fbpx
Таг: иселување

таг: иселување

Печалбарите што заминале за Германија и Швајцарија, ја посетиле државата за празниците, не се нови иселеници

Во насловот од објавата која ја рецензираме, се пропушта контекстот, затоа што се вели дека 11 илјади печалбари за една недела „заминале“ во Швајцарија и Германија. Од текстот, пак, станува јасно дека тие се враќаат во Германија и Швајцарија, дека во земјава биле само на посета за празниците и дека не станува збор за нови печалбари, туку за постоечки....

ЕУ: Здравството ви е за ремонт, медицински сестри и специјалисти заминуваат во странство

Беше направена првата трансплантација на црн дроб во земјата. Но, остануваат да се решат многу предизвици во областа на јавното здравје, посебно во однос на контролата на тутунот и достапноста, потоа, опсегот на здравствените услуги, финансирањето на примарната здравствена заштита, а треба да се подобри и  скринингот за рак. Освен тоа, усогласувањето на македонското здравство со здравственото законодавство на...

Почна егзодус на Ерменците од Нагорно Карабах

Голем број етнички Ерменци денеска ги напуштаат своите живеалишта во енклавата Нагорно Карабах, која Азербејџан ја прогласи за своја територија, упатувајќи се кон Ерменија. Неколку илјади луѓе досега влегле во Ерменија, јави Би-Би-Си. Тие почнаа да се упатуваат кон Ерменија, откако владата на оваа земја вчера објави план за преселување на луѓето што се оставени без кров над главата во...

Требичино – селото со двајца жители чија тишина сведочи за масовната миграција

Додека сонцето изгреваше над живописните предели, тргнаваме на патување до селото Требичино, сместено во ридско-планинските предели во струмичкиот регион. Порано препознатливото село по својата убавина и прекрасен пејзаж, денеска е само суров доказ за масовната емиграција што ги зафати населените места во овој регион, но и во целата држава. Тишината го исполнува воздухот додека се приближуваме до селото кое постојано...

Анализа: 40% од младите изјавиле дека корупцијата во земјава ги мотивира да се иселат надвор

4 од 10 млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства, покажува анализа спроведена од Младинскиот сојуз - Крушево. Во анализата учество земале 440 млади, од кои речиси 64 отсто изјавиле дека досега директно...

Вистиномер: Не е точно дека автобусите од Тетово за Германија се полнат само со иселеници

Автобускиот превоз до и од Европа не носи само луѓе кои заминуваат на печалба. Има луѓе кои одат во посета на роднини и пријатели во Германија, има патници кои се возат поради туристички цели, како и разни други причини. Дел од патниците се упатуваат кон Европа и остануваат таму само по 90 дена, односно максималниот дозволен престој во земјите...

Иселувањето на студентите од студентските домови ќе започне на 15 јуни

На вчерашната седница, Владата ги усвои протоколите за иселување на студентите од објектите на државните студентски домови. „Процесот ќе започне во понеделник на 15.06.2020 и ќе се спроведува во период до 03.07.2020 година, во работните денови од 08:00 до 16:00 часот“, информираше претседателот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски. Студентските домови се затворија на 11 март, со цел спречување на ширењето...

Бозовце: Заборавено од локалните власти, селото забрзано се празни (видео)

Длабоко во пазувите на Шар планина, на околу еден час возење по тесен кривулест асфалтен пат од центарот на Тетово, сместено е селото Бозовце. Но, иако оддалечени едвај дваесетина километри од градот, жителите на ова типично планинско село се чувствуваат како отсечени од нормалниот живот на урбаниот дел на тетовската општина. https://youtu.be/6sKTPOVQ19s Во селото нема работа, многу луѓе се иселија и...

Анкета на „Факултети“: 83,7 отсто кога би можеле би се отселиле од Македонија

Анкетата на порталот „Факултети.мк“ со прашањето „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија?“ покажала поразителни резултати. Дури 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. Анкетата била отворена пред две недели, а на прашалникот анонимно одговориле вкупно 1.474 читатели. Порталот добил различни одговори од читателите за земјата каде што би се преселиле, а најчести...

Истражување: Повеќе од една петина од граѓаните на Србија сакаат да се иселат

Повеќе од една петина од граѓаните на Србија, или 22 отсто сакаат да се иселат од државата покажало истражувањето „Зошто луѓето заминуваат од Србија“, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Бројките покажуваат дека секоја година од Србија се иселуваат помеѓу 40 и 70.000 лица, а ако кон тоа се додаде и негативниот природен прираст, Србија годишно губи по 100.000 жители. Како...

Шекеринска: Со потпишувањето на договорот помалку граѓани ќе бегаат од државата

Мигрантските кризи треба да престанеме да ги гледаме како моментални проблеми со кои се соочуваме денес, а со надеж дека ќе престанат утре. Тие станаа наше секојдневие и според сите анализи се сметаат како еден од клучните феномени кој ќе влијае врз стабилноста на светот. Ова денеска го порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска на отворањето на Меѓународната летната...

Тркалезна маса во Охрид: „Секој може и има право да биде вработен“

Институтот за економско истражување и политики „Фајненс тинк“ (Finance Think) од Скопје, денеска во Охрид организира тркалезна маса под мотото „Секој може и има право да биде вработен“. Тема на дебатата ќе бидат проблемите и можностите за вработување на жителите на Охрид, градот кој, веќе години наназад, е на самиот врв според бројот иселени од земјава, а заминуваат, главно, млади...

СДСМ: Економските мерки на Груевски донесоа добивка само за „фамилијата“

„Обвинетот Никола Груевски со своите врвни криминални економски политики затвори 10.000 домашни фирми. Секоја трета домашна фирма е со блокирана сметка. Македонија го допре дното во Европа и во регионот по странски директни инвестиции по жител“, се вели во соопштението на СДСМ, како реакција на извештајот „Дуинг бизнис“ што го објави Светска банка. Во него се додава дека јавниот долг...

Манчевски: Данокот на добивка на ИТ-компаниите да се намали од 10 на 5 отсто

„Доколку данокот на добивка за ИТ-компаниите се намали од 10 на 5 отсто, ќе останат повеќе пари за компаниите. Овие пари ќе се вложат за да се отворат нови работни места, кои ќе бидат повисоко платени работни места за обучени млади луѓе. Тоа ќе биде нивната мотивација да останат во земјава“, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на Скопски саем, каде...

Заев: Ние имаме план за живот во Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на средба со граѓаните во чаршијата во Велес им вети дека планот на СДСМ е да направи децата да не заминуваат од државата. - Најголемата болка за сите нас е нашите деца да останат овде. Јас имам ќерка средношколец, син во основно образование. Мојот план како родител е децата да се запишат на високо образование овде,...

Богоев: Приоритет е да се задржат младите и да им се даде шанса за успех

Младите што ќе имаат добра идеја за сопствен бизнис, ќе добијат 10.000 евра неповратни пари, помош од државата. Ќе дозволиме отворање фирма со само едно евро основачки капитал - изјави претседателот на Сојузот на социјалдемократската младина (СДММ), Стефан Богоев, во Делчево. Тој додаде дека ќе се отворат центри кадешто државата ќе обезбеди бесплатен деловен простор за новите компании во првите две години, кога им...

Богоев: За студентите на 11 декември доаѓа најважното прашање за заокружување

Претседателот на СДММ, Стефан Богоев, денеска на прес-конференција обвини дека студентите и оваа академската година ја почнуваат со трошоци кои се поголеми од она што може да си го дозволат просечните македонски семејствата. Тој рече дека минималната месечна плата во Македонија е 10.080 денари, а минималните трошоци за живеење и за студирање на студент сместен во студентски дом изнесуваат 10.277...

„Младите си отидоа, партијата се вработи“ порачаа демонстрантите

„Шарената револуција“ на денешниот протест насочен против „продавањето“ на работниците за минимални плати, ги обоија објектите на Агенцијата за вработување (АВРМ) и на Министерството за економија и порачаа „Младите си отидоа, партијата се вработи“ и „Книшка плата, клати врата“. Пред демонстрантите говореа неколку студенти и професорката од Економскиот факултет, Билјана Секуловска-Габер, кои преку лични примери ја раскажаа приказната за незадоволството од...

Стотици граѓани излегоа на протестот „Колку чевли останаа неизносени“

Неколку стотини граѓани денеска се собраа пред Владата на Република Македонија на протестот насловен „Колку чевли останаа неизносени“, организиран од граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“. - И покрај дождливото време денеска, тука, пред Владата, се собраа неколку стотици граѓани и околу илјада рала чевли, за да го изразиме нашиот револт поради современиот егзодус, масовното иселувањето од Македонија. Тоа го покажуваат и податоците...

В сабота протестен перформанс „Колку чевли останаа неизносени“

Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“, в сабота во 12 часот ќе одржи протестен перформанс „Колку чевли остаанаа неизносени“, во кој граѓаните што имаат роднини или блиски луѓе што се иселени од земјата треба да донесат нивен пар чевли. - Народот масовно се иселува, а она што ни остана од нашите најблиски се нивните чевли. В сабота ќе се собереме пред Влада,...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...