fbpx
Таг: интерпелација

таг: интерпелација

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери

Опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација против претседателот на Собранието, Талат Џафери. За ова денеска информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој вели дека Џафери има диктаторски и непринципиелни методи со кои го води законодавниот дом. „Овој човек нема почит спрема никого, ниту спрема собраниската служба која ја вреѓаше и пцуеше на најбезобразен начин, ниту спрема пратениците за...

Пратеникот Реџепи самоволно се засолнил, бидејќи добивал закани по живот

Пратеникот Кастриот Реџепи, којшто не се појави на собраниската седница за гласање доверба на владата во четвртокот, денеска одржа прес-конференција во Собранието. Тој рече дека на денот на гласањето доверба на владата самоволно се засолнил за да не дозволи земјата да отиде во правец спротивен на неговите убедувања и стратешката определба. „Се надевам дека разумот ќе надвладее во деновите пред нас,...

Министерот Хоџа и двајца заменици-министри поднесоа оставка, БЕСА веќе не е дел од владата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со двајца заменици-министри, денеска објавија дека поднесуваат оставки од нивните функции во актуелната влада предводена од премиерот Зоран Заев. Тој рече дека доставената оставка е од морален чин, поради нарушување на демократските вредности во државата. Хоџа додаде дека ја реализира изјавата за давање оставка, поради тоа што една владејачка партија, на чело...

СДСМ најавува проширување на мнозинството, Мицкоски се прашува дали вреди да се занимава со политика

Изјавите на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и обраќањето преку Фејсбук на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, укажуваат дека наместо да се изгласа недоверба на владата, владеачките партии ќе го прошират мнозинството. Пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи, кого денеска го бараа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на БЕСА Билјал...

Утре гласање за доверба на владата, ИФИМЕС пишува за операција „Коњички скок“ за враќање на Груевски на власт

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана подготви опсежна анализа за актуелната политичка ситуација во Северна Македонија, во која се наведува дека пред очите на македонската и меѓународната јавност се одвива завршната фаза од тајната разузнавачка операција „Коњички скок“ со крајна цел за враќање на Никола Груевски во земјава и соборување на актуелната власт. „Меѓународниот институт ИФИМЕС...

Опозицијата и власта со противречни изјави за тоа кој го има мнозинството во Собранието

Неизвесност околу тоа кој го има мнозинството во Собранието на РСМ пред гласањето за доверба на Владата што ќе се одржи во четврток. И владејачката СДСМ и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат поддршка од 61 пратеник, со која што би се задржала актуелната влада на премиерот Зоран Заев или би се формирало ново парламентарно мнозинство. Пратеникот на партијата Алтернатива,...

Седницата за гласање на доверба на Владата e закажана за во четврток

На 11 ноември (четврток) ќе се одржи собраниската седница за гласање на доверба на Владата, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. Барањето за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија е доставено и истото е архивирана од надлежните служби. „Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Владата до Собрание, пратеник на Алтернатива пишман за ставениот потпис

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја достави Иницијативата за интерпелација на Владата на РСМ, на која, како што велат од таму, се потпишале 61 пратеник од опозициската коалиција „Обнова за Македонија“, Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА и Левица. „Очекуваме Претседателот на Собранието согласно роковите утврдени во Уставот и Деловникот во најбрз можен рок да свика седница на која што ќе се гласа за...

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со интерпелација за собранискиот спикер Талат Џафери

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат интерпелација за собранискиот спикер Талат Џафери. Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова денеска во парламентот образложи дека интерпелацијата ја поднесуваат поради обраќањето на спикерот Џафери во Европскиот Парламент во Брисел на албански јазик. „Можеби се ова најтешките моменти на атак на македонскиот јазик не само однадвор, од соседството туку и одвнатре. Суспендирајќи го македонскиот јазик како ексклузивен...

Пратениците не ја изгласаа интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски

Со 11 гласа „за“ и 60 гласа „против“, Собранието на РСМ вечерва не ја прифати интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ќе продолжи да ја извршува својата функција во владата на премиерот Зоран Заев.  Интерпелацијата беше поднесена од Алијансата за Албанците и Алтернатива поради бегството на Сашо Мијалков. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште претпладнево ја напуштија собраниската расправа...

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската седница, за Спасовски интерпелацијата против него е чудна

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напушти собраниската седница на која се разгледува поднесената интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од страна на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива поради бегството на Сашо Мијалков. Од ВМРО-ДПМНЕ се налутија поради тоа што собранискиот спикер Талат Џафери им соопшти дека не ја поднеле навреме листата со говорници, како што се предвидува во...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата на Спасовски во Собранието, СДСМ против

Откако албанската опозициска коалиција Алијанса на Албанците-Алтернатива вчера поднесе барање за гласање на доверба во Собранието за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија за гласањето за недоверба кое беше иницирано поради бегството на Сашо Мијалков. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека неговата партија ќе ја поддржи интерпелацијата на министерот Оливер...

Димитров останува вицепремиер за европски прашања, интерпелацијата не успеа

По вчерашната 12-часовна расправа за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, „за“ гласаа 53 пратеници, 55 беа „против“ и ниту еден „воздржан“. Со тоа, Собранието не ја прифати иницијативата на опозицијата за отповикување од функцијата на Димитров. Тој вчера во Собранието рече дека интерпелацијата за неговата работа е збир од лажни вести. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, образложувајќи ги...

Димитров: Интерпелацијата за мојата работа е конструирана на лажни вести

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во своето прво обраќање од собраниската говорница по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека интерпелацијата е полна со апсурди, како на пример, обвинувањето дека не испорачал преговори по цена на одбрана на македонскиот јазик за да можат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница и од...

По Димитров, ВМРО-ДПМНЕ најавува интерпелација во Собранието за Николовски и Маричиќ

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација во Собранието на РСМ за министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за спречување корупција Љупчо Николовски, најави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Причина за ова, како што рече тој, се катастрофално лошите резултати со корупцијата по објавеното рангирање од Транспаренси Интернешнл. „Вклучен е црвениот аларм одамна. Потребни се оставки, најпрвин од таканаречениот...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, информираше пратеникот Антонијо Милошски. „По однос на Интерпелацијата за заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров имаме неколку основи. Првиот основ којшто е многу сериозен е неговото непочитување на Собранието. Никола Димитров е еден од ретките министри во Европа, со исклучот на...

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Димитров

Собранието синоќа со 59 гласа „против“ и 20 гласа „за“ не ја прифати поднесената интерпелација од опозицијата за министерот за надворешни работи Никола Димитров. Опозицијата го обвини Димитров дека ја извршува функцијата несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси и оти со потпишаните договори со Бугарија и Грција се загрозуваат македонските интереси. Во завршното обраќање министерот Димитров ги повика пратениците заеднички...

Спасовски: Има нови работи околу бегството на Груевски, тоа Обвинителството ќе го соопшти

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој беше еден од најповикуваните по бегството на Никола Груевски на прашањето дали има новости во истрагата и кога ќе излезат официјално со резултатите кратко одговори. - Има, тоа ќе го соопшти Јавното обвинителство - рече Спасовски. Министерот за внатрешни работи вели дека ја очекувал интерпелацијата од ВМРО-ДПМНЕ за неговата работа. Но, вели, ќе мора...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Оливер Спасовски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во Собранието на Република Македонија ќе поднесат интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, информираше на прес-конференција, координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски Според опозициската партија, Спасовски во изминатиот период покажал и докажал дека функцијата министер за внатрешни работи ја извршува крајно несовесно, нестручно, селективно и по насока...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Никола Димитров

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил соопшти дека поднеле интерпелација за, како што наведува, „најнеуспешниот министер за надворешни работи Никола Димитров“. „Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси! Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс! Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...