fbpx
Таг: Италија

таг: Италија

Љубителите на стрипот се збогуваат со Алфредо Кастели, креаторот на „Марти Мистерија“

Италијанскиот стрип-сценарист и писател Алфредо Кастели, чие најпознато дело е авантуристичкиот стрип „Марти Мистерија“, починал вчера во родниот Милано, на 76-годишна возраст, објави издавачката куќа „Серџо Бонели Едиторе“. Кастели, роден во 1947 година, со стрипови почнал да се занимава од најрана возраст, а како тинејџер во 1966 година го објавил првиот италијански фанзин за стрипови „Comics Club 104 “. Со...

Италијанска антикорупциска обука за македонски владини функционери

Правниот факултет при италијанскиот универзитет „Луис Гуидо Карли“ оствари иновативна обука за борба против корупцијата преку транспарентност, наменета за избрани владини функционери од Република Северна Македонија, соопшти Италијанската амбасада. Од таму посочуваат дека програмата „Спротивставување на корупцијата во јавната администрација преку транспарентност“ е наменета за 20 преставници на македонската влада. Самата програма ја финансира италијанското Министерство за надворешни работи и...

Италија се повлече од учеството во кинескиот проект „Појас и пат“

Италија официјално ја извести Кина дека се повлекува од иницијативата „Појас и пат“, која беше иницирана од кинескиот претседател Си Џинпинг во 2013 година, јавува Би-би-си. Владата предводена од премиерката Џорџија Мелони го извести Пекинг дека ќе престане да учествува во овој кинески проект до крајот на годинава. Италија беше единствената поголема земја од западниот свет, којашто се одлучи да...

Макс Бункер потврди: Култниот стрип „Алан Форд“ завршува со бројот 660 во мај 2024

Реакциите на обожавателите на стрипот „Алан Форд“ не го поколебаа авторот и издавач Макс Бункер, кој во најновото издание во Италија објави дека не ја повлекува одлуката ја прекине 55-годишната традиција на континуирано објавување, информира Мета.мк. Стрипот „Алан Форд“ е дело на Макс Бункер, псевдоним за 84-годишниот милански сценарист Лучиано Секи, и Магнус, псевдоним за прерано починатиот болоњски цртач Роберто...

Италија заплени 780 милиони евра од Airbnb поради сомнежи за даночно затајување

Италијански судија наредил да се запленат 779,5 милиони евра од Airbnb поради сомнежи за даночно затајување. Фирмата не собрала даноци од имоти во вредност од околу 3,7 милијарди евра од газдите кои ја користеле апликацијата за привремено изнајмување на станови, известува Би-би-си. Сопствениците на имот во Италија се обврзани да платат 21 отсто данок на добивка. Од Airbnb велат дека се...

Италијански новинар казнет бидејќи искористил пцост за да ја опише премиерката Мелони

Познатиот италијански новинар Роберто Савијано доби казна од 1.000 евра за клевета поради тоа што ја нарекол премиерката Џорџа Мелони „bastarda“ („копиле“) на телевизиска емисија во 2020 година, известува Гардијан. Мелони тогаш сѐ уште била само пратеничка, а Савијано ја изустил пцоста кога зборувал за нејзините политики во врска со миграцијата. „Со оваа пресуда излегуваат на виделина предизвиците со кои...

Почина Матео Месина Денаро, озлогласениот шеф на Коза Ностра

Почина италијанскиот мафијашки шеф Матео Месина Денаро, кој беше еден од најбараните луѓе во земјата сè до неговото апсење на почетокот од годинава, пренесуваат светските новински агенции. За 61-годишниот Денаро се сметаше дека е шеф на озлогласената група Коза Ностра. Тој беше во бегства 30 години пред во јануари годинава да биде приведен, пишува Би-би-си. Во моментот на апсењето се лекуваше...

Најмалку 41 мигрант загинаа во бродска несреќа во Италија

Четириесет и еден мигрант загина во бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза, изјавиле преживеани од катастрофата за локалните медиуми, а пренесе Би-би-си. Четворицата преживеани им кажале на спасувачите дека биле на брод кој тргнал од Сфакс во Тунис и потонал на пат кон Италија. Преживеаните, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, стигнале до Лампедуза денеска. Станува збор...

Италија ги оданочува банките со 40 отсто поради високите камати

Италијанската влада воведе оданочување на овогодинешниот неочекуван профит на банките со 40 отсто и приходите од тој данок ќе помогне на имателите на хипотекарни кредити и ќе ги намали даноците за граѓаните. Заменик премиерот Матео Салвини изјави дека ќе се оданочува профитот кој банките го остваруваат од високите каматни стапки, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“. „Доволно е само да се погледне профитот...

Македонија со најбројна делегација на филмскиот фестивал за деца Џифони во Италија

Од 20 до 29 јули во Џифони Вале Пјана во Италија се одржува 53-то издание на Филмскиот фестивал Џифони, најголемиот филмски фестивал за деца во светот. Меѓу 6500 учесници од триесетина земји, Македонија повторно е застапена со најбројна делегација: десет претставници на возраст од 14 до 19 години избрани се меѓу најактивните учесници на последното издание на Филмскиот фестивал...

ЕУ праќа пожарникари во Грција, шумските пожари беснеат во близина на Атина

Противпожарните авиони и копнените екипи од повеќе земји на ЕУ денеска се упатија кон Грција за да помогнат во борбата со шумските пожари, кои се засилија поради топлотниот бран што зафати голем дел од јужна Европа, со температури над 40 Целзиусови степени, пренесе Екатимерини. Во средата беше наредена нова евакуација  во близина на Атина. Во деноноќна битка за зачувување на...

Италија ќе издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ

Италијанската влада најави дека планира до крајот на 2025 година да издаде 425.000 работни дозволи за работници од земји што не се членки на ЕУ, известува Телеграф. Оваа иницијатива е критикувана како лицемерна во контекст на анти-миграциските политики на десничарска власт, предводена од премиерката Џорџа Мелони. Оваа година веќе се издадени преку 80.000 работни дозволи за странски работници, а во...

Во Италија јуни не е прогласен за „месец на семејната гордост“

Во постот невистинито се тврди дека Италија го прогласила јуни како „месец на семејната гордост“ и се споделува видео клип од долги години одржуван марш против абортусот во Рим, којшто не е спонзориран од владата. Ниту премиерката ниту другите претставници на владата не прогласиле „месец на семејната гордост“ во Италија, тоа за странски проверувачи на факти го потврдиле  и...

Почина Силвио Берлускони на 86-годишна возраст

Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер почина на 86-годишна возраст, јавија светските медиуми. Тој починал во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. Во април годинава Берлускони бил лекуван од белодробна инфекција, поврзана со претходно неоткриен случај на хронична леукемија. Медиумскиот тајкун Берлускони првпат дојде на функцијата во 1994 година и водеше четири влади на Италија, до 2011 година. Тој своевремено се опишуваше како...

Позелене водата во канал во Венеција, полицијата го истражува изворот на течноста

Полицијата во Венеција го истражува изворот на флуоресцентна зелена течност што вчера се појави во водата во Големиот канал (Grand Canal) во овој италијански град. Локалните власти собрале примероци од водата и отвориле итна истрага, пренесува Би-би-си. Сè уште се шират шпекулации околу тоа што би можело да ја предизвика промената на бојата околу познатиот мост Риалто – теориите се движат...

Италијанците повторно имаат пристап до ChatGPT

Во Италија е вратен пристапот до четботот ChatGPT, пренесе Би-би-си. Четботот беше забранет од италијанскиот орган за заштита на податоци на почетокот од април, поради загриженост за приватноста. Матичната компанија на ChatGPT, „ОпенАИ“, инаку поддржана од „Мајкрософт“, рече дека успешно ги разјаснила прашањата со италијанскиот регулатор. Од компанијата велат дека нејзината политика за приватност сега е достапна за луѓето пред да се...

Тројца Македонци загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

Тројца Македонци и еден Италијанец се жртви во сообраќајната несреќа што вчеравечер, на Велигден, се случи во градот Асти во регионот Пијемонт во Италија. Како што јавуваат локални италијански медиуми, судирот се случил на провинцискиот пат 456, кој од Ница Монферато води кон Монтегросо и Асти. Во еден од автомобилите што учествувале во несреќата имало тројца мажи со македонска националност...

На Берлускони му е дијагностицирана леукемија, објавуваат странските медиуми

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му била дијагностицирана леукемија, изјавил за Ројтерс близок извор, еден ден откако поранешниот премиер бил примен на интензивна нега поради проблеми со дишењето. Берлускони се наоѓа на кардиолошкиот оддел во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. Се најавува дека неговиот личен лекар Алберто Зангриљо ќе одржи прес-конференција за да ја илустрира здравствената состојба на поранешниот...

Ковачевски – Вучиќ – Рама: Отворен Балкан значи нови отворени можности, го развиваме регионот по европски стандарди

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, се сретна со српскиот претседател, Александар Вучиќ и албанскиот премиер, Еди Рама, во Бардолино, Италија, како дел од меѓународниот саем за вино „Винитали“ каде лидерите ќе учествуваат на презентациите на вината од трите земји, на заедничкиот штанд на Отворен Балкан, соопшти Владата. На средбата се разговарало за имплементација на активностите во рамките на регионалната иницијатива Отворен...

Италија го блокираше ChatGPT

Италија стана првата западна земја што го блокирала напредниот чатбот ChatGPT. Италијанскиот орган за заштита на податоците соопшти оти постои загриженост за приватноста во врска со оваа форма на вештачка интелигенција создадена од американскиот стартап „ОпенАИ“ и поддржан од „Мајкрософт“. Италијанските регулатори велат дека ќе го забранат чатботот и ќе започнат со истрага веднаш, пренесе Би-би-си. Тие нагласуваат дека на 20...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...