fbpx
Таг: интервју

таг: интервју

Попоски: Најдобро е кога има политичка влада што може да носи одлуки

„Во овој момент тешко е да се прогнозира кога и во каква форма би формирале влада или дали би се одлучиле за повторни избори. Практиката ни покажа дека најдобро е кога имате влада со политички мандат, која може да носи одлуки и врз основа на кои може да цените колку е успешна“, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи,...

СДСМ: Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај исто како Груевски

Стевчо Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај, исто како што тоа му се случи на неговиот ментор Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на градоначалникот на општина Карпош за „Радио Слободна Европа“. Од СДСМ велат дека на парламентарните избори на 11 декември граѓаните на Карпош кажале што мислат за работата на Јакимовски и на...

Столтенберг: Тензиите на Западен Балкан мора да се намалат за да се избегнат судири

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за српската новинска агенција „Бета“ оценува дека е неопходно да се намалат актуелните тензии во регионот на Западен Балкан за да не дојде до инциденти и судири. Тој нагласува дека НАТО го остварува својот дел од „изградбата на безбедноста со регионалните партнери“. „НАТО го цени партнерството со Србија и јас сум горд...

СДСМ: Интервјуто на Груевски е потврда дека неговото време е завршено

Политичките процеси во Македонија повеќе не зависат од Никола Груевски и од криминалните структури што 10 години ја влечат Македонија кон дното, а вчерашното интервју на Груевски е потврда дека неговото време е завршено, се вели во реакцијата на СДСМ. „Во политиката во Македонија повеќе нема место за политичари кои го крадат и го лажат својот народ, нанесуваат зло и...

Груевски: Хан сфати дека влада на широка коалиција е неизводлива идеја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за телевизијата „Нова“ изјави дека еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во земјава дошол со идеја да ги охрабри политичките партии за широка владина коалиција, но по разговорите со партиските лидери дошол до заклучок дека такво нешто не е изводливо. - Низ разговорите тој сфати дека во Македонија широката коалиција е...

Хан за „Цајт“: Во Македонија треба да се постигне промена во еден еволуциски процес

Ако не извезуваме стабилност, ќе увезуваме нестабилност - тоа важи како за Балканот, така и за преостанатото соседство на ЕУ, оценува еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за електронското издание на германскиот весник „Цајт“, а во кое зборува и за Македонија, пренесува „Дојче веле“. „Во наш интерес е во ПЈР Македонија да има стабилност и развој...

Рорабакер и на „Твитер“ повикува Македонија да го следи примерот на Чешка и на Словачка

Републиканскиот конгресмен и воедно претседател на Подкомитетот за европски работи на американскиот претставнички дом, Дана Рорабакер, продолжува да ја промовира контроверзната идеја за поделба на Македонија и на „Твитер“. Тој, одговарајќи на пораки и на реакции на „Твитер“ околу неговите ставови за Македонија, меѓу кои и на поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров, вели дека „ако народите во Македонија...

Ивица „Ние сме будали што ве признавме“ Дачиќ дојде во Македонија или во БЈРМ?

На министерскиот состанок во Скопје дојде и шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кој неодамна рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. – Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им...

Штајнакер: Однесувањето на Иванов е за осуда, злоупотребите мора да се истражуваат

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не дава одговор што да се прави сега и како да се надмине актуелната состојба во државата, која е закочена и неговите постапки се за осуда, порачува поранешната германска амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер, во интервју за „Дojче Веле“. Таа вели дека нови избори би биле многу скап избор и не се добри за земјата. -...

Ципрас утре во дводневна посета на Белград

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе ја посети Србија и во фокусот на дводневната посета ќе биде зајакнување на билатералната, пред сè, економска соработка. Ципрас во Белград ќе разговара со српскиот премиер, Александар Вучиќ, и со членовите на владата и ќе учествува на работен форум помеѓу Србија и Грција. Пред посетата, тој изразил очекувања дека покрај интензивниот политички дијалог, ќе има...

Јанкулоска: Никој не е недопирлив, па ни НВО финансирани од Сорос

„Никој не е недопирлив, па ни невладините организации финансирани од Сорос... Потребно е да има еднакви правила и ред и во функционирањето на невладиниот сектор, а институциите мора да бидат оставени непречено да постапуваат и да си ја работат сопствената работа“, вели во интервју за „Дневник“ поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска. „Граѓанското општество...

Попоски за „Ла Верита“: Брзо формирање влада за да се избегне странското мешање

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во интервју за италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека најдобар начин да се одолее на странското мешање е бргу да се состави влада. - Од денеска до крајот на месецот ќе се соочиме со денови кои се решавачки за нашата земја. Подготвени сме да излеземе од тоа постабилни и посилни....

Груевски: Нам ни лепат етикети за шовинизам, а СДСМ тепаше Албанци во 1990-тите

„Сликата за нас дека сме националисти е искривена и невистинита“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вториот дел од божиќното „мегаинтервју“ за електронското издание на неделникот „Република“. На тоа дали ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер се националисти или не, му е посветен најголем дел од интервјуто, во кое Груевски прави дистинкција меѓу национализам и шовинизам и вели дека „Сорос...

Книгата на Трамп што Груевски „ја препорачува“, ја нема во нашите книжарници

Книгата „Повторно величествена“ (Great Again: How to Fix Our Crippled America), чиј автор е новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, а со која поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се одмора во Маврово, не може да се најде низ книжарници во Скопје. Примерок од оваа книга имало само во книжарницата „Матица“, но не на македонски, туку на...

Груевски открива лек за Сорос, активно одмора и го чита Трамп

Во божиќното „мегаинтервју“ за електронското издание на неделникот „Република“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, огромен простор одвојува за пресметка со „Џорџ Сорос и сите милиони што ги истура во Македонија“ и со „корумпирани новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, предводени од професионални протестирачи“. - Да не беше Сорос со целата мрежа од НВО, медиуми, политичари, внатре и надвор, што...

Попоски: Судот ќе одлучи кој ќе заврши во затвор

Треба да ја почитуваме презумцијата на невиност и да оставиме судските инстанции да одлучат дали е некој виновен или не, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, носител на листа во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“, одговарајќи на прашањето како дел од осомничените за криминал во неговата партија ветуваат бескомпромисна...

Чичаковски: Собранието не собра сили да направи баланс во изборните единици

„Собранието не собра сили да направи баланс во изборните единици. Нееднаквоста во бројот на запишани избирачи по изборни единици може да го загрози еднаквото право на глас, но тоа треба да го оцени Уставниот суд. Ние ќе го спроведеме законот“, вели претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. - ДИК неколкупати, при...

Коѕиас не отстапува од ставот дека „кумот го згрешил името на Македонија“

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, не го менува ставот дека „кумот го згрешил името на Македонија“. Откако настапи со истата позиција пред неколку недели во интервју за весникот „Катимерини“, Коѕиас одново го повтори овој свој став во интервју за радиото „Алфа“, говорејќи за грчката надворешна политика, актуелните односи со македонската страна и за мерките за градење доверба. Коѕиас...

Суомалаинен: Добри мерки се презедоа за да се осигури веродостојноста на избирачкиот список

„Мислам дека се презедоа добри мерки за да се осигури дека избирачкиот список е веродостоен. Избирачкиот список секогаш треба да ја рефлектира актуелната ситуација, не ситуацијата од пред пет или 10 години, туку кога луѓето навистина живеат. Во многу земји тоа се прави автоматски“, вели шефицата на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Во однос...

Нe ни се доволни 18 месеци, Собранието треба да го продолжи рокот, вели Ленче Ристоска

Предвидените 18 месеци за завршување на истражните постапки и за покренување на обвиненија за случаите кои произлегуваат од незаконското прислушување нема да бидат доволни и Специјалното јавно обвинителство очекува Собранието да го продолжи тој рок, оценува обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во интервју за австрискиот весник „Курир“. Таа вели дека работат под огромен притисок, а истовремено се соочуваат со блокади...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...