fbpx
Таг: инвестиција

таг: инвестиција

Промовирана нова странска инвестиција, млади ќе работат за над 1.000 евра месечна плата

Мултинационалната водечка компанија за аутсорсинг услуги „ЕМАПТА“ ќе отвори деловен простор од 6.000 метри квадратни во технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ), а раководството на компанјата планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години, информираат од ТИРЗ. Денеска оваа странска инвестиција ја промовираше директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски заедно со премиерот Димитар Ковачевски. Тие кажаа дека месечната нето...

Ветерен парк ќе се гради во забранетата зона околу нуклеарната централа Чернобил

Германската компанија „Нотус“ разговара со украинските власти за изградба на ветерен парк во забранетата зона околу нуклеарната централа Чернобил, пишува германската новинска агенција ДПА. Фирмата од Потсдам соопшти дека со украинскиот оператор на електродистрибутивната мрежа Укренерго потпишале писмо за намери за реализација на проектот. Двете страни договорот го потпишале за време на посетата на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок...

Ковачевски со честитки до тајвански „Јагео“ за најавената инвестиција од 205 милиони евра

Премиерот Димитар Ковачевски, во видео обраќање, упати честитки до менаџментот на тајванската корпорација „Јагео“ и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, по повод најавите за нова инвестиција на „Јагео“ во зоните во Скопје и Штип во доменот на електрониката. Според Ковачевски оваа инвестиција претставувала најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја со вредност од 205 милиони евра и...

Ковачевски: За прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не само на оската север-југ

Премиерот Димитар Ковачевски, но и речиси сите министри присуствуваа на денешното поставување камен-темелник, со кој се означи почетокот на изградбата на автопатите Тетово - Гостивар, Гостивар - Букојчани и Требениште - Струга - Ќафасан. Бината од каде што се обраќаа владините претставници беше претставена во форма на автопат, а на говорницата беше поставен бројот 8. Со црна маица на која...

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил

Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е и на Факултетот за...

Компанијата „ТехноАлпин“ заинтересирана да инвестира 186 милиони евра во Попова Шапка

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ од Јужен Тирол е заинтересирана за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Како што соопшти денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, понудата на компанијата добила зелено светло и од Владата. Се работи за проект тежок 186 милиони евра и истиот вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на...

Електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”. Со мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово е планирано да се произведуваат електричните возила e-go, со што ќе се отворат...

Инвестицијата во фотоволтаици за домаќинство се исплатува за пет до шест години

Колку повеќе енергија произведеме од сонцето, толку помалку ќе ни треба РЕК Битола. Замената на нечистата енергија од фосилни горива со зелена од сонцето е една од најголемите придобивки од инсталирањето на фотоволтаични системи, иако и намалувањето на зависноста на земјата од увоз на скапа електрична енергија е голема мотивација. Инвестицијата во сончеви панели од шест киловати во земјава чини...

Германската компанија WPD ќе гради 69 ветерници во вредност од 500 милиони евра

Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата, истакна дека ова не е само најголемата германска инвестиција во земјава, тука ова е најголемата директна гринфилд инвестиција...

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во ТИРЗ Скопје

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје, информираат од ТИРЗ. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата. „Според инвестицискиот план и финансиски проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра...

Проблемот со третманот на отпадот никако да се реши во земјава, можна солуција е преработката за енергија

И покрај тоа што во Македонија една и пол деценија се зборува за регионални системи за управување со отпад и за негов современ третман, многу малку е направено во реалноста во изминатиов период за изградба на модерните регионални депонии. Во меѓувреме, количеството на создаден комунален отпад во континуитет расте, а бројот на диви депонии во земјава непрекинато се зголемува....

Инвеститор од Луксембург сака да вложи 336 милиони евра во погон за согорување на отпадот од земјава

За трајно решавање на проблемот со управувањето на отпадот во земјава, премиерот Зоран Заев денеска информираше дека би следела нова предложена инвестиција „енергија од отпад“, за која владата веќе 7-8 месеци преговара со инвеститор од Луксембург. Станува збор за погон во кој би се вложиле 336 милиони евра, кој би работел со плазма за согорување, односно безкислородно согорување на...

Инвестиција од 2,5 милиони евра на „М6 Аграр“ и „Тиквеш“ во нови лозови насади

Групацијата „М6 Аграр“ и винарската визба „Тиквеш“ продолжуваат со инвестицискиот циклус во нови лозови насади на површина од 120 хектари на локацијата Бабуна, во близина на Велес. Најновата инвестиција за унапредување на квалитетот на вината на „Тиквеш“ е вредна речиси 2,5 милиони евра, а дел од средствата се обезбедени со поддршка на ИПАРД програмата. Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на...

Заев од Атина: Американската компанија „TEXAN & Envipco“ која работи во Грција донесе одлука да инвестира и во Северна Македонија

Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржаа средба со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората. „На средбата на премиерот Заев му беше соопштена донесената одлука на компанијата „TEXAN & Envipco“ за отворање на фабрика во Северна Македонија за рециклирање на...

Германската „Гересхајмер“ во Бунарџик отвори фабрика за медицинско стакло

фото : Влада на РСМ
Во технолошко индустриската развојна зона „Скопје 2“ денеска германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ официјално го означи почетокот на својата инвестиција, новата фабрика за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Вредноста на инвестицијата е минимум 25 милиони евра, а во новата фабрика треба да се вработат 400 лица. Според Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“, поради ковид пандемијата оваа инвестиција...

„Лидл“ ќе гради маркети во земјава, средба на менаџментот со премиерот Заев

фото: Влада на РСМ
За новата инвестиција во Северна Македонија на трговскиот синџир „Лидл“ денеска на средба разговараа премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, со менаџментот на оваа германска компанија. Компанијата е веќе регистрирана во државава, и според Заев, оваа инвестиција ќе значи зголемување на понудата и нови вработувања. Над 200 германски инвеститори веќе вработуваат...

Пуштен во употреба новиот 400/110 киловолтен трансформатор „Битола 2“, се подготвува терен за далноводот кон Албанија

Премиерот Зоран Заев денеска го пушти во употреба новиот 400/110 киловолтен трансформатор во трансформаторската станица „Битола 2“. Станува збор за сопствена инвестиција на АД МЕПСО во висина од 2,4 милиони евра. „Инвестициите во енергетската мрежа се од голема важност за целиот електроенергетски систем и имаат директно влијае на пристапот и стабилноста во снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата од овој...

Турски „Пурпласт“ инвестира 5,1 милиони евра во нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2

Турската компанија „Пурпласт“, која има 40-годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2, во која реализира инвестиции од 5,1 милиони евра, а каде иницијално ќе се вработат од 40 до 50 лица. Ова денеска беше соопштено на...

Изградбата на интеконекторот со Грција и носење на гасот до општините, се главни проекти за гасификацијата во 2021

Продолжувањето со гасификацијата е една од капиталните инвестиции на Владата која е во економските приоритети за 2021 година. Премиерот Зоран Заев најави дека во 2021 година и официјално ќе започне проектот изградба на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас од други извори со конкурентна цена, со сигурност и безбедност во...

ЕСМ инвестира 3 милиони евра во реконструкција на хидроелектраната „Вруток“

есм хец вруток
Во хидроелектраната „Вруток“ што е во рамки на ХЕС „Маврово“, заврши главниот дел од реконструкцијата за санирање на водостанските шахти, за што беа инвестирани околу 3 милиони евра. Како што соопштуваат од Електрани на Северна Македонија, ЕСМ, со овој проект ќе овозможи драстично намалување на загубите на вода, зголемување на производството, заштита од ерозија на околниот реон, како и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...