fbpx
Таг: иселеници

таг: иселеници

Ова не е вонредна ситуација од месец-два, Османи со невистина

Бројот на иселени државјани на РСМ што работат во Европа, бројот на издадени пасоши, бројот на пасоши што треба да се издадат, капацитетите на машините што ги печатат, бројот на резервите на обрасци и динамиката со која се очекуваат и ред други нешта покажуваат дека Османи говори желба, а не вистинита проценка за тоа колку ќе трае вонредната состојба...

Печалбарите што заминале за Германија и Швајцарија, ја посетиле државата за празниците, не се нови иселеници

Во насловот од објавата која ја рецензираме, се пропушта контекстот, затоа што се вели дека 11 илјади печалбари за една недела „заминале“ во Швајцарија и Германија. Од текстот, пак, станува јасно дека тие се враќаат во Германија и Швајцарија, дека во земјава биле само на посета за празниците и дека не станува збор за нови печалбари, туку за постоечки....

Ковачевски-Жоли: Силна поддршка од Канада за евроинтеграцискиот процес

Во рамките на првата посета на канадски министер за надворешни работи на земјава, Мелани Жоли се сретнала со премиерот Димитар Ковачевски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, соопшти владината служба. На средбата, премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната цврста поддршка од Канада за реформските процеси, со цел да се обезбеди напредок на нашата држава на планот на евроинтеграциите. Ковачевски...

Бујар Османи ја претстави експресната постапка на аеродромите за имателите на МКарта

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да имаат експресно завршување на процедурите на аеродромите во Скопје и Охрид, при влегување во земјава. Проектот МКарта беше пoчнат во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност...

Вистиномер: Не е доволно само да се вратите во Хрватска за да добиете 26.000 евра

Насловот што се споделува во постот на Фејсбук креира погрешна слика дека единствениот услов за добивање на финансиска стимулација е некој да се врати во Хрватска. Што не е точно. Хрватската влада неодамна предложи нови демографски мерки наречени „Ја избирам Хрватска“. Со нив се предвидува стимулација од 200 илјади куни или околу 26 илјади евра за повратниците од ЕУ....

За еден месец, над 200 лица се сликале за нов пасош во амбасадата во Берлин

За помалку од еден месец од воспоставувањето на базната станица за издавање на патни исправи во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, главниот град на Германија, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа, тврди амбасадорот Рамадан Назифи. Амбасадорот нагласува дека со базната станица се надмина еден од...

До утрово попишани речиси 150.000 иселеници, Маричиќ од Брисел ја повика дијаспората на масовно попишување

До утрово во 8 часот, преку веб-апликацијата за самопопишување се евидентирани 148.719 лица од дијаспората што се попишале, информираат од Државниот завод за статистика на нивната веб-страница за пописот. Како и досега, најголем дел од попишаните иселеници од земјава се од Швајцарија, Германија и Италија, а многу помал е бројот на попишани лица во Австралија, Канада и САД. Министерот за...

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Бројот на попишани расте секој ден. Оваа прва седмица од најголемата статистичка операција се попишани 32.752 лица од дијаспората, соопшти Државниот завод за статистика, нагласувајќи декасекојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници, коишто можат можат да се самопопишат до 21 април. Истовремено, проблемот со добивање потврда дека самопопишувањето е успешно завршено е надминат, соопшти оваа...

Филипче: Зибери користи евтина и лоша предизборна реторика

Не е вистина изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, дека тој како член на Комисијата за заразни болести, издејствувал да се отворат границите и за да можат иселениците Албанци да дојдат да гласаат. Тој воопшто не е член на комисијата, а ова е само евтина предизборна реторика, оцени министерот за здравство Венко Филипче, откако Зибери...

Дебар наспроти пандемијата

Градот Дебар беше погоден од епидемија наречена на корона вирус, уште во првите денови од март. Овој вирус, кој се рашири низ целиот свет, дојде од далеку во еден мал град. Дојде преку луѓе кои го сакаат своето родно место, но заминале неколку дена пред тоа за Италија, каде што живееле нивните два сина. Заминале за подобар живот, за...

Увидот во Избирачкиот список ќе се прави до 14 март

Увидот во Избирачкиот список што почна во саботата, 23 февруари, ќе се прави до 14 март, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во сите подрачни единици на ДИК и преку интернет, секој ден во седмицата, па и во викендите и празниците, во периодот од 8.30 до 19 часот. Последниот ден, 14 март, увидот ќе...

Иселениците ќе се самопопишуваат од 15 до 31 март 2020 година со посебна апликација

Пописот во Македонија ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година, а за лицата со македонско државјанство кои се на привремена работа или престој во странство ќе се овозможи самопопишување во периодот од 15 март до 31 март 2020 година на посебна апликација достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика, превидува предлог-законот за попис...

Само 2.855 од 87.000 иселеници се пријавиле за гласање на референдумот

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го усвои Предлог-кодексот за набљудување на референдумот. Според Кодексот акредитираните набљудувачи треба да го познаваат законот, да се придржуваат кон неговите одредби, да се непристрасни и секогаш со себе да го носат беџот за идентификација. „За фер и коректно набљудување ДИК е должна да донесе рамка за правилно однесување при набљудувањето на референдумот....

До ДИК доставени 990 пријави од иселеници за референдумот

Денеска до 13 часот, преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија доставени биле вкупно 990 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. ДИК информира дека од нив, 965 пријави биле прифатени, 23 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 83, во Лондон – 77, во...

До ДИК доставени 862 пријави од иселеници за референдумот

Дденеска до 13 часот, преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија доставени биле вкупно 862 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. ДИК информира дека од нив, 836 пријави биле прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн - 72, во Лондон - 69, во...

За гласање на референдумот до сега се пријавиле 742 иселеници

Од Државната изборна комисија информираат дека денеска до 14 часот преку веб-апликацијата dijaspora.sec.mk до ДИК доставени се вкупно 742 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Од нив, 702 пријави се прифатени, 11 се одбиени, а останатите се во обработка. Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, од ДИК соопштуваат дека заклучно...

Министерот за дијаспора ги повика иселениците да гласаат на референдумот

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, упати јавен повик до иселениците да го искористат своето право и да гласаат на претстојниот референдум. „Имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка, подобра иднина. Сплотени, со здружени сили, заедно можеме да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Одлуката зависи исклучиво од нас самите,...

Таравари побара од командирот на полицијата во Гостивар да не ги казнува иселениците

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, со службен допис се обратил до командирот на полициска станица Гостивар, Гази Абдурахмани, барајќи тој и полицајците да бидат потолерантни и покоректни кон иселениците што се вратени во родниот крај за време на новогодишните празници. „Од позиција на градоначалник на Гостивар и како граѓанин на овој град, барам вашите полицајци да бидат што покоректни...

Иселеничкиот Форум за демократска Македонија ја објави програмата

Форумот за демократска Македонија на група на иселеници од Република Македонија и нивните потомци од целиот свет ја објави програмата, на својата фејсбук-страница. „Форумот сака да ја види земјата како прогресивна, демократска, граѓанска, европска, просперитетна држава, која ќе создава подобар живот за сите свои граѓани. Држава што ќе биде пример за мултиетничко општество, засновано на заемна почит, толеранција и на...

Форум за демократска Македонија ќе ја поврзува дијаспората и ќе помага на земјата

Иселеници пред околку еден месец го формирале Форумот за демократска Македонија, „како демократско и непартиско тело“ кое треба да ги поврзе сите демократски ориентирани иселеници, но и луѓе кои по каква било основа се чувствуваат поврзани со Република Македонија, објаснува Емилија Тодорова од Сиднеј за програмата на македонски јазик на австралиското радио „Си-би-ес“. - Форумот за демократска Македонија се формира...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...