fbpx
Таг: Интерпол Австрија

таг: Интерпол Австрија

Српски државјанин баран од Интерпол поради убиство, приведен на Табановце

Државјанин на Србија, кого Интерпол Австрија го бара со потерница, вчераутро бил приведен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, соопшти полицијата. Станува збор за С.Ќ. (37) од Белград, кого Интерпол го бара со меѓународна потерница поради основан сомнеж дека извршил убиство. По приведувањето, српскиот државјанин бил предаден на полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...