fbpx
Таг: искршен

таг: искршен

За дивеењето на Бит-пазар, во полиција повикани малолетници и тројца возрасни

Заради расчистување на вчерашното дивеење на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, близу Битпазар, полицијата повикала седум малолетници и тројца возрасни на разговор во полициската станица „Битпазар“. Како што соопштува МВР, во инцидентот во кој повреди добиле три лица, кои побарале лекарска помош во Ургентен центар и по интервенцијата биле пуштени на домашно лекување, учествувале голем број лица. Во полициска станица...

Искршен штаб на ДУИ во Скопје Север

Изборен штаб на ДУИ во населбата Скопје Север бил оштетен од засега непознат сторител, извести СВР Скопје. Штабот  се наоѓа на улицата Тале Христов, а биле искршени две стакла од излогот и стаклена врата. Во полиција случајот бил пријавен вчера во 15.25 часот. СВР Скопје вели дека се работи на откривање на сторителот.

Само половина кампања, а цела серија инциденти, крв, насилства…

Предизборната кампања за локалните избори е веќе на половина, а е силно обележана со насилство, крв, солзи, палки, куршуми и со демолирање изборни штабови. Во најновиот случај, Елвис Бајрам, актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, и Аднан Мемет, шеф на неговиот изборен штаб, вчера изеле ќотек во населбата Шуто Оризари. Според тоа што го кажаа, четири непознати лица физички го нападнале прво...

Искршен изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение информираше дека е искршен партискиот изборен штаб во Битола. Според нив, искршениот штаб е доказ за нервозата на СДС од поразот на претстојните локални избори. „Нервозата во СДС се зголемува и како поминува времето, соочени со изборниот пораз, сè повеќе се дрзнуваат кон недемократски чекори кои само сведочат за изборниот пораз што ќе го доживеат. Токму затоа е...

Искршени стакла на изборен штаб на Беса во Скопје Север

Ноќта меѓу саботата и неделата биле искршени две стакла на излогот на изборниот штаб на Беса на улицата Тале Христов во скопската населба Скопје Север и биле искинати шест плакати, соопшти СВР Скопје. Настанот  бил пријавен вчера. Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.

Заев во Прилеп најави општински дебати и пријателска кампања

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска во Прилеп најави новост во кампањата на неговата партија - општински дебати. Првата ја отвори денеска напладне, во градот под Марковите кули, и порача дека со тоа кампањата на СДСМ и на коалицијата добива „нов модерен стил и формат“. - Драго ми е што, еве, денеска почнуваме со еден нов модерен стил...

Искршен излог на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Искршен излог на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ на улицата Моша Пијаде во Кавадарци бил пријавен вчера претпладне во полициската станица во градот.  Како што извести МВР, стаклото било искршено со камен во периодот од завчера вечерта до вчера наутро. По сторителот се трага.

Искршени прозорците на штаб на СДСМ во Арачиново

Од непознато возило во движење, непознати лица фрлиле разни предмети кон прозорците при што искршиле четири прозори од партискиот штаб на СДСМ во Арачиново. Случајот го пријавил во полиција И.Ф. од Арачиново, кој е сопственик на куќата каде што се наоѓа партискиот штаб, а според полициските информации, настанот се случил околу 5 часот утрово. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...