fbpx
Таг: исчезнато

таг: исчезнато

Исчезнало 11-годишно дете во Прилеп

Прилепската полиција бара 11 годишно дете, кое, како што пријавил неговиот татко, А.С. (55) од Прилеп, излегло од дома околу 15 часот од саботата и потоа не се вратило дома. Потрагата е во тек.

Седумгодишното момче кое се водеше за исчезнато во нападот во Барселона починало

Седумгодишното момче од Австралија, Џулијан Кадмен кое се водеше за исчезнато за време на терористичкиот напад во Барселона, денеска починало во болницата каде што се лекувало, јавуваат светските медиуми. Дедото на Џулијан, Тони Кадмен од Сиднеј на неговиот фејсбук-профил напиша дека неговиот внук Џулијан исчезнал, а неговата мајка е во болница во тешка, но стабилна состојба. Каталонската полиција од друга страна...

Седумгодишно момче исчезна во нападот во Барселона

Седумгодишно момче од Австралија, кое се одвоило од семејството за време на терористичкиот напад во Барселона исчезнало, соопшти неговото семејство. Тони Кадмен од Сиднеј на „Фејсбук“ напишал дека неговиот внук Џулијан исчезнал, а неговата мајка е во болница во тешка, но стабилна состојба, пренесува „Гардијан“. Таткото на момчето, Ендрју вели дека разговарале неколку часа пред да исчезне. Тој веќе е на...

Тешко повредено дете најдено покрај пат, полицијата се обидува да го идентификува

Дванесетгодишно момче со тешки телесни повреди и во бесознание вчера попладне било пронајдено на регионалниот пат Охрид - Ресен. Полицијата го истражува случајот и се обидува да го идентификува детето. Детето, како што соопштија денеска од полицијата, се наоѓа во Ургентниот центар Скопје и е во животна опасност. Портпаролот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Стефан Димоски, за „Мета“ вели дека...

Полицијата го пронајде исчезнатото девојче од Гази Баба

Петнаесетгодишното девојче од Скопје кое било пријавено за исчезнато, било пронајдено и предадено на родителите, информираат од МВР. Во вчерашниот билтен на полицијата пишуваше дека исчезнувањето на девојчето во полициската станица Гази Баба било пријавено од страна на нејзината сестра, според која, девојчето отишло на училиште и не се вратило дома.

Петнаесетгодишно девојче од Гази Баба заминало на училиште и не се вратило

Во полициската станица во Гази Баба, М.Н. (20) од Скопје пријавила дека на 27 јануари, во 6 часот, од дома во непознат правец се оддалечила нејзината петнаесетгодишна сестра. Таа, според пријавителката, отишла на училиште и не се вратила дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Исчезнало 13-годишно девојче од Штипско

Девојче од штипското село Шашаварлија вчера е пријавено за исчезнато, откако не се вратило дома од училиште. Случајот во полициската станица во Штип го пријавил нејзиниот татко. Тој рекол дека неговата 13-годишна ќерка, вчера, во 6.30 часот, со комбито за ученици заминала на училиште, но кога комбито по завршувањето на смената се вратило, девојчето не си дошло дома. Штипската полиција трага по...

Шеснаесетгодишно девојче исчезнало во Велес

Вчера во полициската станица во Велес, С.Р. (41) од село Кочилари пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот нејзината 16-годишна ќерка излегла од средното училиште во Велес помеѓу часовите на голем одмор, по што не се вратила. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето.

Детето што беше пријавено за исчезнато во Прилеп, пронајдено удавено во канал за вода

Двегодишното момче што вчера беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Прилеп, утрово било пронајдено мртво во канал за вода во населбата Тризла во градот. - Вчера, околу 15.30 часот, родителите на двегодишниот Омер Н. пријавиле дека детето исчезнало. Потрагата по него траеше до утринските часови. Неговото безживотно тело е пронајдено околу 6.30 часот од членови на семејството, во каналот...

Двегодишно дете пријавено за исчезнато во Прилеп

Двегодишно дете вчеравечер било пријавено за исчезнато во полициската станица во Прилеп. Како што инфромираат од МВР, вчера околу 19.30 часот, во полициската станица во Прилеп, 52-годишната С.А. од градот пријавила дека истиот ден, околу 15 часот, од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот двегодишен внук. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на детето.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...