fbpx
Таг: истрага

таг: истрага

На 31 март немало оружен грабеж кај Скопјанка

Веста за  грабежот што наводно се случил минатиот петок кај Скопјанка, се темелеше на сведоштво и фотографија од неименуван очевидец, читател на порталот што ја пласираше веста. Но, набрзо се покажа дека информацијата е погрешна, дека немало оружен грабеж во Скопјанка.  Тој ден МВР на посочената локација спроведувало истражни активности кои не се поврзани со грабеж, пишува „Вистиномер“ во својата...

Медена измама: Речиси половина од медот на европските пазари е вештачки

Речиси половина од медот увезен во Европската Унија најверојатно е вештачки, покажа истрагата на Канцеларијата за борба против измами на Европската комисија (OLAF) и Заедничкиот истражувачки центар (JRC), пренесе Јуроњуз. Од 320 тестирани примероци на мед, за 147 примероци (46 отсто) постои силен сомнеж дека содржат додавани шеќерни сирупи од ориз, пченица или шеќерна репка и дека вештачкиот мед не...

Убиен чувар при напад на телевизијата Топ Чанел во Тирана

Чувар го загуби животот синоќа кога непознати лица пукале од огнено оружје кон седиштето на националната телевизија Топ Чанел во Тирана, пренесе Гласот на Америка на албански јазик. Полицијата соопшти дека чуварот бил вработен во фирма за физичко обезбедување на објекти. Веднаш била формирана истражна група за расветлување на настанот, откривање и апсење на сторителите, но засега остануваат нејасни околностите,...

Уапсени три лица од струшко осомничени за полови дејства со деца

Струшката полиција уапси еден малолетник и две возрасни лица од струшките села Враништа, Драслајца и Мороишта поради основано сомнение за полови дејства со деца помлади од 15 години. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) денеска соопштија дека поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188, Прикажување порнографски материјал на дете...

Ковачевски: Истрагата треба да покаже како дојавувачите на бомби ги дознале новите мејл адреси на училиштата

Истрагата која ја води Министерството за внатрешни работи во врска со дојавите за бомби, треба да даде одговор на прашањето како и покрај променетите електронски адреси на училиштата кои се наоѓаат на заштитен сервер на Министерството за образование и наука (МОН), веднаш се нашле кај тие што ги испраќаат заканите. Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната посета на...

Ендру Тејт останува во притвор до 27 февруари

Судот во Букурешт во петокот одлучи дека Ендру Тејт мора да остане во притвор најмалку до 27 февруари, а истрагата за организиран криминал против поранешниот кикбоксер, инфлуенсер и прогласен женомразец продолжува, јави „Гардијан“. На барање на романската агенција за организиран криминал, „Дикот“, продолжен е притворот на Ендру Тејт, како и на неговиот брат Тристан, и на две осомничени Романки, од...

Тинејџери од Романија раскажуваат како им пристапил контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт

Дарија Гуса од Романија имала само 16 години и била сè уште во средно училиште кога добила приватна порака на Инстаграм од познатиот инфлуенсер Ендру Тејт, речиси 20 години постар од неа. Таа е една од двете тинејџерки кои за Би-би-си опишале како контроверзниот Ендру Тејт и неговиот брат Тристан им пристапиле на Интернет, очигледно користејќи стандарден пристап. „Пишуваше само...

Министерство за правда посочува неправилности во транспортот на избеганиот осуденик

Управата за извршување на санкциите во петокот спровела вонреден стручен надзор во КПД Идризово, со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бегството на осуденото лице Беким Мемети, информираше Министерството за правда. Со оглед на фактот, како што велат од Правда, што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски...

Ендру Тејт е приведен во Романија под обвинение за трговија со луѓе

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт е приведен во Романија како дел од истрага за трговија со луѓе и силување, објавија светските новински агенции. Според Би-би-си, Тејт бил приведен заедно со неговиот брат Тристан, а во неговата куќа во Букурешт бил спроведен претрес. Адвокатот на браќата го потврдил нивниот притвор, објави Ројтерс. Романските органи за организиран криминал и тероризам во соопштението не ги навеле...

Обвинителството нареди истрага на полицајци што примале поткуп на Табановце

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи против 12 лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, информираат од обвинителството. За овие лица, како што е наведено во соопштението, постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Злосторничко здружување“ и како...

Дисциплинска постапка за поранешната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска и две нејзини колешки

Дисциплинската комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донела Решение со кое „се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште две обвинителки од тоа обвинителство“, соопшти обвинителството. Всушност, станува збор за поранешниот прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Спасовски: Лажните дојави за бомби кај нас и во соседството следеа по руската инвазија на Украина

Во врска со дојавите за бомби кои деновиве повторно ги добиваат скопските училишта на своите електронски адреси, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека приоритет треба да ѝ се даде на истрагата. Прашањето е, додаде тој, дали овие хибридни закани доаѓаат од еден или од повеќе центри. „Веќе многу е распространето не само кај нас, туку и во соседството. Сега...

Го виделе во Белград, го следеле во Скопје, го нашле во Пловдив – американски екстремист лоциран од „Белингкет“

Десничарски екстремист од САД, што долго време се сокривал од правдата во својата земја, и откако бил препознаен во Белград, избегал и долго време бил недостапен, е лоциран во вториот најголем град во Бугарија, Пловдив, откри новинарската истражувачка организација „Белингкет“. Роб Рандо „се влечка“ по судови - всушност, на судењата доаѓале само неговите адвокати - откако бил обвинет и осуден...

Обид за убиство во Велешта за долг од 2.000 евра, ОЈО отвори истрага

Основното јавно обвинителство од Струга отвори истраг против едно лице за кривично дело – убиство во обид, информираат во обвинителството. Како што е наведено во соопштението, заради тоа што постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител предлага мерка притвор.​​ „На 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот...

Една година од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица

Денеска се одбележува точно една година од несреќата во која трагично загинаа 45 патници, во најголем дел македонски државјани, кои патуваа со автобус на „Беса транс“ што изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, близу Перник. Спасени беа седум лица, а беа сместени во медицинскиот центар „Пирогов“ во Софија. Истрагата за несреќата не е завршена во Бугарија. Се чекаат одговори од...

Саботажа: Во Шведска пронајдени траги од експлозив на гасоводот „Северен тек“

Траги од експлозив се пронајдени на гасоводите на „Северен тек“ токму на местата од каде во септември на повеќе наврати имаше истекување на гас со што се потврдува дека пробивањата биле резултат на саботажа, соопшти шведското обвинителство. Како што пренесува „Гардијан“, анализите ќе продолжат за да се добијат поверодостојни докази и да се утврди дали може да се идентификуваат...

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во вкупно девет училишта

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира попладнево Министерството за внатрешни работи. Утрово, во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје...

Медиумската компанија на Доналд Трамп ги прекршила федералните закони, тврди свиркач

Ко-основачот на компанијата за социјални медиуми на Доналд Трамп стана свиркач, тврдејќи дека фирмата ги прекршила федералните закони за хартии од вредност и дека поранешниот американски претседател вршел притисок врз извршните директори да ѝ ги предадат акциите на неговата сопруга Меланија Трамп, објави „Вашингтон Пост“. Поранешниот извршен директор на „Трамп Медиа енд Технолоџи Груп“, Вил Вилкерсон, пријавил дека за да...

Обвинителството го истражува силувањето на малолетничка во прилепско, осомничениот во притвор

Основното јавно обвинителство во Прилеп почна истрага против едно лице на возраст од 21 година, кое се сомничи дека пред два дена силувал малолетничка. На осомничениот во следните 30 дена му е определен притвор, по предлог на надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп Според известувањето од Обвинителството, момчето се сомничи дека сторило кривично...

Компанија за електронски цигари ќе плати 440 милиони долари поради создавање зависност кај тинејџери

Американскиот производител на електронски цигари „Џул Лабс“ (Juul Labs) ќе плати речиси 440 милиони американски долари како спогодба по двегодишната истрага спроведена во 33 држави во САД за маркетингот на компанијата околу производите за испарување со висока содржина на никотин, поради што компанијата беше обвинета за предизвикување на пораст на пушењето електронски цигари меѓу тинејџерите, пишува „Гардијан“. Дополнително, „Џул“ се...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...