fbpx
Таг: исклучување

таг: исклучување

Повторно вклучена струјата во МЖ Транспорт, Владата ќе го спаси и Клинички од исклучување

По неколку часа откако ЕВН ја исклучи струјата во „Железници Транспорт“ поради долг од 6,5 милиони евра, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека струјата во оваа институција е повторно вклучена. Тој најави дека ќе се реши проблемот и со другите државни институции коишто со години натрупувале големи долгови за потрошената електрична енергија, како што е Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, чиј долг...

Вистиномер: Централниот одбор не го потврдува само исклучувањето на Димитриевски од СДСМ, туку расправа во негово присуство

Максим Димитриевски најверојатно ќе биде исклучен од партијата. Но, постапката не е така едноставна како што ја прикажува лидерот Зоран Заев, пишува „Вистиномер“ во новата анализа. Текстот го пренесуваме во целост: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, даде изјава за постапката и причините за исклучување од членството на партијата на Максим Димитриевски, градоначалник од СДСМ, при што ја искажа следна изјава што...

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре без вода

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре ќе бидат без вода, поради интервенција за отстранување дефект, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје. Поради интервенција на затворач Ф500мм на крстосницата на ул.Цветан Димов и ул.Џон Кенеди, водата ќе биде сопрена утре во 8 часот. Поради тоа без вода, сè до успешното отстранување на дефектот, без вода ќе бидат цела...

Белорусија исклучена од учество на Евровизија 2021, понудени биле песни со политички референци

група Вал, Белорусија, Евровизија 2020 фото:Јутјуб
Белорусија е исклучена од учеството на Евровизија во 2021 година, што треба да се одржи во Ротердам, Холандија, од 18 до 22 мај 2021 година, откако се покажа дека обете песни што се доставени „сe кршење на правилата на конкуренција “, пишува „Глобал воис“. Европската унија за радиодифузија, која е одговорна за организирање на годишниот натпревар на пеење, на почетокот...

Утре на „Часот на планетата Земја“ еден час во мрак ќе потонат неколку локации во Скопје и во Охрид

На 27 март, дванаесетта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Во 20:30 часот по локално време, еден час во мрак ќе потонат и над 180 земји и 7.000 градови ширум светот. Акцијата ќе патува низ часовните зони и милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање...

Без струја утре Гевгелиско и Дојранско

ЕВН Дистрибуција извести дека утре од 5 до 10 часот (наутро и претпладне) без струја ќе бидат Гевгелиско и Дојранско, поради модернизирање на tрафостаницата од 110/35/10 киловолти во Валандово, што треба да го изврши АД МЕПСО. „Без напојување со електрична енергија на 29.02.2020 (сабота), во периодот од 5 до 10 часот ќе бидaт корисниците од Гевгелија (освен централното подрачје), Негорци,...

EЛЕМ: Дебар утре без струја, заради сервисирање на трансформаторот

Компанијата ЕЛЕМ информира дека утре во Дебар ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија од 10 до 18 часот, заради сервисирање на трансформаторот преку кој градот се снабдува со струја. „Станува збор за редовно сервисирање на регулациона склопка од регулациониот 110/35 киловолтен трансформатор кој се наоѓа во хидроелектраната Шпилје, која постапка почна минатата недела и за која е потребно...

Груевски: Посакувам силно, обединето ВМРО ДПМНЕ, кое ќе го урне ова зло

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска рече дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањата од партијата, и дека се воздржува од коментар за тоа. Тој додаде дека посакува силно, обединето ВМРО-ДПМНЕ кое, како што рече, „што ќе го урне ова зло“, бидејќи кога ВМРО ДПМНЕ е силно, силна е и Македонија. – Добив покана, но не можев...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците кои гласаа за уставни измени

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (ИК) на вечерашната вонредна седница донесе одлука да ги исклучи од партијата седумте пратенци кои гласаа за измена на Уставот на Република Македонија заради имплементација на Договорот од Преспа, информираше лидерот на партијата Христијан Мицкоски на прес-конференција. - Оние седум пратенци од ВМРО-ДПМНЕ кои постапија спротивно на партискиот став и волјата на граѓаните, кој беше, пак,...

РКЕ ја намали цената на парното

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница одлучи да ја намали цената за потрошена топлинска енергија. Цената за дистрибуција на потршувачите на БЕГ се намалува 3,1 проценти за Скопје-Север за 0,76 проценти, а за ЕЛЕМ енергетика 1,13 проценти, и новите цени ќе важат од 1 август. РКЕ ја намали и цената за фиксните трошоци односно цената што ја плаќаа исклучените корисници...

ЕЛЕМ ќе ја исклучи електраната Осломеј, ќе го вклучи блокот 2 во РЕК Битола

АД ЕЛЕМ соопшти дека ќе ја исклучи термоелектраната Осломеј и на нејзино место ќе го вклучи блокот 2 во РЕК Битола. Причината за тоа е загриженоста на жителите од населените места околу „Осломеј“ за можно загадување. „И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ Осломеј може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на...

Директорот на Државен студентски дом вели дека сите сметки за вода се платени

Невистина се тврдењата на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје дека Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД) или Министерството за образование и наука не ги плаќале сметките за вода, реагираше Атанас Бојчев, директор на ДСД. Јавното претпријатие, откако вчера Бојчев обвини дека неосновано ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, реагираше и порача дека тоа се случилоа поради неплаќање...

„Водовод и канализација“ демантира: Многу сметки на студентскиот дом не се платени

ЈП Водовод и канализација- Скопје ја демантираше изјавата на директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, дека претпријатието без предупредување ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ денеска, велејќи дека тоа се случува поради неплаќање сметки во последните пет месеци и поради неподмирување на долгот од претходно. „Министерката уште во јуни месец вети дека Владата ќе ги подмири...

Поради неплатен долг сопрена водата во студентскиот дом „Кузман“

Водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ во Скопје била сопрена утрово од ЈП „Водовод и канализација“, иако на претпријатието му било кажано дека е најдено решение за да се покрие долгот за вода, соопшти Државен студентски дом „Скопје“. Според в.д. директорот Атанас Бојчев, водата била сопрена без предупредување. - Постапката на ова јавно претпријатие е без оправдување, со оглед...

Коѕиас негира дека Германија размислува да ја исклучи Грција од шенген-зоната

За ситуацијата со бегалската криза, вчера во Берлин разговараа шефовите на грчката и на германската дипломатија, Никос Коѕиас и Франк Валтер Штајнмајер. Грчкиот министер од Берлин ги демантираше информациите за привремено грчко исклучување од шенген-зоната и идејата да се затвори македонската граница и бегалците да останат заглавени во Грција, тврдејќи дека неговите контакти со Штајнмајер покажале дека Германија воопшто не...

Кекеновски: ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, па да ме исклучува така

На иницијатива на основачите и на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, партијата од своето членоство го исклучила професорот Јове Кекеновски, јавува „Република онлајн“. Како што пишува порталот, повикувајќи се на свои извори, дисциплинската комисија на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Бутел, донела одлука за исклучување на Кекеновски од партијата. Како причини биле наведени неговите обиди за нарушување на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...