fbpx
Таг: ипа фондови

таг: ипа фондови

Димова: Владата се задолжува со пари што може да ги троши без контрола

„Оваа криминално-корупциска власт намерно бега од ИПА-фондовите и од достапните европски пари, за да може да се задолжува со пари што може да ги троши без контрола“, истакна пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, на денешната прес-конференција, по повод одлуката на Владата за издавање еврообврзница во износ од 650 милиони евра. Според неа, парите од ИПА-фондовите е тешко да се користат без контрола...

Димова: Кратењето на ИПА-фондовите укажува дека не знаеме како да ги користиме

Кратењето на околу 100 милиони евра од фондовите ИПА 2, пари кои се наменети за развој на неколку сектори, веќе утврдени меѓу Владата и Европска комисија уште во 2014 година, е резултат на тоа што како држава ништо не сме направиле за да се искористат тие пари, смета пратеничката на СДСМ, Лидија Димова. Според неа, за развој на секој од тие...

Тунтев: Власта крати средства за основните потреби на граѓаните

„Оваа власт крати на основите потреби на граѓаните и со тоа продолжува да ги осиромашува и да го кочи развојот на економијата. Со ребалансот на буџетот се кратат 45 милиони евра за капитални инвестиции“, изјави пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, на денешната прес-конференција. Според него, во првиот квартал реализирани се само 13 проценти од предвидените инвестиции во инфраструктурата. - Само за пример,...

СДСМ: Европската комисија точно ја лоцираше одговорноста за кратење на фондовите

Европска комисија точно го адресираше виновникот за кратењето на ИПА-фондовите во неспособноста и во немањето капацитет на Владата за спроведување на реформите, за кои постојано се алармираше преку меѓународни извештаи направени со скенирање на состојбите во Македонија, одговори членот на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, на прашањето дали одлуката на Брисел за кратење на ИПА-фондовите е политичка. Според него,...

Владата смета дека кратењето на ИПА-фондовите не е санкција од ЕУ

Откако Европската комисија официјално потврди дека ќе се скратат 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, од Владата соопштија дека не станува збор за санкции, туку за намалување на програмските средства. - Има два аспекти, внатрешен и надворешен. Внатрешниот е поврзан со фактот дека повеќе од една година се очекуваше спроведувањето избори. Во тој период институциите беа политички хендикепирани преку блокирачки механизми...

Коцијанчич: Обврските се неисполнети, ЕУ ја крати финансиската помош за Македонија

Влошениот политички амбиент е една од причините зошто Владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да ги исполнат обврските за реформа или да ја покажат потребната подготвеност да ги планираат потребните реформи и да ги имплементираат фондовите на ЕУ, одговори портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, на прашањето на „Мета“ зошто Европската комисија скрати 27 милиони евра од ИПА-фондовите. Таа...

СДСМ: Парите од ИПА-фондовите ги загубивме поради погрешните политики

„Социјалдемократскиот сојуз со години наназад укажуваше на погрешните политики и на неискористувањето на претпристапните фондови што ги дава Европска Унија. Парите во овие фондови остануваат, па Европската Унија ги повлекува назад“, изјави претседателот на комисија за транспорт и врски и член на СДСМ, Благој Бочварски. На прашањето како СДСМ ја коментира одлука на Европската комисија да повлече 27 милиони евра од ИПА-фондовите, тој...

Европска комисија скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија

Европска комисија одлучила да скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, јавува „Алсат М“. Европската комисија ја известила Владата на РМ, а, според информациите на овој медиум, планирано е кратење и на останатите 50 милиони евра од ИПА-фондовите. Европската канцеларија што е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, потврди дека води истрага за злоупотреба на средствата...

ОЛАФ води истрага за злоупотреба на ИПА-фондовите

Европската канцеларија што е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, потврдува дека води истрага за злоупотреба на средствата од ИПА-фондовите во Македонија, јавува „МКД.мк“. Може да ви потврдиме дека ОЛАФ спроведува истрага за ИПА фондовите во Македонија. Истрагата е во тек, па не можеме да одиме во детали. Сето тоа е за да ја заштитиме доверливоста на...

Се спроведува истрага за искористување на средствата од ИПА-фондовите

Европската канцеларија надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија (ОЛАФ) ќе спроведе истрага за искористување на средствата од ИПА-фондовите во Македонија, потврдиле од канцеларијата за „Радио Слободна Европа“. Истрагата е во тек и сè уште не можат да кажат за колкава сума се работи. Белгискиот експерт Питер Ванхауте во интервју за „Мета“ изјави дека „има екстремно високо ниво на корупција, па...

61,8 отсто искористеност на средствата од ИПА1

Искористеноста на средствата од Инструментот за претпристапна асистенција 1 (ИПА1), за периодот 2007-2013 година, изнесува 61,8 отсто, односно од 614,7 милиони евра. Притоа, склучени се 957 договори во вредност од 379,8 милиони евра. Остануваат уште 97 милиони евра од оваа програма, кои треба да се искористат до 2017 година, Ова денеска го соопшти вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на прес-конференција за статусот на искористеност на...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...