Таг: истрага
таг: истрага
Се чека одлука за втора истрага за пожарот во Модуларната болница во Тетово
Иако поминаа седум месеци откако Јавното обвинителство во август 2023 година информираше дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага за пожарот во модуларната болница, во кој изгореа 14 лица, од оваа институција за Порталб.мк нагласуваат дека Обвинителството е пред донесување на одлуката, но не наведуваат конкретен датум.
Обвинителството за Порталб.мк нагласи дека овој предмет е...
Обвинителството четири месеци не постапува за узурпираниот паркинг зад Поликлиника Бит Пазар
Поминаа четири месеци откако полицијата поднесе кривична пријава против две лица во врска со узурпација на државен имот и трансформација на истиот во приватен паркинг со наплата, но Обвинителството сѐ уште нема преземено конкретни мерки. Нелегалното паркиралиште продолжува да функционира во нормални услови, како ништо да не се случило, пишува Порталб.мк.
„Предметот е во фаза на предистражна постапка во рамки...
Не е точно дека три лица по кои се трагало за случајот „Онкологија“ избегале во странство
Предметот за Клиниката за онкологија премина од предистрага во истрага, а осомничени се пет лица. Но, според обвинителката која го води предметот Ана Гоговска Јакимовска, нема лица по коишто ОЈО трага, а кои се недостапни, односно нема лица што избегале во странство. Постојат други изолирани случаи поврзани со Клиниката за онкологија каде на некои поранешни вработени на Клиниката за...
Српски политичар врзан со Русија најавува детали од истрагата за убиството на Вања и Панче
Екстремниот српски десничар Срѓан Ного изминативе два дена објавува фотографии од настаните поврзани со грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а за денеска најавува и емисија од 16 часот во која ќе објавел како течела истрагата и кој ги решил двата случаи на киднапирање и убиство што ја потресоа македонската јавност.
Сепак, главното прашање што се поставува...
Купишта невистини за грабнувањето и убиството на Вања
Објавата шири низа невистини во врска со грабнувањето и убиството на Вања. Не е вистина дека имало втор обид за киднапирање, не е вистина дека мајката го пријавила исчезнувањето на ќерката ден пред нејзиното киднапирање, не е вистина дека таткото не го пријавил исчезнувањето на неговата ќерка и не е вистина дека полицијата нема докази од снимки од камери,...
Спасовски: Има нови аспекти за двојното убиство, се обезбедуваат докази
Министерството за внатрешни работи (МВР) постапува и понатаму во врска со случајот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Има и нови аспекти кои мора да се анализираат. Треба да се обезбедат докази и информации. За сè што ќе побара Јавното обвинителство ние максимално ќе постапиме. Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во...
Убиството на Вања злоупотребено за заговорнички теории дека била жртва на сатанистички ритуал
Сатанистички ритуал не е споменат во ниту еден дел од досегашните сознанија на истражните органи за убиството на Вања Ѓорчевска. Во објавата се споделува комплетно непоткрепена со докази и факти теорија на заговор, како и нелогичност дека првоосомничениот за убиство и грабнување бил „наместен“ и покрај тоа што оние кои го посочија како извршител на кривичното дело убиство, самите...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни аршини за дезинформациите околу двојното убиство
Кратка анализа на јавната комуникација на двете главни политички партии од власта и опозицијата околу двојното убиство што ја потресе земјата, покажува разлики меѓу двете партии: СДСМ, сепак, делуваше поодговорно, додека ВМРО-ДПМНЕ – дури и ако се земе предвид легитимитетот на опозицијата да поставува прашања или предизборниот период – ја занемари одговорноста кон јавноста и придонесе наместо за смиреност,...
Истрага против пазарен инспектор осомничен за примање поткуп
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица отворило истражна постапка против едно лице од Струмица за кое постои сомнеж дека примил мито.
Струмичанецот бил вработен во Државниот пазарен инспекторат како помлад пазарен инспектор и во два наврата директно побарал и примил парични средства од лица од Радовиш за да не изврши службени дејствија што морал да ги спроведе, информираа од...
Случај „Синџир“: 26 физички лица и 28 фирми се сомничат дека го оштетиле буџетот за 8 милиони евра
Врз основа на спроведената акција од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што го спроведе Финансиската полиција, осомничени се 26 физички лица и 28 фирми. Денеска, по повеќемесечна истрага, имаше голем претреси на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, а сомнежите се дека буџетот е оштетен за...
Истрага за 81 годишен маж кој вршел полови дејствија врз деветгодишно девојче
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, донел наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години, соопштија оттаму.
„Осомничениот, искористил прилика во која деветгодишното девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал....
Обвинители од земјава во Косово бараа докази за злоупотреби на Клиниката за онкологија
Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден биле во косовското Обвинителство и оствариле директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, информираа од Јавното обвинителство.
„Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа на...
Избодел со нож двајца скопјани откако го предупредиле дека вози брзо на плочникот во ТЦ „Бисер“
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство и Предизвикување општа опасност.
Од обвинителството соопштуваат дека на 11 септември, осомничениот се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале затоа што со голема брзина управувал автомобил „Ленд ровер“ по плочникот кај трговскиот центар...
Првите наоди од обвинителството за Клиниката за онкологија укажуваат на дела против здравјето на луѓето
Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, соопштуваат од Јавното обвинителство, во однос на објавените информации дека со години на клиниката имало злоупотреби со...
Обвинителството ќе им дозволи на тројца онколошки пациенти да имаат увид во предистрагата
Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат...
За скандалот на Онкологија од ВМРО-ДПМНЕ бараат разрешница, премиерот вели дека ќе ја има
Новинарката на „Фокус“ Ирена Мулачка во интервју за новинската агенција „Макфакс“ зборуваше за патот на злоупотребата на лекови на скопската Клиника за онкологија, потенцирајќи дека биолошката терапија што требало да ја примаат пациентите болни од рак се препродавала најверојатно во Косово, а во разработената шема учествувале одделни лекари, поранешни директори, медицински и одделенски сестри, благајни, возачи, секретари и чувари.
Од...
Онколошките пациенти со апел да се пријават сите злоупотреби на Клиниката за онкологија
Тројца онколошки пациенти денеска беа примени на разговор во Јавното обвинителство, од страна на Гаврил Бубевски, основен јавен обвинител на ОЈО, Ана Гоговска, надлежен јавен обвинител за предметот и Билјана Арсовска, советник-портпарол на Јавното обвинителство.
Овие пациенти, како што веќе објави Мета.мк, секојдневно во 19 часот протестираат пред обвинителството, со барања за вина и одговорност, а во однос на сомнежите...
Онколошките пациенти влегуваат во обвинителството: Бараме вистина и одговорност!
По завршените работни обврски и два родителски состанока, 41-годишната Ана Марјановиќ и вчера, трет ден по ред, со своите „соборци“ стои со транспарентот во рака пред Јавното обвинителство, барајќи одговори за случајот со Клиниката за онкологија - дали имало злоупотреби со терапиите што ги примале пациентите болни од рак и дали ќе има одговорност. Како пациент на клиниката, дијагностицирана...
Ковачевски: Име и презиме и санкции за сите инволвирани во случајот Онкологија
Премиерот Димитар Ковачевски денеска даде поддршка на Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство во расчистувањето на случајот со крадени скапи лекарства на Клиниката за онкологија. Ковачевски посочи дека се работи за наводи што се грозни и што не смеат да се случуваат, но за кои што сме слушале во текот на изминатите 20 години.
„Ова е првпат да биде...
Татко под истрага за полови дејствија кон сопствената малолетна ќерка
Основното јавно обвинителство Кавадарци, донело наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник, за кого постои основано сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија кон сопствената малолетна ќерка.
Според информациите од Обвинителството, постои сомнение дека таткото во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи го тоа што со девојчето живеел во иста семејна заедница, ѝ прикажувал видеа...