тој му го запирал крварењето од главата

Доктор вработен во Итната медицинска помош, завчера бил нападнат од повреден пациент во моментот додека му пружал помош. За случајот информираше и Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што ги преземаат неопходните мерки за овој случај. Според информациите, по добиениот повик за интевренција, екипата на Итната медицинска помош која била дежурна во пунктот во Чаир, се упатила на локација...

Заборавените херои во борбата со ковид-19: портрети на вработените во Итната медицинска помош

Ова е дел од тимот на Службата за итна медицинска помош во Скопје кој во саботата (06.06.2020) работеше 12 часовна смена од 7 наутро до 19 часот попладне услужувајќи огромен број граѓани на главниот град. Најголем дел од повиците беа од лица за кои се сомнева дека се заболени од ковид-19, болеста што ја предизвикува новиот коронавирус. Овие луѓе се...

Итната медицинска помош дополнително ќе се зајакне со 70 возила

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешниот настан по повод промоција на реновираниот вакцинален пункт во Поликлиника Ѓорче Петров изјави дека во периодот што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со 70 возила. „Во период што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со возилата коишто ги очекуваме - набавени преку...

Во пет пункта две години нема ниту едно амбулантно возило

Итната медицинска помош (ИМП) во Македонија е служба која функционира во рамки на здравствените домови, а буџетот им се префрла од Фондот за здравствено осигурување, зависно од медицинските екипи. За една медицинска екипа, годишниот буџет достигнува вредност од 170.000 денари, што се користи за бруто плати на медицинската екипа - лекар, медицинска сестри и возач на амбулантното возило, како...

Новите возила на Итната помош не се во употреба, се најавуваат нови вработувања

Дванаесетте нови амбулантни возила се уште не се примени од Министерството за здравство, и не се во употреба, а во меѓувреме министерот Венко Филипче најави и вработувања на стручен кадар во службата за Итна медицинска помош, пренесува „Порталб.мк“. „Тие возила ќе дојдат. Очекуваме и донации од Република Чешка. Постои финансиска согласност за прием на лекари и медицински сестри кои ќе...

Министерството за здравство не кажува кој ќе ја прави физибилити студијата за Брзата помош

Министерството за здравство веќе две недели одбива да каже, кои компании ќе ја изработат физибилити анализата за изборот на моделот на функционирање на Итната медицинска помош, иако тоа беше ветено од министерот за здравство, Венко Филипче, пишува „Порталб“. На прашањето на Порталб.мк за тоа „Кои компании ќе ја спроведат физибилити анализата за Итната помош“, министерот Филипче објави дека „има три компании, но...

Филипче бега од одговор за критериумите за бројот на амбулантни возила

Министерот за здравство Венко Филипче, по прес-конференцијата што се одржа во Министерството за здравство, одлучи да го избегне одговорот на прашањето на „Порталб.мк“ „зошто при набавката на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош користел критериум што не постои и дали ќе се откаже од изјавата“. На прашањето „дали за набавката на 12 амбулантни возила се засновале на критериум што не постои“,...

Македонија со трипати помалку тимови за Итна помош од Хрватска, а со повеќе работа

Службата за итна помош за два милиони жители на Македонија функционира со 290 тимови, според одлука на Владата. Хрватска пак, со четири милиони жители има 914 тимови, што е над три пати повеќе, пишува Порталб.мк. За илустрација за тоа во какви услови работат екипите за Итна помош во Македонија, порталот прави споредба со Хрватска, земја на Балканот, која како и...

Итната помош е со бавни амбулантни возила кои често се расипуваат

Поради доцнење и технички дефекти на амбулантните возила, Итната медицинска помош во Македонија е неефикасна, и наместо да нуди брза медицинска интервенција, во некои екстремни случаи и предизвикала губење на животи на граѓани, пишува „Порталб.мк“. Техничките доцнења се настанати како последица на не амортизираните возила, а пак условите за нивно одржување не се предвидени ниту со Законот за здравствена заштита,...

Охридска болница: Тврдењата на Шахпаска се лага, немаше дефект на санитетските возила

Транспортот на новороденчиња, итната медицинска помош при Здравствениот дом Охрид го врши со санитетски возила кои ги исполнуваат сите светските и европски стандарди, во кои, меѓу другото, спаѓаат и приклучоци за инкубатор и друга медицинска опрема, стои во демантот на охридската болница на наводите од вчерашната прес-конференција на пратеничката во Собранието и претседател на комисијата за здравство на СДСМ,...

Притвореник починал на пат кон болница

На Р.А. (1951) од Струмица, притвореник во истражниот затвор „Скопје“, вчера му се слошило по што од страна на доктор од затворот му била укажана прва помош. Потоа било повикано возило на итна медицинска помош и бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, но по пат починал. Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде...

Полицијата ги истражува случаите за двете безживотни тела пронајдени во Прилеп

Две безживотни тела вчера попладне биле пронајдени на две различни локации во Прилеп, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 16 часот, на улицата Трајко Николовски, кај гаражите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, бил пронајден машки леш во фаза на распаѓање. Еден час подоцна, во куќа на улицата Александар Македонски, била пронајдена почината 64-годишната Л.Ј. од Прилеп. Претходно, Е.Т.Ш. пријавила дека...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...