fbpx
Таг: инвестиции

таг: инвестиции

Според НБМ, кризата ги преполовила странските инвестиции

Според податоци на Народната банка на Македонија, во февруари годинава се регистрирани само 12,6 милиони евра странски инвестиции. Претходните три месеци, тие просечно изнесуваа повеќе од 30 милиони евра: во јануари - 34,4 милиони евра, декември - 35 милиони евра и во ноември - 38 милиони евра. Иако нема официјални информации за причините за овој пад на странските инвестиции, според економистите, тоа може да се должи...

Груевски во Прилеп вети три нови инвестиции, 2350 вработувања и подолго породилно

На народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, лидерот на партијата, Никола Груевски, најави три инвестиции и нови 2350 вработувања. - Да ги најавам германската фирма „Акомпласт“, која отвора фабрика за производство на компоненти за автомобилската индустрија, со почетна инвестиција од неколку милиони евра и со 250 вработувања. Првите вработени овој месец ќе се испратат на усовршување во матичната фирма во...

Сите 43 бројки на Груевски од митингот во Штип

Трибините што ВМРО-ДПМНЕ ги одржува во градовите, премиерот ги користи да потсети на она што го направиле и на она што Владата во иднина планира да го направи. Говорите на лидерот на партијата се (пре)полни со бројки, кои често, поради тоа што се многу, тешко е и да се следат. Еве ги бројките (вкупно 43) што премиерот ги најави во Штип. 100 отсто обештетување...

Двете лица на Груевски: Битка за инвестиции и за секој квадрат на Водно и во Капиштец

Премиерот Никола Груевски на трибината во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се пофали со инвестициите и со делата кои ВМРО-ДПМНЕ ги направила за Македонија, но најави и десетици нови инвестиции. Паралелно, неговиот политички противник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пушти снимки од разговорите во кои Груевски договара промена на урбанистички планови, пренамена, поделба и откуп на парцели на Водно и во...

Се бара нов Субрата да инвестира во Џумајлија

Се бара нов инвеститор за плодните ниви на Џумајлија. Министерството за земјоделство ќе објави повик за закуп на земјоделско земјиште на површина поголема од 4.400 хектари. Компаниите заинтересирани да го шират својот земјоделски бизнис во Џумајлија треба да достават бизнис-план со износ на вкупните инвестиции, опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата и планираниот број вработени по години. Министерството за земјоделство...

Охрид: Десетина милиони денари – стимул на локалниот економски развој

Општина Охрид, за наредната година, ќе издвои десетина милиони денари за стимулирање на локалниот економски развој. Во согласност со нацрт-програмата за развој за 2015 година, дел од овие средства – околу три милиони денари, Општината планира да ги обезбеди од буџетот, а поголемиот дел од собрани приходи по други основи. За да се засили локалниот економски равој и да се зголеми конкурентноста на...

Груевски најави нова инвестиција со 1.000 работни места

Нова инвестиција што ќе отвори 1.000 работни места најави премиерот Никола Груевски. „Она што го ветив пред јавноста на 25 март 2014 година, дека ќе има инвестиција во охридско-струшкиот регион, се официјализираше финално. Германската компанија „Костaл“ објави инвестиција и 1.000 нови работни места. 1.000 нови вработувања за охриѓани и за стружани. Вие знаете дека може да верувате на нашиот збор, дека...

На отворената седница, Владата најави нови инвестиции и вработувања

Нови инвестиции, отварање нови работни места, како и реформи во јавната администрација се дел од темите на отворената седница на Владата за сите реформи и активности што ќе бидат опфатени во Акцискиот план за 2015 година. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, најави вработување на уште 250 професионални војници. - За нови професионални војници, структурирани се две групи, секоја со 125 војници, кои...

Груевски: Две кинески компании сериозно заинтересирани за инвестирање во Македонија

Две кинески компании се серозно заинтересирани за изградба на голема кланица и на цементрарница во Македонија, а постои интерес и за реализација на енергетски проекти, најави премиерот Никола Груевски по денешната билатерлана средба со кинескиот колега Ли Кечијанг во Белград, во рамките на Самитот меѓу шефовите на влади на НР Кина и на земјите од Централна и од Источна...

Јункер најави 315 милијарди евра инвестиции за ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска во Европскиот парламент во Стразбур го презентираше новиот „амбициозен“ план од 315 милијарди евра на неговата администрација, за поттикнување на порастот на економијата и на вработеноста во Европска Унија, која со години се соочува со финансиска и со економска криза. Всушност, само 21 милијарда евра ќе дојдат од јавни европски пари –...

Кратово ќе добие индустриска зона до средината на 2015 година

Индустриската зона во Кратово, еден од крупните инфрастриктурни проекти финансиски поддржани од Владата, ќе биде готова до средината на 2015 година, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, по вчерашната средба со градоначалникот Мите Андоновски и со советниците во општината. - Индустриската зона во кругот на фабриката „Иднина-змеј“ треба да биде готова до средината на следната година. Таму ќе...

Три италијански фирми сакаат да вложат во Македонија

Италија е петти надворешно трговски партнер на Македонија
Три италијански компании се заинтересирани да инвестираат во Македонија во три различни сектори, информираше италијанскиот амбасадор Ернесто Масимимо Балели. - Што се однесува до трите фирми, не можам поради доверливост на податоците да ги кажам нивните имиња. Но, ќе кажам дека една од нив е од земјоделскиот сектор, втората е од секторот индустрија, а третата е од информатичката технологија -...

Владина делегација во посета на Швајцарија

Македонска владина делегација, предводена од заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во чиј состав се министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Висар Фида, почесниот конзул на Република Македонија во Принципатот Лихтенштајн, Норберт Зегер, како и економскиот промотор во Швајцарија, Арлинд Зекири, од денеска престојува во работна посета на Конфедерацијата Швајцарија. Денеска...

Груевски одржа презентација за Македонија на бизнис-форум во Њујорк

Премиерот Груевски пред присутните ја нагласил стабилната макроекономска политика
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и членовите на владината делегација, во чиј состав се заменик претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, завчера попладне (понеделник, 03.11.2014 година) во Њујорк, САД, присуствуваа и се обратија на бизнис-форум за презентација на поволностите што ги нуди Република Македонија...

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...