fbpx
Таг: Исламска држава

таг: Исламска држава

Двајца Швеѓани убиени во терористички напад во Брисел

Вчерашниот напад во главниот град на Белгија резултираше со двајца загинати и едно повредено лице. Сите тројца биле Швеѓани, а во исто време се одвивал фудбалски натпревар меѓу Шведска и Белгија на само 5 километри од местото на нападот, известува Скај њуз. При апсењето на осомничениот тој бил убиен. Белгискиот министер за внатрешни работи вели дека оружјето кое било на...

Истрелани ракети кон аеродромот во Кабул, силите на САД ги уништиле

Пет ракети утрово биле испукани од автомобил во правец на меѓународниот аеродром во Кабул, главниот град на Авганистан, но биле навремено уништени од системите за ракетна одбрана на САД, јави Би-Би-Си. Белата Куќа го потврдила нападот, но рекла дека и покрај него, ќе продолжи евакуацијата од Кабул без посебни измени. Авганистански медиуми објавија дека пет ракети биле испалени од автомобил во...

Над 100 загинати во нападите на аеродромот во Кабул, 13 од нив војници на САД

Повеќе од 100 луѓе, од кои 90 Авганистанци и најмалку 13 војници на САД, ги загубија животите во вчерашните бомбашки напади пред аеродромот во Кабул, главниот град на Авганистан, како и во неговата близина, кажуваат најновите податоци од утринава, известува Би-Би-Си. Една експлозија во толпата луѓе што чекаа шанса да бидат евакуирани со авион од аеродромот што го контролираат вооружените...

Терористички напад во Виена – 4 загинати, 17 повредени, полицијата трага по еден од напаѓачите

Најмалку 4 лица загинаа, а 17 се повредени во терористичкиот напад што вчера вечер се случи во Виена. Еден од напаѓачите е убиен од австриската полиција, додека останатите тројца биле случајни минувачи во Виена. Пукањето се случило на шест различни локации во центарот на главниот град, јавува Би-би-си. Австриската полиција трага по барем еден од напаѓачите, додека министерот за внатрешни...

Уапсени тројца домашни ИСИС-овци, запленето оружје, муниција и „појаси за самоубијци“ (галерија+видео)

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), вчера се уапсени тројца терористи кои се организирале по урнекот на ИСИС и сакале да извршат терористички дела. При претресите биле пронајдени и „појаси за самоубијци“. Уапсените претходно...

Регионот против дезинформациите: Мигрантите злоупотребени во лажни вести

Мигрантите во балканската медиумска сфера и понатаму се тема која се користи во создавање лажни вести во медиумите. „Фактограф“, хрватскиот сервис за проверка на факти и борба против дезинформирањето преку медиумите ги проверил пишувањата на неколку медиуми во земјата и лажната вест содржана во нив, дека мигрантите на островот Самос во средината на октомври направиле хаос. Хрватските медиуми тврделе дека мигранти...

Курдите тврдат дека го убиле и главниот помошник на ал-Багдади

Курдската милиција во Сирија „Единици за народна заштита“ денеска соопшти дека во заедничка акција на американските и нивните сили на северот на Сирија бил убиен и портпаролот на лидерот на Исламска држава, Абу ал-Хасан ал Мухаџир. Ал-Мухаџир, наведуваат Курдите, му бил десна рака на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесуваат британските медиуми. Тој бил откриен во близина на пограничното...

Пентагон: „Исламска држава“ повторно се враќа во Сирија

Според еден интерен извештај на Министерство за одбрана на САД, терористичката организација „Исламска држава“ (ИД) работи на тоа да поврати територии и влијание во Сирија, пишува францускиот весник „Ле Монд“, кој го видел извештајот. Генералниот инспектор на Пентагон во извештајот вчера предупредил дека „иако ,Калифатот' ја изгубил својата територија, има капацитети за бунт во Ирак и ги обновил своите активности...

Штурото соопштение за опасноста од ИСИС треба да се дообјасни за да не создава паника

МВР мора да ја дообјасни ситуацијата, особено опасноста од поддржувачи на Исламската држава на Ирак и Сирија (ИСИС) во земјава, затоа што со штурото соопштение предизвикува или паника, или недоверба кај граѓаните, сметаат експертите. Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, смета дека ситуацијата требало да се дообјасни „во некоја форма“, а пензионираниот полковник Благоја Марковски, поранешен портпарол на АРМ,...

Никола Димитров во дводневна посета на Вашингтон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, САД, каде ќе има средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк-тенк заедницата. Димитров ќе се обрати на  трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана од Атлантскиот совет на САД. Исто така, на покана на државниот секретар на САД, Димитров со...

Димитров на средби со Ди Карло и со колешките од Канада и Норвешка

На вториот ден на самитот на НАТО во Брисел, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на состанокот на земјите-членки на Глобалната коалиција, предводена од САД, за борба против тероризмот и Исламска држава. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, Димитров ги презентирал пред колегите активностите што Македонија ги презела за справување со заканите од тероризмот и насилниот...

ВМРО-ДПМНЕ: Само Талибанците, ИД и СДСМ уриваат споменици

Истото што го правеа Талибанците и Исламска држава во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, реагирајќи на отстранувањето на споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето од пред Врховниот суд. - СДСМ, кукавички во раните утрински часови решија да го задоволуваат својот...

Авганистанската влада ги засилува мерките за безбедност во Кабул

Авганистанската влада одобри нов безбедносен план за Кабул по низата напади на милитантите на главниот град, јавуваат светските агенции. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Нусрат Рахими изјавил дека планот ќе биде имплементиран во следните две недели. Тој изјавил дека повеќе од 100 улици кои водат кон центарот на Кабул ќе бидат под строг надзор. Планот содржи 52 мерки и...

Најмалку 11 загинати во напад на воена база во Кабул

Најмалку 11 војници загинаа, а 15 се ранети во напад на воена база во близина на воената академија во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти авганистанското министерство за одбрана, пренесуваат светските медиуми. Во нападот учествувале петмина милитанти, од кои четворица се убиени за време на нападот, а еден е уапсен, рекле од министерството. Како што јавува новинската агенција „Амак“, одговорноста за...

Уапсен осомничениот за бомбашкиот напад во Санкт Петерсбург

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денека соопшти дека го уапсила осомничениот за терористичкиот напад што се случи во супермаркет во Санкт Петерсбург, јавуваат руските новински агенции. Рачно изработена експлозивна направа на 27 декември експлодира во супермаркет на трговскиот ланец „Перекресток“ во Санкт Петерсбург, при што беа повредени 18 лица. Во соопштението на ФСБ не е објавен идентитетот на...

Во Турција уапсени 38 осомничени припадници на ИД

Турската полиција уапсила 38 лица, меѓу кои има и државјани на Сирија, поради сомнение дека се поврзани со Исламска држава. Операцијата на североистокот на земјата, бо провинцијата Бурса ја спровела полициската единица за борба против корупцијата, а претресени се куќи на повеќе локации во пробинцијата. Припадниците на ИД извршија повеќе напади во Турција, а изминатите години многу странци минаа низ Турција...

Пет загинати во експлозија во Кабул

Во експлозија која се случи во седиштето на авганистанската Национална разузнавачка агенција во Кабул загина најмалку пет лица, додека две се сериозно повредени. Како што соопшти полицијата, до експлозијата дошло откако бомбаш-самоубиец активирал бомба на влезот на агенцијата. Одговорноста за овој напад ја презеде Исламска држава, која се огласи преку својата новинска агенција Амак.

ИД не е скршена, планира напади во Европа, тврди уапсен џихадист

Борец на Исламска држава, уапсен на границата со Турција, изјавил дека ИД не е се распаднала туку дека нејзините борци се префрлени во Европа за да извршат напади. Британскиот весник „Дејли мејл“ наведува дека турските безбедносни служби минатиот месеци го уапсиле дваесет и шестгодишниот Садам ал-Хамади на турско-сириската граница. Тој тврди дека ИД не се распаднала, туку дека нејзините борци...

Уапсени 23 странци во Истанбул кои планирале голем напад

Во голема операција на антитерористичките единици денеска во најголемиот турски град Истанбул се уапсени 23 странски државјани, под сомнение дека се припадници на терористичката Исламска држава и дека подготвувале голем напад. При претресите биле запленети голем број на документи на ИД и дигитални материјали.

Ирак објави победа во војната против Исламска држава

Ирак денеска објави дека војната против Исламска држава (ИД) е завршена, по повеќе од три години воени операции со кои припадниците на терористичката ораганизација се изгонети од териториите во Ирак што ги беа окупирале. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади прогласи дека ирачките вооружени сили целосно ја контролираат границата со Сирија, а владиниот портпарол појасни дека овој развој на настаните значи...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...