fbpx
Таг: Иран

таг: Иран

ЕУ бара од САД да не се откажуваат од нуклеарниот договор со Иран

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон ги повика Соединетите Американски Држави да докажат доколку постои подобра алтернатива од договорот со Иран, кој ја ограничува нуклеарната програма на оваа земја, јавуваат белгиските медиуми. Џонсон по разговорите со колегите од Иран и од Европската Унија денеска во Брисел изјавил дека Заедничкиот сеопфатен план за работа со Иран е значајно...

Експлодираше иранскиот нафтен танкер кој се запали во Кина

Кинеското министерство за сообраќај соопшти дека експлодирал иранскиот нафтен танкер кој претходно се судри со кинески товарен брод. Според наводите на кинеските власти, спасувачките бродови кои беа во потрага по преживеани морале да се повлечат на безбедносна далечина. Танкерот „Санчи“ со 136.000 тони лесна нафта се запали во саботата вечерта откако се судри со кинески товарен брод, на околу 300 километри...

Револуционерната гарда тврди дека протестите во Иран завршиле

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека нејзините сили на безбедност ги запреле немирите поврзани со антивладините протести. На официјалниот сајт на Револуционерната гарда, за немирите во државата обвинети се САД, Израел и Саудиска Арабија. Протестите во кои, 21 лице загинаа а повеќе од сто беа уапсени, почнаа на крајот на декември во градовите низ Иран поради порастот на цените. Протестите беа најголеми по...

Русија со критики кон САД за свикување на Советот за безбедност за протестите во Иран

Русија остро ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради свикувањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за протестите во Иран, во кои настрадаа најмалку 21 лице. Рускиот амбасадор при ОН, Василиј Небензја изјави дека мешањето на САД во внатрешните работи на Советот на безбедност на Обединетите нации ќе му нанесе штета на највисокото тело на ОН. Критики кон САД упатија и...

Во Иран ноќеска само провладини демонстрации

По повеќе денови големи антивладини протести во Иран, изминатата ноќ беше мирна и немаше извештаи за собири на противниците на власта, но во неколку големи градови ноќеска и утрово се одржаа провладини демонстрации. Во меѓувреме, иранската државна телевизија пренесе снимки на нови големи собири на поддржувачите на власта во централниот град Исфахан, во Машад на североистокот, Орумјех на северозападот и...

Трамп: Голема поддршка за иранските демонстранти во „соодветно време“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својот „Твитер“ профил напиша дека ги почитува Иранците што протестираат против корумпираната влада. „Почит за Иранците додека се обидуваат да ја симнат нивната корумпирана влада. Ќе видите голема поддршка од САД во соодветно време“, напиша Трамп. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/948548807612084224 Неговата реакција доаѓа откако Белата куќа почна да врши притисок врз ОН да одржат состанок на кој ќе покажат...

САД бараат итен состанок во ОН за ситуацијата во Иран

Соединетите Американски Држави го повикаа Советот за безбедност на Обединети нации и Советот за човекови права на ОН да одржат итен состанок за Иран, каде што повеќе од 20 лица загинаа, а стотина се уапсени по повеќедневните демонстрации. „ОН мора да се огласат по тоа прашање“ смета американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. Истовреме, Белата куќа го повика раководството на Иран...

Хамнеи ги обвини „непријателите на Иран“ за поттикнување на антивладините протести

Иранскиот врховен верски лидер, aјатохалот Али Хамнеи ги обвини „непријателите на Иран“ за поттикнување на насилните антивладини протести кои изминативе неколку дена се случуваат во земјата и во кои досега настрадаа 22 лица, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Во својот прв коментар од почетокот на протестите на 28 декември, минатата година, Хамнеи ги обвини „непријателите на Иран“ за...

Нови девет загинати во протестите во Иран

Девет лица ги загубиле животите во текот на ноќта во новата рунда протести во повеќе ирански градови. Стотици луѓе се уапсени, а предизвикана е и голема материјална штета, јави иранската државна телевизија. Повеќе од 100 луѓе се уапсени од полицијата ноќеска, во петтата ноќ на непрекинати протести. Шест демонстранти загинале во судир со безбедносните сили откако ја нападнале локалната полициска станица...

Иранските власти се заканија со „железна тупаница“ доколку протестите продолжат

Револуционерната гарда на Иран ги предупреди демонстрантите, кои изминатите три дена протестираат поради лошиот животен стандард во земјата, дека ќе се соочат со „железна тупаница“ доколку немирите продолжат, пренесува „Би-би-си“. Командирот на Револуционерната гарда изјавил дека протестите се претвориле во политички собори, а демонстрантите палат и уништуваат јавен имот. Според наводите што ги пренесува „Би-би-си“, на протестите во градовите Хорамабад,...

Иранските власти ги повикаа граѓаните да не учествуваат во „илегалните собири“

Иранскиот министер за внатрешни работи, Абдолреза Рахмани Фазли денеска ги повика граѓаните на земјата да не учествуваат во „илегалните собири“, откако изминатите два дена во десетина градови во земјата се одржаа антивладини протести, јавуваат светските медиуми. Тој порача дека доколку луѓето сакаат да организираат собири треба да поднесат барање и да добијат дозвола, додавјќи оти добил информации дека имало повици...

Осумнаесет повредени во земјотрес во Иран

Најмалку 18 лица се повредени во земјотрес со магнитуда од 6,2 кој го погоди југоистокот на Иран, соопштија утринава иранските власта. Потресот се случил вчера попладне во подрачјето на Керман, а епицентарот е регистриран на 800 километри јужно од Техеран, на длабочина од 10 километри. Земјотресот не предизвикал поголема материјална штета, затоа што се случил во помалку населена пустинска област, соопшти...

Иранскиот лидер е новиот Хитлер на Блискиот Исток, тврди саудискиот принц Бин Салман

Саудискиот принц престолонаследник, Мухамед бин Салман, изјави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хаменеи, е „новиот Хитлер на Блискиот Исток“. Бин Салман, кој е саудиски министер за одбрана, за „Њујорк тајмс“ изјави дека треба да се стави крај на експанзијата на Иран. - Но, ние научивме од Европа дека смирувањето не функционира. Не сакаме новиот Хитер во Иран да го повтори...

Иран го почитува договорот за нуклеарната програма, тврди МАЕА

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МАЕА), Јукијо Амано, денеска изјави дека Иран ја почитува спогодбата со светските сили за ограничување на своите нуклеарни активности. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец изјави дека САД нема да потврдат дека Иран се придржува до договорот за нуклеарната програма, но не ја поништи спогодбата како што ветуваше во предизборната кампања. Трамп прашањето...

Решението за Сирија ќе бара отстапки од сите страни, изјави Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека постои вистинска шанса за ставање крај на судирите во Сирија, додавајќи дека решението ќе бара отстапки од сите учесници во судирите, вклучително и од сириските власти на претседателот Башар ал Асад, јавуваат светските агенции. Путин ова го истакна во своето обраќање во Сочи, на отворањето на мини-самитот посветен на Сирија, на кој учествуваа...

Земјотресот во Иран усмрти 530 лица и уништи 30.000 домови

Земјотресот кој завчера го погоди Иран усмрти 530 лица, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека поради малите шанси за пронаоѓање на преживеани се запираат спасувачките операции. По ударот на земјотресот со јачина од 7,3 степени во областа кај иранско-ирачката граница, преживеаните, од кои многумина останале без покрив над глава, во текот на ноќта се бореле со ниските температури, а следниот...

Бројот на загинати во земјотресот во Иран се искачи на 440

Десетици илјади Иранци кои мора да живеат во шатори или на отворено по катастрофалниот земјотрес во неделата, очајнички молат за помош. Земјотресот се случи блиску границата со Ирак, а засега бројката на загинати изнесува 440, а околу 7.000 лица се повредени. Иако иранската влада прави напори да достави помош во најтешко погодената провинција Керманшах, тоа не е доволно, оти изминатата...

Расте бројот на жртви од земјотресот во Ирак и Иран

Бројот на жртви во силниот земјотрес кој ја погоди областа на иранско-ирачката граница во иранската провинција Керманшах порасна на 407. Бројот на повредените во земјотресот со магнитуда од 7,3 степени според Рихтер се искачи на 6.700, соопшти иранската Канцеларија за кризни ситуации. Според американската геолошка служба, епицентарот на земјотресот е регистриран југозапоадно од градот Халабаџ. Неколку ирански и ирачки градови се...

Силен земјотрес ги погоди Иран и Ирак – 214 загинати и 2.800 повредени

Најмалку 214 лица загинаа, а повеќе од 2.800 се повредени во силниот земјотрес кој ја погоди иранско-ирачката погранична провинција Креманшах. Според податоците на иранската Национална организација за управување со несреќи, во Иран загинале најмалку 207 лица, а повеќе од 2.500 се повредени. Иранските власти наведуваат дека бројот на загинати ќе се зголеми бидејќи спасувачките екипи сè уште не пристигнале до...

Саудискиот принц Мохамед го обвини Иран за директна агресија

Саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Саламан денеска изјави дека тоа што Иран ја снабдува јеменската милиција со ракети е акт на „директна воена агресија“. Таа агресија, според него, би можела да биде „акт на војна“, пренесуваат денеска саудиските медиуми. Изјавата на принцот доаѓа откако противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија пресретнала и уништила ракета која на Ријад, наводно, ја испукала милицијата Хути,...

Не постои план за нов светски поредок со една влада, една религија и една војска

Тврдењето за создавањето на „една светска религија“ потекнува од познатите теории на заговор, како што е теоријата на заговор за Новиот светски поредок. Според овие теории на заговор, повеќето...