fbpx
Таг: истражувачко новинарство

таг: истражувачко новинарство

Зголемен бројот на приватни тужби против новинарите – нова закана по истражувачкото новинарство

Последните измени на Кривичниот закон на Република Северна Македонија ја подобруваат заштитата на новинарите така што овозможуваат обвинителството да покрене кривична постапка во нивно име, намалувајќи го товарот на приватното гонење. Дополнително, бидејќи делата клевета и навреда се декриминализирани, бројот на приватни тужби против новинар(к)и е зголемен и претставува нова закана по истражувачкото новинарство. Овие тужби во јавноста се...

Го виделе во Белград, го следеле во Скопје, го нашле во Пловдив – американски екстремист лоциран од „Белингкет“

Десничарски екстремист од САД, што долго време се сокривал од правдата во својата земја, и откако бил препознаен во Белград, избегал и долго време бил недостапен, е лоциран во вториот најголем град во Бугарија, Пловдив, откри новинарската истражувачка организација „Белингкет“. Роб Рандо „се влечка“ по судови - всушност, на судењата доаѓале само неговите адвокати - откако бил обвинет и осуден...

Одбележан Денот на укажувачите: Иднината е во младите, треба јавно и без страв да зборуваат против корупцијата

Во организација на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и Младинскиот образовен форум (МОФ), денеска во просториите на Јавна соба се одржа конференција по повод Денот на укажувачите, „Младите ги слават укажувачите“. На конференцијата, на која присуствуваа млади лица од различни сфери на интерес, студенти и повозрасна публика, воведно обраќање имаше модераторот и новинар Огнен Јаневски кој ја поздрави иницијативата организирана од...

Истражувачката новинарка Елена Милашина избега од Русија по заканите од чеченскиот лидер

Руските власти треба да ја осигураат безбедноста на новинарката Елена Милашина и навремено да ги истражат заканите упатени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кон неа и кон независните медиуми, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, пренесува „Вистиномер“. Уредниците на независниот весник „Новаја газета“ одлучија да ја испратат надвор од државата Елена Милашина, истражувачка новинарка на медиумот кој известува на теми...

Осуди за кривичното гонење на двајца грчки новинари што истражуваа капитален корупциски скандал

Грчкиот новинар Костас Ваксеванис се соочува со обвинение за четири кривични дела и можност да добие 20 години затвор поради неговото известување за скандалот со фармацевтската компанија „Новартис“. Неговата колешка Јоана Пападаку се соочува со обвинение за случајот „Новартис“, но и за таканаречната „Листа Лагард“ на можни затајувачки на данок. Врвни меѓународни организации за заштита на слободното изразување и за...

Бесплатен онлајн курс за краудфандинг и прекугранична соработка меѓу новинари

„Прашката школа за медиуми“ организира бесплатен онлајн курс за краудфандинг и новинарски прекугранични соработки, кој ќе се одржи од 28 јули до 20 август, за медиумски работници од Централна и Јужна Европа. Курсот ќе се одржува на англиски јазик и ќе се состои од седум интерактивни вебинари, како и сесија за конкурирање за делумно финансирање на новинарски истражувања. Најдобрите ќе...

ЗНМ ги додели годишните новинарски награди

По повод 75-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело денеска му беше доделена на долгогодишниот новинар Александар Чомовски, кој во моментов е дел од Утрински Брифинг. „Тој со својата професионална работа во изминатите пет децении се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња во македонските медиуми, со промоција...

Уште девет дена за аплицирање на Конкурсот за награда на Европската унија за истражувачко новинарство

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потсетува дека остануваат уште девет дена за аплицирање за наградата на Европска унија за истражувачко новинарство. На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, поврзани со следните теми: слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќта и...

Истражувачките новинари се жалат на затвореност на институциите

Граѓаните, новинарите и невладиниот сектор годинава помалку се жалат на транспарентноста на институциите во споредба со истиот период минатата година. Во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, која до декември 2019 година функционираше како колективен орган со назив Комисија за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во...

ИРЛ: Како лажно декларирани холандски тестови за Ковид-19 од Кина завршија во Македонија, САД и ЕУ?

Брзиот имунолошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата „Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а не е ни толку прецизен колку што се тврди, пишува ИРЛ, која подготви истражување за тестовите со своите партнери од OCCRP. Тоа не е единствениот случај на кинески тестови во светот да се нудат како европски или производени...

Македонско истражувачко новинарство: На работ на квалитетот и опстанокот

Истражувачко новинарство во македонските традиционални медиуми речиси и да нема. И тие малку стории што се објавуваат годишно ги има претежно во онлајн медиумите и се финансирани со странски донации. Телевизиите, радијата, весниците и дел од онлајн медиумите се претворени во слепи пренесувачи на дневните настани произведени од комуникациските стратегиии на државните институции, политичките партии и на невладиниот сектор. Новинарите...

Новинарскиот синдикат бара да се открие кој ѝ се заканува на екипата на ИРЛ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудува заканите кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) испратени во последните неколку дена. Според пријавата до ССНМ, заканите биле упатени кон новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска веднаш по објавувањето на сторијата во која се истражувани постапките при градежните активности во населбата „Тафталиџе“ во Скопје. „Јовановска на својот телефон добила...

ЗНМ ги осуди заканите кон екипата на Истражувачката репортерска лабораторија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди притисоците кои се вршат кон новинарката на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Маја Јовановска. Вербалните притисоци и вознемирување следеле откако ИРЛ ја објавила истражувачка сторија поврзана со градежни активности од последните години во населбата „Тафталиџе“ во Скопје. Како што информираат од ЗНМ, за време на викендот, сопственикот на градежната фирма „Настел“ –...

Отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

Со панел дискусија посветена на борбата за опстанок и интегритет на новинарството во светот на социјалните медиуми, синоќа во Кино Култура беше отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал - Скопје. Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачката интелигенција, го сподели своето искуство со публиката во поглед на користењето на новите технологии во новинарството. - Уште додека студирав беше...

На 31 октомври почнува третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

Третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал - Скопје ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември во Кино Култура. Организаторите на овогодинешното издание погледот го вперуваат „Кон дигиталното“, разгледувајќи ја од различни аспекти позицијата на медиумите во дигиталната ера. „Со интерактивната содржина на третиот ИФФС, за првпат на фестивалот на посетителите им се нуди увид во виртуелната реалност. Во...

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар денеска ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство. Новинарите Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска ја добија првата награда за сторијата „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“. Втората награда ја доби новинарката Сашка Цветковска за сторијата „Тајните играчи од САД позади македонските 'фејк њуз' велешки сајтови“. Третата новинарска награда...

Прв филмски фестивал посветен на истражувачкото новинарство

Платформата за истражувачко нoвинарство и анализи (ПИНА) во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ ќе го организира првото издание на Истражувачки филмски фестивал (ИФФС), што ќе се одржи од 3 до 5 ноември во кино „Култура“, Скопје. „Тридневната фестивалска програма вклучува прикажување на документарни филмови, работилници, дискусии и дебати со гости од Македонија, регионот и од светот. Отворањето на првото фестивалско...

ССНМ го поздрави бесплатниот пристап до документи од Карастарот и од Централниот регистар

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поздрави одлуката на Владата за бесплатен пристап на истражувачките новинари до документите од Централен регистар и од Агенцијата за катастар на недвижностите, и истовремено побара власта да го измени Законот за пристап до информации од јавен карактер. „Сметаме дека со оваа одлука на истражувачките новинари ќе им се олесни пристапот до...

Александар Димитриевски ја доби првата награда од ЕУ за истражувачко новинарство

Александар Димитриевски за сторијата „Субвенции за растително и сточарско производство“, објавена на „Призма“ ја доби првата награда за истражувачко новинарство за 2016 година која ја доделува Делегацијата на Европската Унија. Втората награда ја доби Зоран Јовановски за сторијата „Пеплишта на смртта“ објавена во емисијата „360 степени“ на „Алсат М“ телевизија. За најдобра сторија за млад новинар наградена беше Славица Филиповска за...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...