fbpx
Таг: инцидент

таг: инцидент

Инцидент на аеродромот во Белград – оштетен авион летал над градот еден час

Авион на компанијата „Маратон ерлајнс“ која врши сообраќај за „Ер Србија“, при полетувањето од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград удрил во инструментацијата која служи за слетување на авиони од спротивната насока на пистата, вели за Н1 Петар Војиновиќ од српскиот воздухопловен портал „Tango Six“, коментирајќи го инцидентот што се случи вчера во српскиот главен град. Авионот потоа летал над Белград...

Приземјени се 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“

Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА) нареди приземјување на 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“, пренесува Би-би-си. Ваквиот потег доаѓа еден ден откако се случи инцидентот со отпаѓање на дел од патнички авион на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“. Во петокот авион на „Алјаска ерлајнс“ од серијата „737-9 макс“ мораше принудно да слета по полетувањето од американската сојузна држава...

За Беким Незири и уште тројца Кривичен суд определи мерки за претпазливост

Кривичниот суд определи мерки за претплазливост четири лица поврзани со случувањата во М-НАВ, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер и советник на директорот на М-НАВ, кои се  осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Според соопштението од Судот, овие четири лица, заедно со уште други четири лица кои се во бегство, упаднале во канцелариите на М-НАВ и...

Контраспин: Апасиев како Робеспјер – народен фронт за финална пресметка!

Левица, како и секоја друга партија во предизборието што е веќе одамна започнато, од многу причини вчера си дозволи да демонстрира насилство и кршење во Собранието, кое е недозволиво, добивајќи веројатно гласови плус. А, денеска, пак и нови револуционерни ставови, кои се спин. Но, штетата што ја направија е поголема од ползата (евентуални гласови плус), зoшто голем дел од...

По вандализмот на Левица во Собранието сите се обвинуваат дека се во коалиција со противникот

И владејчката СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го осудија однесувањето на пратениците на Левица на вчерашната собраниска седница кога Борислав Крмов откорна монитор и заедно со Димитар Апасиев фрлаа со листови кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кој ја водеше седницата за усвојување на новиот Деловник за работа на Собранието на РСМ. Со низа соопштенија реагираше и Левица. Она што ги карактеризира...

Поднесено обвинение за инцидентот со новинар и снимател кај Росоман

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднело Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Станува збор за инцидентот во јули кај Росоман кога беа нападнати новинар и снимател, а овој обвинителен предлог поднесен денеска...

На фотографијата споделена во објавата не е новиот директор на МЕПСО, туку неговиот брат

Зеди Енузи Кока навистина е назначен за нов директор на МЕПСО, но човекот со пиштол прикажан на фотографијата е неговиот брат Цуфи Кока кој на 20 јули 2022 доби четири месеци затвор. Причината за казната беше тоа што тој пукаше во воздух кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог, пишува „Вистиномер“ во својата...

ЗНМ ги осуди заканите кон новинарите што ја снимале депонијата што гори во Брвеница

Здружението на новинарите на Македонија денеска го осуди инцидентот во кој новинарска екипа на телевизијата ТВ Коха била спречена да ја врши својата професионална работа во врска со пожарот кој веќе втор ден гори во општина Брвеница. Екипата на телевизијата била вербално нападната од лице во цивилна облека кое агресивно се однесувало и со викање, навреди и закани им забранувало...

Еден починат и над 20 повредени во пукање во локал во Приштина

Едно лице починало, а четворица се здобиле со прострелни рани во инцидент што синоќа се случил во Приштина, пренесува Kossev.info. Во пукањето што се случило во локал во косовскиот главен град, повредени се над 20 лица. На синоќешниот конфликт му претходела расправија меѓу неколку мажи, по што било употребено и огнено оружје. Четири лица се здобиле со физички повреди и биле хоспитализирани...

Полска обвини дека два белоруски воени хеликоптери го нарушиле нејзиниот воздушен простор

Министерството за одбрана на Полска ја обвини Белорусија дека два нејзини воени хеликоптери го нарушиле полскиот воздушен простор, навлегувајќи на 1 август на нејзина територија во регионот Бјаловеж, пренесува Ројтерс. Полските власти информираат дека станува збор за белоруски хеликоптери „Ми-24“ и „Ми-8“, а првите снимки од инцидентот се појавија утрово на Фејсбук. Белоруските хеликоптери летале премногу ниско на полска територија...

Приведени повеќе од 20 лица пред и за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Шкупи и Левски

Голема тензија ги одбележа моментите пред стартот на синоќешниот натпревар помеѓу ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија, Бугарија. Две бугарски возила биле нападнати кај трговскиот центар „Чаирчанка“ на улицата Цветан Димов, при што со повреди завршил еден од бугарските навивачи. Според јавното обвинителство, до настанот дошло додека навивачи на ФК Левски со две возила со бугарски регистарски...

Низа обвинувања по соборувањето на американски дрон од Русија над Црно Море

Американските власти ја обвинија Русија дека мора да го почитува меѓународниот воздушен простор откако дрон на војската на САД се урна во Црното Море кој претходно бил намерно оштетен од руски воени авиони, пишува Би-би-си. Според тврдењата на американската војска, пред дронот летал авион „Сухој-27“ и намерно исфрлил гориво, по што се судрил со дронот што предизвикало оштетување на...

МНР го осуди инцидентот со „Цар Борис III“ во Охрид, Бугарија со протестна нота и реакција до Брисел

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) најстрого го осуди вандалскиот чин што се случил вчера вечер, при што, меѓу другото,со употреба на оружје се оштетени стаклата на граѓанскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид. „Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на...

Уште еден камион падна жртва на фамозната фонтана на плоштадот „Македонија“

Уште еден камион пропадна во гранитните плочи што се дел од партерната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Иако овој простор не е предвиден за сообраќај, сепак утрово по плочникот се движел камион кој минувајќи низ просторот каде што се наоѓа фонтаната, пропаднал и се заглавил со тркалата во плочите. Во август годинава, исто така пропадна камион на ова место...

Западните медиуми и американскиот Конгрес не ја величаат Вита Заверуха и таа нема титула „херој на Украина“

Невистинито се тврди дека Заверуха е величана од Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и од американскиот Конгрес, како и дека ѝ била доделена титулата „херој на Украина“. Вистиномер и претходно дебанкираше тврдење во кое што невистинито се изнесе дека Викторија Заверуха му е внука на украинскиот претседател Зеленски, иако таа со него не е во крвно сродство. „Дејли Мејл“, за Заверуха во 2015...

Вистиномер: Со погрешна фотографија се дезинформира јавноста за пукотниците кај Мавровка

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Се работи за две постапки на ОЈО кои се водат за различни лица и се однесуваат за два одделни настана. За лицето што е претставено на фотографиите од постот ОЈО смета дека пукало со огнено оружје, пишува Вистиномер.мк.   Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се претставени две фотографии....

Вистиномер: Директорот на БЈБ не изјавил дека „Македонците ги нападнале Албанците“ – видеото е монтирано

Видеото што се споделува на Фејсбук е со невистинита содржина и монтирано, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“. Од оригиналното видео на телевизиски прилог, може да се чуе целата изјава на Тасевски, кој во ниту еден момент не споменува Македонци или Албанци, ниту пак тврди дека...

Контраспин: Чии се провокаторите на протестите, треба да откријат МВР и ЈО

Две вистини кои кружат во јавноста од официјални изјави на политичарите од двата табора, власт и опозиција, се, всушност, два спина за тоа кој и како ги поттикнува инцидентите на протестите што се одвиваат веќе неколку дена поради т.н. француски предлог за преговарачката рамка на РСМ за преговорите во ЕУ. Спиновите мора под итно да бидат разбиени, а најголема...

По шест дена протести два дена пауза, ќе се блокираат улици и патишта по еден час дневно

По шест дена протести против прифаќањето на Европскиот предлог за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, откако се случи меѓуетнички инцидент, вчера организаторите најавија дека ќе прават пауза од протестирање два дена. Како што најавија, протести нема денеска (петок 08.07.2022 г.) и утре (сабота 09.07.2022 г.) а ќе продолжат во недела. Во меѓувреме ќе блокираат повеќе...

Контраспин: Мицкоски го искористи инцидентот на протестите за собирање политички поени

Мицкоски, кој тврди дека имал закани по својата безбедност и претходно, спинува кога со сигурност вели дека намерата на вооруженото лице на вчерашните протести била да го убие токму него. Сето ова може да се протолкува како искористување на инцидентот за собирање политички поени, дефокус на јавноста и можност на Мицкоски, преку спинувања, да ја донесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ во...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...