fbpx
Таг: инвеститор

таг: инвеститор

„ТехноАлпин“ го претстави планот за инвестиции во Попова Шапка, предвидени се седум фази

Инвеститорите од италијанската компанија „ТехноАлпин“ заинтересирани за Попова Шапка денеска го претставија нивниот план за развој на овој туристички центар. Процесот е во рана подготвителна фаза и договорот сè уште не е потпишан. Министерот за животна средина призна дека во овој центар не се инвестирало цели дваесет години и рече дека се очекува тоа да се направи преку оваа...

Компанијата „ТехноАлпин“ заинтересирана да инвестира 186 милиони евра во Попова Шапка

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ од Јужен Тирол е заинтересирана за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Како што соопшти денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, понудата на компанијата добила зелено светло и од Владата. Се работи за проект тежок 186 милиони евра и истиот вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на...

И министерот Нуредини во потрага по инвеститори, развојот на Попова Шапка засега останува само ветување

За развој на Попова Шапка има потенцијален инвеститор, и централната власти се во преговори со него. Ова го соопшти и министерот за животна средина и просторно планирање одговарајќи на прашање на Порталб за развојот на Попова Шапка. Сепак, засега нема конкретни детали, барем не такви што се споделени со јавноста, пишува Порталб. Врз основа на направената студија за Попова Шапка,...

Порталб: Министерството за економија не го открива потенцијалниот инвеститор во Попова Шапка

Од Министерството за економија велат дека процедурите за постигнување конечен правен договор за Попова Шапка во износ од 50 плус 50 милиони евра се во завршна фаза, но не соопштуваат детали за инвеститорот, бидејќи според нив ова е стратешка инвестиција и тоа е во интерес на постапката. Очекуваат со вакви инвестиции да се зголеми туристичката понуда во земјава и...

Порталб.мк: Ски центарот „Попова Шапка“ чека нов инвеститор чие име не се открива

Останува нејасно кој ќе биде инвеститорот кој, според најавите на премиерот Зоран Заев од пред два месецa, ќе ја добие концесијата за следните 99 години за ски-центарот „Попова Шапка“. Инвеститорот е засега непознат и не се знае ниту дали има потпишано договор со застапник од Северна Македонија. Од извршната власт велат дека тој работи на подготовка на проектот, но...

Министерството за транспорт и врски потврди дека нема да се градат „Шпанските скали“ на плоштад

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, со што на сила останува решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, информираат од општина Центар. Инаку, општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое го огласи за ништовно одобрението...

Изградбата на џамијата на Попова Шапка продолжува, иако нема дозвола за градба

На Попова Шапка деновиве повторно продолжија градежни активности за изградба на џамија која нема дозвола за градба. Инвеститорот не се откажува од изградбата на џамијата дивоградба, иако тетовскиот општински инспекторат во изминативе две недели, двапати бил на местото каде што се гради и му наложил да го запре градење. Иако и двете забрани беа испочитувани неколку дена, ископите за поставување на...

Богдановиќ бара од Жерновски запирање на градежните работи на Кејот 13 Ноември

Претседателот на општинската организација на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ, денеска поднел барање до градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за запирање на градежните работи на Кејот 13 Ноември. „Причината за поднесување на барањето е избегнување на сите евентуални штетни последици кои може да настанат, како за животната средина, така и за формално-правниот аспект од веќе почнатото спроведување на одлуките на...

Нова фабрика за вода во Гари

Во близина на дебарското село Гари, денеска беше отворена фабриката за вода „Маја“. Почетната инвестиција на хрватскиот инвеститор, компанијата „Мали Лошињ“, изнесуваше 300.000 евра, а проценетите 7,7 милиони евра инвестиција, достигнаа 14 милиони евра за овие три и пол години, колку што траеше процесот на реализација. Моменталниот број на вработени е 25, а според најавите на инвеститорот, тој наскоро ќе се зголеми. Дневното...

Скината одводна цевка го блокираше центарот на Скопје

Полициски возила и денеска ја блокираа улицата кај новата зграда на Факултетот за драмски уметности во центарот за Скопје, спроти Министерството за надворешни работи, поради скината главна цевка од канализациската мрежа, пренесува „24 Вести“. Според работници на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, како што пренесува телевизијата, проблемот настанал поради тоа што инвеститорот, кој гради во близина, копајќи вчеравечер ја скинал...

Исечени дрвјата во спортскиот центар во Тетово

Откорнати се сите дрвја во спортскиот центар во Тетово, кој беше единствената слободна зелена површина во градот. Сечата ја извршил новиот закупец на овој простор, кој месецов почна да го реконструира центарот. Од Општина Тетово велат дека сечата на дрвата е направена нелегално. „Оваа површина преставува градежно изградено и уредено земјиште со намена за спорт и за рекреација. Општина Тетово...

„Нисан“ презема 34 отсто од „Митсубиши“

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ купува 34 отсто од јапонската компанија „Митсубиши моторс“ за 1,9 милијарда евра. „Митсубиши“ ќе му продаде на „Нисан“ 506,6 милиони акции. Директорот на „Нисан“, Карлос Гон, одржал итна прес-конфренција со претседателот на управниот одбор на „Митсубиши моторс“, Осам Масик, во Јокохама, каде што е седиштето на „Нисан“. Тој истакнал дека „Нисан“ ќе инвестира 1,9 милијарда евра во...

„Делфина турс“ во Охрид ќе гради модерна автобуска станица

Општина Охрид и транспортната компанија „Делфина турс“ од Скопје денеска го потпишаа договорот за изградба на современа автобуска станица во Охрид. - Инвеститорот досега ги испочитува сите предвидени временски рамки и законски обврски во согласност со огласот. Очекуваме во законски предвидените рокови кои ќе следат од постапката, да ги реализира своите ветувања. Во минатиот период, за жал, имавме една импровизирана...

Ноќеска на Водно се појавило лизгање на земјиштето

Општината веднаш ќе побара од Градежниот факултет во Скопје да ја испита состојбата на земјиштето, над хотелот „Тасино чешмиче“, а потоа ќе се подготви елаборат и ќе се пристапи кон градење потпорен ѕид, соопштија од Општина Центар. Ова е последица на синоќешното лизгање на земјиштето на таа локација. Денеска Анреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, се сретна со жителите на населбата...

Се бара нов Субрата да инвестира во Џумајлија

Се бара нов инвеститор за плодните ниви на Џумајлија. Министерството за земјоделство ќе објави повик за закуп на земјоделско земјиште на површина поголема од 4.400 хектари. Компаниите заинтересирани да го шират својот земјоделски бизнис во Џумајлија треба да достават бизнис-план со износ на вкупните инвестиции, опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата и планираниот број вработени по години. Министерството за земјоделство...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...