fbpx
Таг: инвестиција

таг: инвестиција

Пуштена во употреба Детската клиника во Козле

Детската клиника во Козле е пуштена во употреба. Клиниката се градеше три години и се простира на 6.500 квадратни метри. Инвестицијата вреди 8 милиони евра, а новата инфраструктура на болницата ќе овозможи повисок стандард на здравствени услуги. Клиниката е изградена на местото на старите бараки, кои беа донација од Шведска, по земјотресот.

СДСМ: „Веибо груп“ наместо во Македонија ќе инвестира во Србија

„Во виртуелниот свет на инвестиции и на вработувања на Никола Груевски, минатата година граѓаните на Македонија беа повторно излажани дека доаѓа светската компанија „Веибо груп“, која требаше да вработи 5.600 луѓе од Крива Паланка, Ранковце, Кратово и од Куманово. Последните информации говорат дека „Веибо груп“ во октомври годинава најавила дека инвестицијата, сепак, ќе ја реализира, ама во Врање, Србија“, се вели...

Германски „Костал“ ќе инвестира 50 милиони евра и ќе вработи 1.000 лица

Германска компанија „Костал“, за производство на електронски компоненти за автомобилска индустрија, ќе отвори фабрика во технолошко-индустриска зона во охридско-струшкиот регион. За почеток, тие ќе преземат и ќе реновираат веќе постоечки објект, во кругот на фабриката ЕМО. Инвестицијата чини 50 милиони евра и ќе се вработат 1.000 луѓе. - Во првата фаза од инвестицијата, „Костал“ ќе преземе постоечки објект во кругот на...

Инвестицијата за реновирање на „Рамстор“ чини околу 1 милион евра

Инвестицијата за реновирање на трговскиот центар „Рамстор“, за што беа ангажирани домашни компании, чинеше 1.200.000 евра. Станува збор за проект кој е најголем од отворањето во 2005 година. За овие 10 години, отворени се 19 маркети, во шест градови со продажна површина од 16.000 квадратни метри. Во Македонија, овој трговски синџир има 470 вработени, а до крајот на годината ќе се отвори...

Груевски на отворање на фабриката „Техникал текстајлс“

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отворање на фабриката на германската компанија „Техникал текстајлс“ во Tехнолошко индустриската развојна зона – Штип. Во април „Техникал текстајлс“ го потпиша договорот за инвестиција.

Тоневски: Нема да дозволам инвестиција на штета на граѓаните

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, еден ден по потпишувањето на договорот за изградба на леарница, на дополнителна прес-конференција објаснуваше зошто е значајна оваа инвестиција за градот. Леарницата,  според пробиштипскиот градоначалник, уште од  почеток ја следат шпекулации, особено за влијанието на животната средина. Како што вели градоначалникот Тоневски, капацитетот во првата фаза, ќе преработува околу 29.000 тони отпад годишно, но според...

„ОДВ Електрик“ до крајот на годинава ќе вработи 150 лица

Германската компанија за производство на кабли за автомобилска индустрија „ОДВ Електрик“, етапно ќе вработи 1.000 лица, а до крајот на годината ќе бидат вработени 150 лица. Инвестицијата чини 15 милиони евра, а договорот со Владата беше потпишан денеска. „ОДВ Електрик“ веќе постои на македонскиот пазар и во Охрид има вработено повеќе од 130 лица.

Груевски најави инвестиција од автомобилската индустрија

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека американска компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македoнија. - Нè известија дека донеле одлука за градба на нова фабрика, која ќе биде лоцирана во поголем град во Северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица - рече Груевски.

Британската „Ендава“ почна со работа, најави 400 нови вработувања

Најмалку 400 нови вработувања во следните четири години најави британската ИКТ-компанија „Ендава“, која денеска отвори нови канцеларии во Скопје, со што и официјално почна со работа. Како што рече извршниот директор, Џон Котерел, тимот во Скопје засега брои 36 членови, но во следните 12 месеци ќе достигне 100 лица. - Брзиот економски пораст, уште поинтензивниот развој на информатичкиот сектор и високообразовниот...

Откажана странска инвестиција во Штип?

Хрватската компанија Кумал, која оваа пролет требаше да почне со изградба на фабрика за термоизолациски панели во Штип, засега само ја пролонгира инвестицијата. - Официјално, Кумал ја нема откажано изградбата на фабриката, изјави директорот на  владината Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, според кого, и тие се во исчекување на одлуката на хрватската компанија. Кумал инвестицијата вредна седум милиони...

Владата потпиша договор со „Капкон“ за нова инвестиција

Денеска во Скопје, претставници на Владата на РМ и на компанијата „Капкон“ потпишаа договор за инвестиција вредна 18 милиони американски долари. - „Капкон“ го избра Скопје за свој дом за деловните активности и за производството наменето за пазарите во Европа. Овој производствен капацитет, откако ќе стане целосно оперативен, ќе вработи околу 400 лица. Исто така, имаме намера да ги прошириме нашите...

Компанија за санитетски материјали ќе гради фабрика во економската зона Марино – Кадино

Компанијата за санитетски материјали за медицински цели „Тосама трејд“ постави камен-темелник за изградба на деловен магацински објект на површина од 1.000 квадратни метри во локалната економска зона Марино - Кадино во Општина Илинден, пренесе „Порта 3“. Вредноста на инвестицијата, според проценката на „Тосама трејд“, ќе изнесува повеќе од 500.000 евра, а објектот треба да биде готов напролет. „Тосама трејд“ досега вршеше само...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...