fbpx
Таг: Истанбул

таг: Истанбул

Бан Ки-мун го осуди нападот во Истанбул

Генералниот серкетар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, го осуди нападот во Истанбул и во писмена изјава изрази надеж дека виновниците за „тоа одвратно насилство“ ќе бидат изведени пред суд со почитување на правата на човекот. Во самоубиствен напад во Истанбул, вчера беа убиени четворица странски туристи–Израелци и еден Иранец, а 36 луѓе беа ранети, меѓу кои и граѓани на...

Во самоубиствен бомбашки напад во Истанбул загинаа најмалку четири лица

Денеска, при самоубиствен бомбашки напад на главната трговска улица во центарот на Истанбул, најмалку четири лица загинаа, а 20 други се повредени. Нападот се случил на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници на познати домашни и на странски брендови. Меѓу загинатите при експлозијата се претпоставува дека е и бомбашот самоубиец. Турските власти неодамна...

Напад на полициска станица во предградие на Истанбул

Во преградие на Истанбул денеска е нападната полициска станица, а при нападот нема повредени лица, јавуваат турските медиуми. Медиумите наведуваат дека нападот на зградата на полицијата го извршиле две жени. Турската телевизија „Си-ен-ен Турк“ наведе дека напаѓачите останале заробени во зградата, додека весникот „Хуриет“ пренесува дека жените пукале од возило во движење, а потоа побегнале.

Македонски готвачи освоија седум награди во Истанбул

Тим македонски готвачи - шефови на кујни, кои учествуваа на 14. Светски гастрономски натпревар во Истанбул, од 11 до 14 февруари, се вратија со полни раце награди, пренесе порталот „Убавина и здравје“. Станува збор за еден од најголемите интернационални натпревари, кој го организира Федерацијата на готвачи и на шефови на Турција, а Македонија првпат учествува како национален тим под патронатот...

Поради снег откажани 500 летови од Истанбул

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска откажа 500 домашни и меѓународни летови од Истанбул поради снегот. Компанијата во соопштението наведува дека летовите се откажани од аеродомите „Ататурк“ и „Сабоха Гокчен“, а патниците се советуваат да го проверуваат статусот на својот лет пред да тргнат кон аеродромот. Поради силниот југозападен ветер, викендов беа откажани 95 меѓународни и домашни летови од аеродромот „Ататурк“.

Тројца Руси уапсени за вчерашниот терористички напад во Истанбул

Турската полиција уапсила тројца руски државјани поради сомневање дека се вмешани во терористичкиот напад што вчера се случи во Истанбул. Како што пренесе турската агенција „Доган“, Русите се уапсени во медитеранскиот град Анталија, а притоа биле запленети и „одредени документи“. Рускиот конзулат во Анталија потврди дека тројца руски државјани се задржани во притвор поради сомневање дека се во врска со Исламска држава. Во...

Осуда за терористичкиот напад во Истанбул

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, гo осудија денешниот напад во Истанбул, додавајќи дека одговорот на тероризмот мора да биде одлучен. - Европа плаќа висока цена за тероризмот, кој се обидува да ја ослаби нашата доверба во човековите вредности и да го поткопа нашиот начин на живот, но тоа нема да...

Напаѓачот во Истанбул е Сириец

Заменик-премиерот на Турција, Нуман Куртулмус, потврди дека утринскиот терористички напад во Истанбул го извел државјанин на Сирија, роден 1988 година. По состанокот за безбедноста, одржан во Анкара, Куртулмус им се обрати на новинарите заедно со министерот за внатрешни работи, Ефкан Ала, и со министерот за здравство Мехмет Муезиногку. - Потврдено е дека распарченото тело во експлозијата му припаѓа на бомбашот-самоубиец. Врз...

Експлозија во центарот на Истанбул, има и жртви

Центарот на Истанбул денеска го потресла експлозија во која има жртви, објави новинската агенција „Доган“. Експлозијата се случила на централниот плоштад Султанахмет, што е туристичка атракција во Истанбул. Сведоците изјавиле дека слушнале силна експлозија, а наводно била предизвикана од бомбаш-самоубиец. Телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“ ги објави снимките на кои се гледа како на местото стигнуваат полиција и брза помош. Причината за експлозијата сè...

Почнува судењето на Фетулах Ѓулен, најголемиот противник на Ердоган

Денеска во Турција почнува судењето на Фетулах Ѓулен, турски проповедник и политичар и најголем ривал на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Судењето ќе се одржи во главниот суд во Истанбул и претставува дел од острите мерки против движењето на Ѓулен, кои владата ги опишува како борба против „паралелна држава“. Ѓулен (74) му беше сојузник на Ердоган кога неговата Партија на правдата...

Снегот предизвика хаос во Истанбул

Обилните врнежи од снег денеска предизвикаа сообраќаен хаос во Истанбул, јавува агенцијата „Џихан“. Поради снегот кој почнал да паѓа синоќа, десетина возила се блокирани на плоштадот Таксим. Снежните врнежи го попречиле градскиот сообраќај, па некои патници биле принудени да излезат од автобусите и да продолжат пеш. Некои возачи биле принудени да стават синџири на гумите, додека други ги критикуваа надлежните служби...

Уапсени Британец и двајца Пакистанци во Истанбул

Турските власти во Истанбул уапсиле еден Британец и двајца Пакистанци за кои постои сомнеж дека се членови на Исламска држава, јавуваат турските медиуми. Тројцата се на сослушување во суд, а потоа ќе им биде изречен притвор до почетокот на судскиот процес. Агенцијата „Џихан“ претходно јави дека синоќа антитерористичките единици на турската полиција извеле повеќе акции против лица што нападнале јавни институции и...

Турски државјанин исчезнал во Македонија, случајот го пријавила сопругата од Истанбул

Вчера, околу 15.30 часот, Ј.Д. од Истанбул, Турција, во полициската станица Бит-пазар пријавила дека не може да стапи во контакт со својот сопруг, кој бил Македонија поради работа. Според полицијата, Ј.Д. пријавила дека со нејзиниот сопруг А.Д. (38), последен пат се слушнала телефонски на 4 декември. Од тој ден, телефонскиот број преку кој контактирала со него бил исклучен, како и телефонскиот...

Никој не ја презема одговорноста за експлозијата во Истанбул

Експлозијата кај метрото во Истанбул била предизвикана од импровизирана бомба, но засега никој не ја презема одговорноста за нападот во кој се повредени шест лица, потврдија локалните власти. Експлозијата, која се случи вчера, предизвика паника во градот, во кој тензиите се зголемени по повеќето бомбашки напади во Турција. Атила Ајдинер, претседател на општината во која се наоѓа метро-станицата Бајрампаша, во европскиот...

Истанбул: Еден загинат во експлозија на метро-станица

Едно лице загина, а неколку се повредени при експлозија на истанбулската метро-станица Бајрампаша, јавува локалната телевизија „Хабер Турк“. Корисниците на социјалните мрежи објавија разни фотографии од евакуацијата на метро-станицата, додека локалните медиуми јавуваат дека возовите се сопрени. Според извештаите на турските медиуми, не станува збор за терористички напад, туку за експлозија на трансформатор за струја. #ISTANBUL #BAYRAMPASA METRO EXLOSION #turkey pic.twitter.com/3tzcUiUrUM — Eta...

Новинарка на „Би-Би-Си“ пронајдена обесена на аеродром во Истанбул

Новинарката на „Би-Би-Си“ и директорка на Институтот за воено и мирнодопско известување, Џеки Сутон, е пронајдена мртва на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, откако го пропуштила поврзувачкиот лет за Ирак. Педесетгодишната Сутон е пронајдена обесена во тоалетот, откако го пропуштила летот од Истанбул за Ербил. Според аеродромскиот персонал, Сутон изгледала вознемирено кога им соопштила дека мора да купи друг билет. Безживотното тело на...

Полицијата во Истанбул предупредува за можни напади во градот

Дирекцијата на полицијата во Истанбул испратила писмен документ до сите единици со предупредување за можни напади во градот, објави „Тудејс заман“. Предупредувањето се однесува за места каде се собираат голем број луѓе, поточно за главните автобуски и метро-рути низ градот. Турција почна големи антитерористички акции во петокот против повеќе илегални групи, вклучувајќи ја Исламската држава и Курдската работничка партија. Акциите почнаа откако напаѓач-самоубиец, за...

Се спроведува антитерористичка акција во Истанбул

Полицијата во Истанбул спроведува голема антитерористичка акција, која е насочена против групата Исламска држава и младински структури на Курдската работничка партија (ПКК). Акцијата во Истанбул истовремено е почната во повеќе квартови на градот, меѓу кои во Окмејдан, Султангази, Сариер и други. Во операцијата учествуваат повеќе од 500 полицајци, а според полициски извори, оваа антитерористичка акција во Истанбул се спроведува на повеќе...

Коце Трајановски се сретна со Кадир Топбаш, градоначалникот на Истанбул

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска се сретна со градоначалникот на Град Истанбул, Кадир Топбаш. Топбаш на средбата истакнал дека овие средби ќе придонесат за подобрување на односите меѓу нас во економската, трговската и во културната сфера. - На средбата со градоначалникот Топбаш, договоривме неколку значајни работи, пред сè, во областа на размената на искуствата, каде што ќе биде направена...

Пропадна ресторанот на Џејми Оливер во Истанбул

Иако се наоѓаше во трговскиот центар „Зорлу малу“ во Истанбул, кој вреди 2,5 милијарди евра, за само 14 месеци пропадна ресторанот на познатиот готвач Џејми Оливер. Според медиумите, за тоа е виновна лошата економска клима.  

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...