Полицијата во Истанбул предупредува за можни напади во градот


Истанбул, 27 јули, 2015 - 21:10 (META) 

Дирекцијата на полицијата во Истанбул испратила писмен документ до сите единици со предупредување за можни напади во градот, објави „Тудејс заман“.

Предупредувањето се однесува за места каде се собираат голем број луѓе, поточно за главните автобуски и метро-рути низ градот.

Турција почна големи антитерористички акции во петокот против повеќе илегални групи, вклучувајќи ја Исламската држава и Курдската работничка партија.

Акциите почнаа откако напаѓач-самоубиец, за кого се смета дека припаѓа во ИД, изврши напад во градот Суруч. Во нападот загинаа 32 лица.


Се спроведува антитерористичка акција во Истанбул


Истанбул, 24 јули, 2015 - 10:05 (META) 

Полицијата во Истанбул спроведува голема антитерористичка акција, која е насочена против групата Исламска држава и младински структури на Курдската работничка партија (ПКК).

Акцијата во Истанбул истовремено е почната во повеќе квартови на градот, меѓу кои во Окмејдан, Султангази, Сариер и други.

Во операцијата учествуваат повеќе од 500 полицајци, а според полициски извори, оваа антитерористичка акција во Истанбул се спроведува на повеќе од 100 адреси, за кои се верува дека се поврзани со ИД и со курдските бунтовници.

Полицијата е поддржана и од воздух, со хеликоптери. Во неа се вклучени претставници на специјалните сили и на силите за брзо реагирање.


Коце Трајановски се сретна со Кадир Топбаш, градоначалникот на Истанбул


Истанбул, 20 април, 2015 - 17:15 (META) 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска се сретна со градоначалникот на Град Истанбул, Кадир Топбаш.

Топбаш на средбата истакнал дека овие средби ќе придонесат за подобрување на односите меѓу нас во економската, трговската и во културната сфера.

– На средбата со градоначалникот Топбаш, договоривме неколку значајни работи, пред сè, во областа на размената на искуствата, каде што ќе биде направена размена на нашите административни служби во одделни области на работењето, како што е областа на урбанизмот, финансиите, правните работи. Исто така, една голема делегација од сите членови на Советот на Град Скопје ќе го посети Истанбул, каде ќе се запознаат со начинот на функционирањето на овој град. Дополнително дискутиравме околу прашања од областа на сообраќајот, урбанизмот, хортикултурата, градежништвото, поточно за сите области што се во надлежност на локалната самоуправа и мислам дека токму локалната самоуправа е една од најдобрите можности за соработка меѓу државите, бидејќи проблемите со кои се соочуваат градовите, независно од која земја, се исти – рече Трајановски.

Во наредните неколку дена во Истанбул ќе престојува делегација составена од членови на Советот на Град Скопје, како и повеќе од 80 средношколци кои ќе имаат спортски натпревари со нивните соученици од средните училишта од Истанбул во ракомет, кошарка, фудбал и во одбојка.


Пропадна ресторанот на Џејми Оливер во Истанбул


Истанбуl, 26 јануари, 2015 - 13:58 (META) 

Иако се наоѓаше во трговскиот центар „Зорлу малу“ во Истанбул, кој вреди 2,5 милијарди евра, за само 14 месеци пропадна ресторанот на познатиот готвач Џејми Оливер.

Според медиумите, за тоа е виновна лошата економска клима.

 


Прандели: Пандев е повреден, затоа остана во Истанбул


Истанбул, 4 ноември, 2014 - 15:23 (META) 

Галатасарај вечерва ќе има тешка задача да оствари позитивен резултат на гостувањето кај Борусија Дортмунд, а тренерот Чезаре Прандели објасни поради кои причини македонскиот интернационалец Горан Пандев останал во Истанбул.
Турските медиуми силно шпекулираа дека поранешниот напаѓач на Наполи е изоставен од тимот поради исклучително лошата форма, но, сепак, италијанскиот стручњак се обиде да ја смири тензичната ситуација поврзана околу името на Пандев.
– Горан Пандев заработи повреда на последниот трениг и само поради тоа не е во составот. Не сакавме да ризикуваме со него, тоа е единствената причина поради која тој не отпатува со нас во Дортмунд – истакнал тренерот Прандели, чија работа е доведена во прашање по неочекувано слабите резултати на Галатасарај во Лигата на шампионите, но и во домашниот шампионат.