fbpx
Таг: Ирма

таг: Ирма

На американското крајбрежје му се заканува нов ураган

Американскиот Национален центар за урагани предупреди дека овој викенд заливското крајбрежје на САД би можело да го погоди нов ураган и дека ако тоа се случи, на мета ќе бидат Алабама и Талалахаси. Ова предупредување следува еден месец откако огромни делови на југот на САД и Карипските Острови останаа уништени од ураганите што ги погодија. Ураганот Харви предизвика поплави какви што не...

Ирма падна на ниво на бура, но ветерот е со јачина на ураган

Ирма ослаби на ново на тропска бура, но и понатаму предизвикува ветер кој речиси има сила на ураган, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани. Ирма која беше означена како најсилен ураган над Атлантскиот Океан, во осум часот изутрината по локално време забележана е на околу 170 километри северозападно од Тампа во сојузната држава Флорида, со најсилни удари од ветер...

Ураганот Ирма ослабна, но сè уште е опасен

Ураганот Ирма го намали интензитетот до прва категорија, но опасноста не е мината затоа што ветерот и понатаму носи сè пред себе, а постои опасност и од поплави. На Флорида е прогласена состојба на природна катастрофа. Досега настрадаа три лица, а шест милини жители на Флорида се евакуирани. Три милиони лица се без струја. Јадрото на Ирма се наоѓа на околу...

Евакуирани македонските државјани од Сен Мартин

Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека македонската државјанка од францускиот дел на островот Сент Мартин е евакуирана, исто како и семејството од Штип, кое е во холандскиот дел на истиот остров. „Амбасадата во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД. Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани. Апелираме на будност и на следење на...

Ирма дивее на Флорида

Ураганот Ирма, откако ги опустоши Карибите и ја поплави Хавана, предизвикувајќи хаос во остатокот од Куба, удри и по Флорида, кршејќи дрвја и оставајќи повеќе од милион луѓе без струја. Со ветришта кои дуваа до 210 километри на час, ураганот кој достигна до тропска бура од четврта категорија, предизвика и лизгање на земјиште на Флорида. Повеќе од 8 милиони луѓе во...

Ирма удри и на Флорида, бројот на загинати достигна 25 лица

Ураганот Ирма се засили до бура од четврта категорија во својот пат кон Флорида, а бројот на загинати се зголеми на 25 лица. Во американската сојузна држава сега стотици илјади луѓе се без струја, што е исто како ситуацијата на Карибите во Централна Америка, откако ураганот удри таму пред 4-5 денови. Главното јадро на Ирма утрово по македонско време беше на...

Ирма сее паника во Флорида додека продолжува да дивее на Куба

Периферијата на ураганот Ирма, со силни ветришта и многу дожд „удри“ врз најјужниот дел на Флорида и го продолжи својот поход по јужната држава на САД како ураган од трета категорија. Со ветришта од 200 километри на час, Ирма продолжува да дивее и на Куба, а вистинскиот удар на ураганот врз јужна и централна Флорида, третата по бројноста на население...

Ураганот Ирма ја погоди Куба и оди кон Флорида

Ураганот Ирма денеска, откако зајакна до бура од петти степен, сe насочи кон Флорида, оставајќи зад себе уништување и многу загинати луѓе на Карибите. Ирма претходно ја погоди Куба, а во подрачјето на Карибите и на Флорида предизвика можеби најголема евакуација во историјата на тој предел. Бројката на жртви на Ирма се искачи до 21 лице, откако ураганот го погоди крајбрежјето...

МНР: Нема пријавени македонски државјани погодени од ураганот Ирма

Министерството за надворешни работи (МНР) претпладнево соопшти дека до амбасадата на Република Македонија во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани погодени од ураганот Ирма, кој ги зафати Карибите и брегот на САД. Од министерството велат дека од социјалните служби дознале за еден македонски државјанин на островот Сент Мартин. „Воедно, во комуникација сме и со Канцеларијата на странски мисии во...

На Бахамите најголема евакуација во историјата, Ирма ќе го погоди и Мајами

Ирма, најсилниот ураган во историјата на мерење на силата на овие временски непогоди, воопшто не ослабнува и го продолжува својот разорен поход на Карибите. Се приближува на Куба, а сосема сигурно на неговиот удар ќе се најде и Флорида и нејзиниот најголем град Мајами. По Ирма, пристигнува и ураганот Хозе, кој достигна трета категорија, а буквално ја следи Ирма, односно...

Ирма убиваше на Карибите, се заканува на Куба и на Флорида

Ураганот Ирма уби најмалку 12 луѓе на Карибите и нанесе катастрофални штети на објекти, пловила и на возила. Некои делови на Карибите се толку уништени што во нив нема никакви услови за живот. Но, ураганот нема да запре таму, туку го продолжува својот пат кон Куба, а се очекува да ја погоди и американската сојузна држава Флорида. На островот Сент...

Седум лица загинаа во налетот на ураганот Ирма, уште два урагани се движат кон САД

Најмалку седум лица загинаа на Кариби во налетот на ураганот Ирма, чија брзина достигна и до 360 километри на час. Најголема штета предизвика на францускиот остров Свети Вартоломеј и на француско-холандскиот остров Свети Мартин, каде разорната моќ на ураганот се зголемила. Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на Девствените Острови, во Порторико и на Флорида, а во тек е...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...