fbpx
Таг: интервју

таг: интервју

Нe ни се доволни 18 месеци, Собранието треба да го продолжи рокот, вели Ленче Ристоска

Предвидените 18 месеци за завршување на истражните постапки и за покренување на обвиненија за случаите кои произлегуваат од незаконското прислушување нема да бидат доволни и Специјалното јавно обвинителство очекува Собранието да го продолжи тој рок, оценува обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во интервју за австрискиот весник „Курир“. Таа вели дека работат под огромен притисок, а истовремено се соочуваат со блокади...

Орав: Збогум и помагајте му на СЈО

Евроамбасадорот Аиво Орав преку порака на својот твитер-профил и официјално се збогува од функцијата шеф на Мисијата на Европската Унија во Македонија. Тој попладнево твитна „збогум“ (bye) со негова фотографија пред резиденцијата на ЕУ во Пржино. Орав на функцијата амбасадор на ЕУ во Македонија беше именуван во 2012 година, а сега е делегиран за шеф на мисијата во Црна Гора.   За време...

Шекеринска: Исполнување на условите, па потоа избори е клучната предност на договорот

Она што е предност на договорот меѓу четирите политички партии, постигнат вчера, е тоа што се воспостави правилото да не може да се оди на избори без претходно да се констатира дали условите се исполнети, вели заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во интервју за „Телма“. Таа вели дека не постои договор без слаби точки, но дека „не е важно само...

Бејли: Ако нема одговорност за прислушуваните разговори, земјата ќе остане во криза

„Нашите пораки се исти со тие што ги кажаа пријателите од ЕУ. Сега е најважно да се имплементира Договорот од Пржино и да се отвори пат за изборите од страна на четирите политички партии“, вели американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за „Утрински весник“, одговарајќи на прашање со какви пораки или предлози ќе дојде помошникот државен секретар на САД,...

Хајндл: Прво исполнување на условите, а потоа датум за избори

Парламентарните избори треба да се одржат пред 2018 година, а претходно мора да се создадат услови тој процес да биде фер и демократски, вели германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, во интервјуто за „Алсат М“. Хајндл, како што пренесува телевизијата, во дел од интервјуто, кое ќе биде емитувано утре во 22.30 часот во емисијата „360 степени“, вели дека, според него, поважно...

Груевски: СЈО е златната рипка на Заев

Работата на Специјалното јавно обвинителство претставува политичка пресметка, оцени поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервјуто за српскиот весник „Политика“. - Ме обвинуваат дури и дека би ја напуштил државата. СЈО треба да биде независно, а сега настапува како златна рипка и ги исполнува желбите на Зоран Заев. Токму негова единствена и најсилна желба е мене да...

ВМРО-ДПМНЕ: Аболираниот Заев повторно го потценува народот

„Криминалецот мисли дека сите се криминалци како него. Оваа позната максима денеска ја потврди аболираниот криминалец Зоран Заев, кој сè уште се крие зад помилувањето на Бранко Црвенковски за кражба на 8 милиони евра“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на лидерот на СДСМ за „Радио Слободна Европа“. Од владејчката партија велат дека Заев дал уште едно празно и...

Заев: СДСМ е подготвен за избори, а јас за иден премиер

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен за избори, вели лидерот на опозициската партија, Зоран Заев, во интервју за „Радио Слободна Европа“ и додава дека ако народот одлучи да му ја даде поддршката, тој „секако ќе ја зграпчи честа“ да биде иден премиер на државата. „Ние сме единствената партија што во декември донесе изборна програма на конгрес, подготвена со формиран штаб...

Верушевски до Иванов: Моето влијание во службите никогаш не било поголемо од денес

Моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од денес, стои во реакцијата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов, дадена во дел од интервјуто за „Дневник“. „Хорхе во „Дневник“ ме споменува – би сакал да му одговорам со една реченица: Иванов ја лаже домашната и меѓународната јавност...

Иванов: Системот на разузнавачките служби беше тектонски нарушен од Верушевски

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во интервју за „Дневник“ повторно директно ги нападна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинувајќи го дека е креатор на политичката криза, и Специјалното јавно обвинителство, за кое вели дека постапува селективно. Иванов повторно го повикува Заев „да собере храброст“ и да побара да му биде повлечена аболицијата за случајот „Глобал“ од 2008 година. „Заев неколкупати изјави...

Хан: Договорот од Пржино не е мртов и важно е да се одржат избори

Договорот од Пржино има иднина и тоа што е важно е да се одржат избори што ќе бидат прифатени од меѓународната заедница, вели еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Радио Слободна Европа“. - Има иднина. Имавме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени или малку подоцна. Затоа, финалната битка е...

Андоновски: УБК максимално будно ги следи протестите

Мора да бидеме максимално будни и да ги анализираме сите информации, вклучувајќи ги и тие што укажуваат дека во протестите (на граѓанската иницијатива „Протестирам“, против одлуката на претседателот Иванов за аболиција, н.з.) се вклучени или дека се оркестрирани од странски државјани, вели во интервју за порталот „Прес 24“, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Љупчо Андоновски. На прашањето како УБК...

Ахмети за виенски „Стандард“: Кои избори? Се шегувате со мене?

„Кои избори? Се шегувате со мене?“. Ова е реакцијата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на првото прашање во интервјуто за австрискиот весник „Стандард“, во врска со одржувањето на изборите. Лидерот на ДУИ, по реакцијата, објаснува дека ставот на неговата партија е исполнување на сите критериуми, за веродостојноста на изборите да биде признаена од сите и од...

Ховит за „Мета“: Македонија се наоѓа во опасна и нестабилна состојба

Европратеникот и еден од посредниците за Договорот од Пржино, Ричард Ховит, во интервју за „Мета“ вели дека одговорноста за иднината на Македонија е кај македонските политичари, како и дека земјата е во опасна и нестабилна состојба. Тој порачува дека политичарите во Скопје треба добро да размислат во која насока ќе одлучат да продолжат да се движат по вчерашните предупредувања од...

Гошев: Треба да се истражи каде завршуваат парите кои нелегално се одлеваат од државата

„Има индиции што говорат дека огромни износи пари незаконски се одлеваат надвор од Македонија. Во годишниот извештај на „Глобал фајненшал интегрити“ имаше процена дека од 2004 до 2013 година се одлеале повеќе од 5 милијарди долари или годишно, во просек, се одлевале 516 милиони долари незаконски средства од Македонија“, вели поранешниот гувернер Петар Гошев, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Според Гошев,...

Иванов: Кој не сака аболиција, нека ми пише

Во интервјуто со уредниците на националните телевизии, кое се емитуваше на јавниот сервис, претседателот Ѓорге Иванов рече дека историјата ќе суди дали бил во право и со одлуката за аболиција го сочувал државниот интерес или поаѓал од личен интерес. „Наместо оваа година да славиме јубилеј 25 години од нашата независност, да се радуваме на успех на нашите генерации што конечно...

Иванов: Постои реална закана за ликвидација на двајца лидери на партии

Постои реална закана за физичка ликвидација на двајца лидери на партии, рече претседателот Ѓорге Иванов на заедничкото интервју со главните уредници на неколку македонски телевизии во неговиот кабинет. Тој рече дека не може да ги каже имињата, но дека службите ги знаат и дека тие лица се информирани за заканите кон нив, како и дека и кон него има такви...

Интервју на Иванов во 15 часот: Ќе одговара на прашања за аболицијата

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска во 15 часот ќе има интервју со главните и одговорни уредници на десетте телевизии со национална концесија, соопштија од кабинетот на Иванов. Претставниците на медиумите, како што стои во соопштението, ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со одлуката на претседателот за аболиција на сите политичари и нивни соработници против кои се водат...

Иванов: Наместо демарш, Грција требаше да ни испрати информации за бегалците

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, возврати на критиките на грчката влада. Во интервју за грчката телевизија „Мега“, Иванов ја обвини Грција дека не соработува околу бегалската криза, не се координира, ниту ги информира македонските власти. Според него, доколку грчките власти ја известеле Македонија околу сомнежите дека активисти подготвуваат протест и насилен влез на македонска територија, двете страни ќе можело...

Иванов за „То Вима“: Бегалската криза е можност да ги надминеме недоразбирањата

Затворањето на Балканската рута и е од корист на Грција, тврди македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во интервју за грчкиот весник „То Вима“. Во интервјуто Иванов упатува остри критики до Грција дека слабо одговара на македонските предлози за подобрување на соработката и комуникацијата меѓу двете страни, а ја обвинува и за проблематично справување со бегалската криза и заштита на границите,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...