fbpx
Таг: истражувачи

таг: истражувачи

Mлади од Македонија, Србија и Албанија учесници во програма за истражување на младински политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата, младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија, говореа за активностите и областите во кои ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти. Младите го информирале претседателот и...

Maкедонистиката е научен предизвик за нови генерации истражувачи од странство

Има нови генерации истражувачи од странство за кои македонистиката е и ќе биде научен предизвик. Со своите презентирани истражувања, тие укажаа дека странската македонистичка научна мисла има големи перспективи. Ова беше заклучокот од Меѓународната научна конференција која се одржуваше изминатите денови во Охрид, во организација на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и...

Магазинот „Тајм“ ја објави листата на 100 највлијателни личности за 2021 година

Политички лидери, уметници, спортисти и иноватори и годинава се најдоа на листата на 100 највлијателни личности која ја објави американскиот магазин „Тајм“ (Time). На листата, како „икони“ доминираат принцот Хари и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс. Изминатава година тие беа дел од револуционерното интервју со Опра Винфри, го добија своето второ дете, истовремено предизвикувајќи неколку скандали поврзани со кралското...

Новинарите на ИРЛ, КОД и „360 степени“ добитници на ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Видео-сторијата „Урбани атентатори“ изработена од тим од Истражувачката репортерска лабораторија за „урбаната мафија“ во промената на ДУП-от на Тафталиџе ја доби првата награда на ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2019 година. Втората награда ја доби видео-сторијата на Снежана Лупевска, Билјана Николовска и Миомир Серафимовиќ за емисијата „КОД“, а третата награда видео-сторијата за процесот на денационализација на Петар Клинчарски од...

Фондот за иновации го објави третиот предизвик за млади истражувачи

Основните и средните училишта ќе може да аплицираат за третиот „Предизвик за млади истражувачи“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), од денеска до 16 март. Проекти кои ќе бидат прифатени се од областа на природните и техничките науки кои би се реализирале за максимум шест месеци. Вкупниот буџет за годинашниот предизвик е шест милиони денари или од 100.000...

Седматa годишна истражувачка конференција на Народна банка, денеска почна во Охрид

Седматa годишна истражувачка конференција на Народна банка, денеска почна во Охрид. Конференцијатa продолжува и утре, а традиционално се организира во знак на одбележување на монетарното осамостојување на Македонија, е насловена „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. „Денеска ќе бидат разгледани повеќе теми, меѓу кои: реалната конвергенција на земјите од регионот, финансиската интеграција и...

Во Европа, 4.500 луѓе годишно умираат од издувни гасови

Истражувачите соопштија дека годишно во Европа, прерано умираат повеќе од 4.500 лица, затоа што автомобилите на дизел-горива емитуваат повеќе штетни гасови отколку што производителите тврдат, пишуваат светските медиуми. Студијата е објавена две години откако „Фолксваген“ призна дека лажел на тестовите за емисија на штетни гасови со вградување нелегален софтвер во милиони свои возила на дизел-мотори. Се проценува дека ситните честички од...

Компаниите можат да ја користат мрежата ЕЕН за да го зголемат извозот на европскиот пазар

44 македонски компании склучиле деловни договори со странски компании со помош на Европската мрежа за бизнис можности (Enterprise Europe Network) ЕЕН, што претставува ЕУ-инструмент за  поддршка за интернационализација на малите и средни претпријатија, информираа денеска во Стопанска комора на Македонија. Со помош на оваа мрежа, македонските компании можат да ги пронајдат потенцијалните потрошувачи на европскиот пазар, каде што има 450...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...