fbpx
Таг: испорака

таг: испорака

Учебната година ќе започне без учебници за трето и за шесто одделение, децата ќе учат од помошни материјали

Учениците во трето и во шесто одделение нема да добијат нови учебници согласно новата Концепција за основно образование, потврдуваат за Мета.мк одговорните во Министерството за образование и наука. Наместо тоа, учениците ќе учат од помошни материјали кои ги изработува Бирото за развој на образованието (БРО). „Годинава комплетно нови учебници треба да има за трето и шесто одделение, за што изработени...

Украина бара дополнително оружје, САД очекуваат пролетна офанзива

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека тој очекува од Украина да започне пролетна офанзива против Русија и ги повика земјите-членки на НАТО да ја интензивираат својата поддршка за Украина, пренесува Би-би-си. Остин говореше на прес-конференција што се одржа на првиот ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО во Брисел. Генералниот секретар на НАТО, Јенс...

„Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите од Нова година

„Макпетрол“ АД Скопје денеска соопшти дека од 1 јануари, повеќе нема да увезува и да им испорачува природен гас на неговите потрошувачи. Од „Макпетрол“ велат дека причина за ваквата одлука што наводно, според новиот Договор за интерконекција помеѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“ од Бугарија, повеќе не постоеле услови Макпетрол да увезува и да испорачува гас според досегашните норми. Од...

ЕСМ: Парно греење ќе има, гас набавен за цел декември од Макпетрол и ТЕ-ТО

АД ЕСМ се огласи со соопштение за граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. За цел декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, како и потребното дополнително количество од ТЕ-ТО. АД ЕСМ вели оти продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради...

Бугарија договори гас од САД по цени пониски од руските

Бугарскиот премиер Кирил Петков договорил достава на течен гас од САД за Бугарија по цени пониски од оние на „Газпром“, соопшти Службата на информирање на бугарската влада по средбата на Петков со американската заменик-претседателка Камала Харис. Доставата ќе почне во јуни, а засега нема информации за конкретните цени и обемот на доставата, пренесува бугарски „Медиапул“. На 27 април, Газпром ја...

БЕГ: Радијаторите се ладни поради ремонт на гасоводот на „Булгартрансгаз“

Причината за млаките или ладните радијатори овие неколку дена во Скопје, како што тврдат од  снабдувачот Балкан Енерџи Груп, наводно е намалената испорака на топлинска енергија поради ремонтот на гасоводниот крак кој води кон Македонија од страна на бугарската компанија „Булгартрансгаз ЕАД“. Тоа, пак, според нив, е причина за АД ГА-МА да испорачува помали количества на енергија. Според соопштението ваквата...

Превозот на стоки со воз во март намален за околу 20 отсто, нема доцнења на испораката

Железници на РСМ - Транспорт во март 2020 година регистрирале намалување на обемот на превезена стока за околу 20 отсто во товарниот железнички сообраќај, споредено со март 2019 година. Станува збор за првични показатели, а конечните податоци сѐ уште се обработуваат. Сепак, епидемијата на корона вирусот во нашата земја нема директно влијание врз функционирањето на товарниот железнички сообраќај. Кинеската...

Поради короната ќе доцни пристигнувањето на новите автобуси за ЈСП – Скопје

Пандемијата на корона вирусот ќе влијае и на испораката на новите еколошки автобуси за ЈСП - Скопје. Првата пратка од новиот возен парк требаше да пристигне до крајот на март, но поради околностите со вирусот Ковид-19 во речиси цела Европа таа ќе се одложи на неодредено време. Од Јавното сообраќајно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се во постојана комуникација...

Бизнисмените испорачаа седум приоритети до Владата за годината да биде економска

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК)  по одржаните состаноци со претседателството, регионалните комори и ресорните институции, испорача седум приоритети од приватниот сектор за остварување на основните предуслови за да има реална основа 2019 да биде економска година. Едни од барањата се обезбедување на сигурност за приватниот сектор, континуиран пораст на националното стопанство, да не се менуваат законите без активно учество...

ЕЛЕМ го раскина договорот со „Трансмет“, компанијата треба да плати 300.000 евра

ЕЛЕМ информира дека „Трансмет“ се откажал од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола, поради неможност да ги исполни обврските за ископ според утврдената динамика. „Од денеска договорот со „Трансмет“ е раскинат и ЕЛЕМ ќе ги преземе сите правни дејствија кои му стојат на располагање, согласно договорот и законите за да ја намали штетата која му е причинета од несовесното...

EДС на Анѓушев бара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО

Компанијата „Енерџи деливери солушн“ (ЕДС) побара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Македонија потпишан во декември 2016 година. Во барањето доставено од компанијата до МЕПСО, стои дека причина за барањето е избегнување на секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на сопственикот на компанијата, Кочо Анѓушев,...

За четири дена над 250.000 нарачки на новиот „тесла модел 3“

Елон Маск, основачот и шеф на американската компанија „Тесла моторос“, со седиште во Калифорнија, соопшти дека пред-нарачките на долгоочекуваниот електричен автомобил со ознака „модел 3“ ја надминале бројката од 250.000 возила, јавуваат светските медиуми. Станува збор за целосно електрично возило со пет врати, кое својата светска промоција ја имаше во четвртокот оваа недела. „Модел 3“ на „Тесла“, за разлика...

Под лупа договорите на „Газпром“ со европските клиенти за испорака на гас

Европската унија сака да ги испита сите договри што рускиот „Газпром“ ги потпишал со европските компании, заради сомнеж дека се наметнати неправедни цени кои ги прекршуваат трговските прописи на ЕУ, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, повикувајќи се на интерен документ на Европската унија. Според пишувањата на германскиот весник, ЕУ сака да ги добие на увид сите информации за договорите кои...

„Газпром“ бара гаранции од „Нафтогаз“ за испорака на гасот

Рускиот производител на гас „Газпром“ соопшти дека од украинската компанија „Нафтогаз“ побарале да им се обезбедат гаранции за количеството на гасот што имаат намера да го купат до крајот на март, пренесува „Ројтерс“. - Имајќи ја предвид тешката финансиска состојба на „Нафтогаз“, не треба да се очекуваат авансни уплати и обновување на договорот за руската испорака на гас пред крајот на годината -...

Давутоглу: Русија нема да ја сопре испораката на гас за Турција

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, денеска изјави дека не очекува Русија дека ќе ја прекине испораката на гас за Турција, но дека Анкара, сепак, се подготвува за такво сценарио. - Не мислам дека Русија ќе ја сопре испораката на гас. Имаме заемни обврски кои се регулираат според меѓународното право - изјавил Давутоглу. На министерството за енергетика на Турција му било наложено...

Русија, Украина и ЕУ го договорија зимскиот пакет за испорака на гас

Русија, Украина и Европската комисија постигнаа договор за зимскиот пакет за испорака на гас на Европската унија преку Украина. Договорот ќе почне да важи од 1 октомври, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак, по разговорот со официјалните лица на Европската комисија, известува „Ројтерс“. Официјална Москва ѝ го одобрила на Украина попустот на цената на гасот за последниот квартал на...

Украина: Следна рунда преговори за гасот, на крајот на август

Следната рунда преговори во врска со прашањето за испорака на рускиот гас на Украина ќе се одржи во Виена, на 27 и на 28 август, рече денеска министерот за енергетика и рударство на Украина, Владимир Демчишин. Тој на конференција за новинари, прецизираше дека преговорите на 27 и на 28 август ќе бидат двострани, односно дека ќе бидат вклучени тие и...

„Газпром“ ја стопира испораката на гас за Украина

Рускиот гингант „Газпром“ денеска потврди дека ја стопира испораката на гас за Украина, по неуспехот на разговорите за цената, јавуваат светските медиуми. Ова доаѓа еден ден по објавата на украинската државна енергетска фирма „Нафтогаз“ дека го суспендира купувањето гас од Русија откако разговорите со посредство на Европската унија за продолжување на испораката за наредните три до шест месеци, завршија без...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...