fbpx
Таг: инвестиција

таг: инвестиција

ЕСМ ја гради првата фотоволтаична централа во РЕК Осломеј

Генералниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски оствари работна посета на РЕК Осломеј. Тој ја посети локацијата на која што треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на АД ЕСМ. Подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигаат потребните материјали, информираат од ЕСМ. Од компанијата велат дека реализацијата на овoј исклучително...

Пуштен во употреба новиот паркинг во Клинички центар кај Гинеколошка клиника

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерот за здравство Венко Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во големиот број градежни активности што се вршеа изминатиов период. Воедно, тие информираа дека новиот паркинг кај Гинеколошката клиника е пуштен во употреба. Просторот за паркирање на местото на некогашната зграда на Клиниката за гинекологија ќе може да...

Град Скопје најави 200 нови паркинг места до Инфективна клиника откако ќе заврши корона кризата

Откога целосно ќе заврши епидемијата со корона вирусот во земјава, на локацијата на која е поставена монтажната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби може да се изгради паркинг со капацитет од околу 200 паркинг места. Станува збор за една од двете локации во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на кои Градот Скопје ќе изгради нови...

Потпишан договорот за изградба на фотонапонска електрана во РЕК „Осломеј“

Турската компанија „Гиришим електрик“ ќе ја гради фотонапонската електрана со инсталирана моќност од 10 мегавати во РЕК „Осломеј“. Идниот енергетски капацитет треба да почне да произведува електрична енергија на есен 2020 година. Вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, присуствуваа на свеченото потпишување на договорот за изградба на фотоволтаична електрана Осломеј. Договорот го парафираа директорот на ЕСМ, Васко...

Турската компанија „Пурпласт“ ќе инвестира до 12 милиони евра и ќе отвори нови 300 работни места

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски и извршниот директор на турската компанија „Пурпласт“ Мехмет Шишманоглу, денеска во Владата потпишаа договор за долгогодишен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2. Компанијата „Пурпласт“ закупи 26.266 квадратни метри во зоната во Бунарџик, а фабриката која ќе започне да се гради наскоро е нивна прва надвор од Република Турција. Компанија...

Заев од Словенија најави нова инвестиција на „Таб Мак“ во износ од 25 милиони евра

Во рамки на дводневната официјална посета на Словенија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев одржаа неколку средби со словенечки компании и оттаму најавија нова инвестиција на компанијата „Таб мак“ во висина од 25 милиони евра која што ќе отвори над 90 нови работни места во Пробиштип и околината.  „Господинот Липновик, директор на компанијата „Таб мак“, ја сподели добрата вест...

„Хилтон“ во Скопје е инвестиција од 50 милиони евра, позитивен знак за бизнис-климата

„DoubleTree by Hilton Skopje”, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд, официјално почна со работа на 1 јануари годинава. „Многу важно е тоа што Македонија на овој начин покажува дека со доаѓање на ваков бренд, бизнис-климата е стабилна и даваме поттик и на другите компании да инвестираат во нашата држава. Беше предизвик да направиме еден тим кој ќе бидат...

„Теламон“ од САД ќе инвестира четири милиони евра и ќе отвори 300 работни места

Американската компанија „Теламон корпорејшн“ ќе добие државна помош за инвестиции во државата. Министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, информираше дека компанијата која се занимава со производство на кабли и е присутна на американскиот и пазарите во Мексико и Кина, планира почетна инвестиција во Инџиково од четири милиони евра и 300 нови работни места. Апостолска посочи дека предвидената поддршка е во делот на...

Доверителите на „Агрокор“ го прифатија договорот со руските банки и спречија банкрот

Доверителите на хрватскиот холдинг „Агрокор“ го одoбрија договорот за надмирување на долговите, во што ќе се вклучат руските банки  „Сбербанк“ и “„ВТБ“, кои ќе преземат 46 отсто од акциите. На овој начин, ќе се избегне банкрот на најголемата компанија на Западен Балкан во која има вработени 60.000 лица и учествува со 15 проценти во домашниот бруто-производ (БДП) на Хрватска. Холдингот „Агрокор“...

Сугарески: За изградба и реконструкција на Коридор 8, инвестираме 500 милиони евра

Aвтопатот Скопје - Тетово во должина од 17 километри се рехабилитира и инвестицијата е во вредност од 1,1 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), информираат од Министерство за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врески, Горан Сугарески истакна дека во западниот дел на државата се инвестираат преку половина милијарда евра за изградба и...

„Алкалоид“ инвестираше повеќе од 2,5 милиони евра во три нови производствени погони

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ пушти во употреба три нови погони, а инвестицијата изнесува 2,5 милиони евра, соопштија од компанијата. Од таму велат дека, новите производни одделенија, се простираат на површина од 1.000 метри квадратни, а при изведбата на сите овие проекти, имплементирани се најсовремените стандарди за добра производна пракса (GMP). - Присуството на компанијата на пазарите во над 30 земји во светот и...

Отворена фабриката „Адиент“ во ТИРЗ – Струмица

Премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли,  директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, и Владимир Теплик од компанијата „Адиент“ денеска ја отворија оваа фабрика во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица. Инвестицијата изнесува 20 милиони американски долари и ќе вработи повеќе од 1.300 лица. Заев истакна дека отворањето на американската фабрика „Адиент“ значи отворање на нови работни места...

Струја за 60.000 домаќинства: Ветерниците во Богданци се најисплатливата инвестиција

Од почетокот на работата на ветерните електрани „Богданци“ во 2014 година, предвиденото производство на струја е надминато за 25 проценти, информираше генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, при посетата на ветерниот парк. Според него, станува збор за најисплатливата инвестиција досега, при што се произведени 300 гигават-часови електрична енергија. Во него се  произведува струја за околу 60.000 домаќинства или за три града,...

Изградбата на ски-центарот на Кожуф пропадна, компанијата оди под стечај

За компанијата „Ски Кожуф“, која е требаше да го гради ски-центарот на Кожуф во Основниот суд Велес е отворена стечајна постапка, јавува порталот „Дума“. За стечаен управник е именуван Богољуб Макревски, а испитното рочиште и извештајното собрание се закажани за 11 јануари 2017 година. Изградбара на ски-центарот на Кожуф почна во 2000 година, а во него се инвестирани околу 20 милиони...

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството во времето на СДСМ беше еден од најзапоставените ресори

Петре Шилегов нема капацитет да разбере дека ВМРО-ДПМНЕ ја добива поддршката од граѓаните токму поради проектите што ги нуди и на кои напорно работи да се реализираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ. „Кога е здравството во прашање, СДСМ не отстапува од залудните очајнички обиди стопати да каже лага и да се надева дека ќе успее...

СДСМ: Се грижиме за дијаспората и мотивираме соработка

Членовите на извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џафероски, се сретнале со македонски државјани во Брисел кои живеат и работат во Белгија. На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, за фокусираноста на СДСМ на организирање и на одржување регуларни избори во декември. На средбата Адеми и Џафероски соопштиле и повеќе мерки со кои се отвора шанса...

Германска текстилна компанија отвори погон во Велес

Германската компанија „СТС Текстајлс“ отвори погон во Велес во кој првично ќе бидат вработени 50 лица. Министерот Џери Наумоф и управителот на германската компанија Маркус Туц денеска го потпиша договорот за инвестирање во Велес. Според министерот Наумоф, компанијата ќе почне со работа за една-две недели во реновиран објект, а произведениот индустриски текстил за автомобилската и за техничка индустрија ќе се извезува во...

Новиот рудник за гранит ја вжешти политичката сцена во Битола

Дебатата за новиот рудник за експлоатација на минерална суровина гранит на локалитетот Билбил kамен, ја вжешти политичката сцена во Битола. Рудникот кој е оддалечен околу два и пол километри од централното градско подрачје и околу 800 метри од првото населено место, ги спротивстави власта и опозицијата во еден од најзагадените градови во земјава. Главното прашање, дали рудникот ќе има штетни последици по...

Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде готов за една година

Најголем дел од автопатот Миладиновци-Штип односно 95 проценти се пробиени, 9,5 километри се асфалтирани, а се работи на изградба на мостови, надвозници и подвозници. За ова денеска информираше техничкиот премиер Емил Димитриев кој направи увид во градежните активности. Димитриев информираше дека целосната реализација на автопатот во должина од 47 километри се очекува да заврши за една година, а вредноста на инвестицијата...

Германската компанија „Ес-ти-ес текстајлс“ ќе отвори погон во Демир Хисар

Германската компанија „Ес-ти-ес текстајлс“ (STS Textiles) ќе инвестира во Демир Хисар. Изградбата на погонот ќе почне следните неколку месеци и за почеток се планирани 150 вработувања. За време на целиот инвестициски процес бројот на вработени се очекува да достигне 1.500. - По Германија, Македонија е второ место каде што ќе имаме производство. Ги посетивме Холандија, Бугарија и Романија, но се...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...