fbpx
Таг: Иран

таг: Иран

Силен земјотрес ги погоди Иран и Ирак – 214 загинати и 2.800 повредени

Најмалку 214 лица загинаа, а повеќе од 2.800 се повредени во силниот земјотрес кој ја погоди иранско-ирачката погранична провинција Креманшах. Според податоците на иранската Национална организација за управување со несреќи, во Иран загинале најмалку 207 лица, а повеќе од 2.500 се повредени. Иранските власти наведуваат дека бројот на загинати ќе се зголеми бидејќи спасувачките екипи сè уште не пристигнале до...

Саудискиот принц Мохамед го обвини Иран за директна агресија

Саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Саламан денеска изјави дека тоа што Иран ја снабдува јеменската милиција со ракети е акт на „директна воена агресија“. Таа агресија, според него, би можела да биде „акт на војна“, пренесуваат денеска саудиските медиуми. Изјавата на принцот доаѓа откако противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија пресретнала и уништила ракета која на Ријад, наводно, ја испукала милицијата Хути,...

Макрон најави историска посета на Иран

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го посети Иран, што ќе биде прва посета на шеф на француска држава или влада на Техеран од 1971 година. Макрон во телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани потврдил дека Франција останува посветена на нуклеарниот договор и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Макрон би можел да го посети Техеран следната година. Иран и...

Меѓународната кампања за забрана на нуклеарно оружје бара од Трамп да не го напушти договорот со Иран

Меѓународната кампања за забрана на нуклеарно оружје, која е годинашен добитник на Нобеловата награда за мир, го повика претседателот на САД да го поддржи нуклеарниот договор со Иран. - Ја повикуваме американската влада да остане во овој договор – изјави Беатрис Фин, директорка на кампањата, на конференција за новинари во седиштето на Обединети нации во Њујорк. Таа наведе дека нема...

Иран не може да го држи светот како заложник, оцени Хејли

Амбасадорката на САД при Обединетите нации, Ники Хејли изјави дека Иран мора да одговара за лансирањето ракети, поддршката на тероризмот, за занемарување на човековите права и за кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Хејли, во одговорот на иранскиот претседател Хасан Рохани, кој вчера предупреди дека Техеран би можел да го напушти нуклеарниот договор со светските сили, ако...

Иран се закани со напуштање на нуклеарниот договор во случај на нови санкции

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска се закани дека Иран би можел многу брзо да го напушти нуклеарниот договор со големите сили, доколку САД продолжат со својата политика на „санкции и присилба“, јавуваат агенциите. Договорот постигнат во јули 2015 година предвидува Иран да ја ограничи својата нуклеарна програма само на цивилни цели во замена за постепено укинување на меѓународните санкции. „Пропаднатиот...

Рохани именуваше две жени за потпретседателки на Иран

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, именуваше две жени за потпретседателки на државата, само еден ден откако се најде на удар на реформистите поради тоа што меѓу министрите во неговиот кабинет нема жени. Масуме Ебтекар, која на меѓународната јавност ѝ е позната по портпаролската улога за време на заложничката криза во американската амбасада во Техеран во 1980 година, е именувана за...

Турција подигнува ѕид на границата со Иран

Турските власти почнале да градат ѕид долж границата со Иран, јавуваат турските медиуми, додавајќи дека ќе биде висок три метри. Слични бариери Турција има поставено и долж границата со Сирија. Претседателот Реџеп Таип Ердоган во јуни соопшти дека властите планираат да изградат 900-километарски ѕид на границата со Ирак и со Иран. Претставник на турските власти изјавил дека целта е ѕидот да ја...

Иран смета дека со новите санкции САД го прекршиле договорот за нуклеарната програма

Иранските власти сметаат дека со новите санкции што САД ги воведоа за Техеран е прекршен постигнатиот договор за нуклеарната програма на земјата. Ова го наведе иранската државна телевизија, која се повикува на изјава на заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абаси Арагачи, кој учествуваше во преговорите за договорот. Тој наведе дека Иран ќе смисли „паметен одговор“ на санкциите, односно дека официјален Техеран подготвил...

Доналд Трамп стави потпис на санкциите за Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот со кој се воведуваат санкции за Русија поради мешање во минатогодишните американски избори, а санкции се предвидени и за Иран и за Северна Кореја. Членовите на Конгресот речиси едногласно се изјаснија за легислативата, што им овозможи да отстранат секаква шанса за вето од претседателот. Законот поставува нови ограничувања за американските компании што работат со руски енергетски...

Американскиот Сенат усвои нови санкции за Русија

Американскиот Сенат речиси едногласно ги усвои новите санкции кон Русија. Документот сега треба да оди на потпис кај претседателот Доналд Трамп, кој има право на вето. Рускиот претседател Владимир Путин, кој повеќепати негираше дека Москва се мешала во претседателските избори во САД и користела нелегални кибернетички методи, се закани со контрамерки доколку предлог-законот биде потврден. Сенатот со 98 гласа „за“ и...

Претставничкиот дом на САД усвои нови санкции за Русија, Иран и за Северна Кореја

Со 419 гласови „за“ и само три „против“, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа го усвои предлог-законoт за воведување дополнителни санкции кон Русија, Иран и кон Северна Кореја. Законот го поддржаа и републиканците и демократите, и покрај противењето на американскиот претседател Доналд Трамп. Законот сега треба да оди на гласање во Сенатот, по што треба да биде одобрен и од...

Иран ќе возврати на санкциите на САД, соопшти Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани соопшти дека неговата земја ќе им се спротивстави на САД и дека реципрочно ќе одговори на какви било санкции што ќе ѝ бидат наметнати на земјата. Тој изјави дека доколку Вашингтон под каков било изговор воведе санкции, Техеран ќе им се спротивстави на САД. Тој додаде дека „големата иранска нација ќе има соодветен одговор“ и дека иранскиот...

Катар ги отфрли барањата на арапските земји, оценувајќи ги како максималистички

Катар ги отфли барањата на арапските земји, поставени како услов за деблокада на дипломатските односи, оценувајќи ги како максималистички и насочени против суверенитетот на земјата. Списокот со барања, меѓу кои се и затворање на телевизијата „Ал Џезеира“, прекин на односите со Иран и затворање на турската воена база во Катар, ѝ беше доставен на Доха на 22 јуни, со рок...

Температурниот рекорд за Азија за јуни соборен – во Иран измерени 53,7 Целзиусови степени

Во Иран вчера беше забележана највисоката температура во јуни во Азија откако се води евиденција - неверојатни 53,7 Целзиусови степени измерени во југозападниот град Ахваз. Претходниот рекорд за јуни за Иран изнесувал 53 Целзиусови степени. Но, ако се земе предвид топлинскиот индекс, кој ја зема предвид и влажноста на воздухот, температурата одговарала на 61,1 Целзиусови степени. Ако, пак, се земе предвид само...

Ширази: Багдади дефинитивно е мртов

Свештеникот Али Ширази, претставник на врховниот духовен водач во Иран, ајатолахот Али Хамнеј, соопшти дека лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, дефинитивно загинал, пренесе државната новинска агенција. - Терористот Багдади дефинитивно е мртов – соопшти свештеникот. На почетокот од месецов, руското министерство за одбрана соопшти дека Багдади најверојатно е убиен во напад на руските воздухопловни сили на команден штаб во предградие...

Иран ги обвини САД дека ја поддржуваат Исламска држава

Заменик-началникот на штабовите на иранската војска, Мусфата Изади, изјави дека Иран поседува докази дека САД директно им даваат поддршка на терористите на Исламска држава. - Како што претходно изјави врховсниот лидер на исламската револуција, ајатолах Хомнеи, поседуваме документи и информации што покажуваат директна поддршка на американскиот империјализам на ова ужасно движење (ИД) во регионот, кое ги разори муслиманските земји и донесе...

Заложничка криза во иранскиот парламент и самоубиствен напад во мавзолеј

Еден чувар во иранскиот парламент е убиен, а неколку лица се ранети во Мавзолејот на ајатолахот Хомеини откако вооружени мажи извеле два напади во главниот град на Иран, Техеран. Пратеникот Елиас Хазрати изјави дека тројца напаѓачи, еден со пиштол и двајца со пушки, влетале во парламентот. Новинската агенција ИСНА, повикувајќи се на неименуван пратеник, јавува дека сите врати на парламентот се...

Катар ги повика арапските земји на дијалог

Шефот на катарската дипломатија, Мухамед бин Абдул Рахман, денеска ги повика на дијалог арапските земји кои ги прекинаа дипломатските односи со неговата земја, уверувајќи дека врските на Катар со Соединетите Американски Држави ќе останат цврсти, јавуваат светските агенции. Помалку од 24 часа од одлуката на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Египет и на Либија да ги прекинат дипломатските...

Иран по морски пат ќе доставува храна во Катар

Иранските власти соопштија дека ќе извезуваат храна во Катар по морски пат, затоа што Саудиска Арабија и три други земји ги прекинат дипломатските односи со Катар, обвинувајќи дека земјата која е богата со нафта поддржува тероризам. Иранската агенција „Фарс“ го цитира шефот на унијата на извозници на земјоделски производи, Рез Нурани, кој рекол дека бродовите од Иран до Катар можат да...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...