fbpx
Таг: истрага

таг: истрага

Онколошките пациенти влегуваат во обвинителството: Бараме вистина и одговорност!

По завршените работни обврски и два родителски состанока, 41-годишната Ана Марјановиќ и вчера, трет ден по ред, со своите „соборци“ стои со транспарентот во рака пред Јавното обвинителство, барајќи одговори за случајот со Клиниката за онкологија - дали имало злоупотреби со терапиите што ги примале пациентите болни од рак и дали ќе има одговорност. Како пациент на клиниката, дијагностицирана...

Ковачевски: Име и презиме и санкции за сите инволвирани во случајот Онкологија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска даде поддршка на Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство во расчистувањето на случајот со крадени скапи лекарства на Клиниката за онкологија. Ковачевски посочи дека се работи за наводи што се грозни и што не смеат да се случуваат, но за кои што сме слушале во текот на изминатите 20 години. „Ова е првпат да биде...

Татко под истрага за полови дејствија кон сопствената малолетна ќерка

Основното јавно обвинителство Кавадарци, донело наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник, за кого постои основано сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија кон сопствената малолетна ќерка. Според информациите од Обвинителството, постои сомнение дека таткото во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи го тоа што со девојчето живеел во иста семејна заедница, ѝ прикажувал видеа...

Ново обвинение против Трамп и неговите сојузници во Џорџија поради изборите во 2020 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет за обид да го поништи изборниот пораз во 2020 година во американската сојузна држава Џорџија. Трамп, кој е водечки републикански кандидат за претседател и на изборите во 2024 година, е обвинет заедно со 18 негови соработници, пренесува Би-би-си. Обвинителката на Џорџија, Фани Вилис, првпат започна истрага против Трамп и соработниците во февруари 2021 година...

Двајца браќа брутално претепале возач заради недоразбирање во сообраќајот

Основното јавно обвинителство - Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 од Кривичниот законик. Како што информираат во Обвинителството, на 12 август, двајцата осомничени со умисла нанеле тешки телесни повреди врз едно лице и го довеле...

ОJO со детали за несреќата во која загина пешак: едниот возач поминал на црвено, другиот возел пребрзо

Основното јавно обвинителство (ОЈО) донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца возачи, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, информираа во Обвинителството. Станува збор за тешката сообраќајна несреќа на 31 јули годинава, во 23.20 часот на крстосницата што ги поврзува булеварот Босна и Херцеговина и Македонско-косовска...

Обвинителството истражува убиство во велешко

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25 годишен жител на селото Виничани, за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело  Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, инфомираат во Обвинителството. „На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото...

Бугарски медиуми: Остри реакции по средбата на дечиња од С.Македонија со бугарскиот претседател

Северна Македонија води истрага за средба на македонски деца со бугарски политичари, вклучително и со бугарскиот претседател Румен Радев, пренесува mediapool.bg. Истрагата почнала по пријава од СВР Битола до Обвинителството против ликовното студио „Мал Битолски Монмартр“, обелодени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на реализацијата на иницијативата „Отворен Кабинет“. Студиото носело деца неколкупати во Бугарија, вклучително и поради средби...

Уапсени 15 лица за проневера на 840.000 евра, меѓу нив и ексфункционерот на ДУИ, Исмет Гури

Обвинител донел наредба за спроведување на истражна постапка против три фирми и 15 лица, меѓу кои и поранешниот функционер од ДУИ, Исмет Гури, неговиот син и вработени во УЈП. Од обвинителството тврдат дека станува збор за повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а денеска од страна на МВР била...

Контраспин: Како Мицкоски пронајде врска меѓу истрагата за спомениците и идентитетот

Случајот може да се разгледува од неколку аспекти, кривично-правен, политички, односно влијание на политиката врз правосудството, корупциски/антикорупциски, на залудно потрошени/украдени пари (33 – те градинки на СДСМ, иако и тоа е спин само по себе), но никако не може да се разгледува од аспект на случај кој во позадина го загрозувал македонскиот идентитет. Токму таква врска некако успеа да...

Претреси на 24 локации и уапсени 18 лица во голема истражна акција за шверц на луксузни автомобили

Дваесет лица се сомничат, а 18 се уапсени во голема истрага на полицијата и на обвинителството. Во текот на ноќта и утринава, извршени биле претреси на 24 локации, запленети биле 14 автомобили и еден мотор, во вредност од половина милион евра. По две лица се трага и за нив ќе биде предложена мерка притвор во отсуство. Истрагата, како што соопшти...

Обвинителството бара политичките партии да не ја злоупотребуваат истрагата за „Феникс“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска, а по изјавите на дел политичари во врска со предметот „Феникс“, односно леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, побара политичките партии да престанат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка, како и кое било друго постапување на обвинителството. „Ги потсетуваме сите политички чинители...

Во Хаг почнува со работа Меѓународниот центар за истрага на војната во Украина

Денеска во Хаг се отвора Меѓународна канцеларија за истрага на руската инвазија врз Украина, како прв чекор кон можен суд за раководството во Москва, јавува „Гардијан“. Во Меѓународниот центар за гонење на криминалот за агресијата учествуваат обвинители од Украина, ЕУ, САД и Меѓународниот кривичен суд, објави агенцијата Франс-прес. Центарот ќе истражува и ќе собира докази, а неговите активности се сметаат за...

Истрага против багеристот кој прегази жена на пешачки премин

Основното јавно обвинителство Скопје информираше оти е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1. Како што соопштија од обвинителството, осомничениот 42-годишник од Скопје во саботата на...

Истрага за „Скопје 2014“: Владимир Тодоровиќ во куќен притвор, Здравев во притвор, еден е во бегство

Куќен притвор за поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, вечерва одредил судијата на претходна постапка за случајот „Феникс“, а во врска со леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, за кои обвинителството отвори истрага поради сомнежи за перење пари и злоупотреба на службената положба. Обвинителството побара притвор за седум лица. Од нив, судијата на претходна постапка...

15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

Воинот на коњ, двата пара лавови, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први, АСНОМ, Основачите на ВМРО. Ова се единаесетте споменици за кои Јавното обвинителство, по долги години предистражна постапка, отвори истрага - сомнежите се дека 15 лица переле пари за нивното леење во Италија. Од буџетот на граѓаните се плаќале високи суми...

Обвинителството нареди истрага против косовски државјанин кај кого е пронајдено големо количество муниција

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Обвинителството, на 18 јуни,...

Доналд Трамп обвинет за погрешно постапување со стотици доверливи документи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет за погрешно постапување со стотици доверливи документи, вклучувајќи и такви за американски нуклеарни тајни и воени планови. Обвинителите велат дека кога Доналд Трамп ја напуштил функцијата претседател, однел околу 300 доверливи досиеја во Мар-а-лаго – неговиот дом во Палм Бич, кој истовремено е седиште на приватен клуб каде се одржувале настани за десетици...

Момчето што уби соученици во Белград имало список, план и молотови коктели, уапсен е и неговиот татко

Србија прогласи тридневна жалост по вооружениот напад во кој 14-годишен ученик уби осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и рани четири момчиња, две девојчиња и наставничка. Претставникот на Министерството за внатрешни работи на Србија, Веселин Милиќ, на прес- конференција изјави дека ученикот од седмо одделение Коста К., во 8.42 часот самиот повикал полиција и кажал...

Притвор за тетовец осомничен дека силувал 14-годишно девојче

Тетовското јавно обвинителство донело Наредба за спроведување истрага против 19-годишник за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, според член 188 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничениот на 12 април годинава, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана силувал 14-годишно девојче. Тој, заедно со уште едно...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...