fbpx
Таг: интернет портали

таг: интернет портали

ЦУП: Да се укине платеното политичко рекламирање и да се воспостави минимум контрола врз порталите

Доколку платеното политичко рекламирање не биде укинато, потребно е Министерството за правда и Државната изборна комисија (ДИК) да донесат подзаконски акти за подобро да го уредат водењето на Регистарот за радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (портали), како и за подобро да ја уредат постапката за исплата на финансиските средства, покажува последното истражување на Центарот за управување со промени...

Дури 52 портали се пријавиле во ДИК за емитување партиски реклами за изборите во Штип и Пласница

Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени избори за градоначалници на општините Штип и Пласница подготви нов Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали што се заинтересирани за емитување на платено политичко рекламирање пред одржувањето на изборите на 13 декември. Во него, запишани се дури 52 интернет портали, 11 телевизии, две радио станици и еден печатен медиум. Во услови...

Студија на РЕСИС: Граѓаните телевизијата и интернетот денес подеднакво ги користат за информирање

Македонските граѓани забрзано ги менуваат своите навики за информирање за домашните настани од медиумите и сè повеќе го користат интернетот, при што 72 отсто од граѓаните до интернет содржини во земјава пристапуваат преку мобилен телефон, а 38 отсто преку компјутер. Ова се дел од резултатите од истражувањето „Утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и...

ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање да е транспарентна и неселективна

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага за платеното политичко рекламирање од последните избори во дел од онлајн медиумите кои беа пријавени во Државната изборна комисија на последните избори. Според ОЈО и објавите на медиумите за овој случај, се проверува документацијата во три фирми дали е надминат...

Истрагата на ОЈО и МВР за политичките реклами на дел од порталите предизвика реакции од партиите

Политичките партии од власта и опозицијата и дел од интернет порталите кои се вклучени во истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи излегоа со реакции во јавноста. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека сето рекламирање на нивната партија било транспарентно и законски. Тие сметаат дека власта организирала напад врз медиуми преку...

ОЈО и МВР ќе проверуваат три фирми за сомнеж дека пред избори отвориле портали за политичко рекламирање

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведoa координирана акција, при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сомнение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, информираат од таму. Надлежен обвинител од ОЈО за гонење...

ОЈО со обвинителен предлог против Љупчо Златев за оддавање на службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против главниот уредник на порталот „Економски лидер“, Љупчо Златев за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје. „Во текот на првата половина на јули обвинетиот како главен и одговорен уредник на интернет портал, направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција...

Црната медиумска кампања на изборите се водеше на дел од онлајн медиумите и на социјалните мрежи

Како во изборната кампања, така и за време на изборниот молк, дел од онлајн медиумите во земјава, како и одредени личности но и анонимуси на социјалните мрежи, ја одиграа нечистата пропагандна кампања за партиите на изминатите парламентарни избори. Ваквиот заклучок произлегува од констатациите изнесени во мониторингот на медиумите што го извршија мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и на организацијата ЦИВИЛ. Специјалната мисија...

„Порталб.мк“ ќе преземе мерки против порталите кои манипулираа со резултатите од предизборната анализа на Роберт Несими

Повеќе портали на албански јазик од земјава, ја злоупотребија во изборни цели за време на изборен молк анализата која „Порталб.мк“ традиционално секој изборен циклус ја објавува во соработка со експертот Роберт Несими, а се однесува на предвидување на резултатите на изборите. Иако „Порталб.мк“ ја објави оваа анализа пред почетокот на молкот, целосно спротивно на новинарските стандарди, најмалку 12 портали објавија...

Кај власта има расположение да се укине предизборното рекламирање од државен буџет, но не за овие избори

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за порталот „Призма“ вели дека во владејачката партија СДСМ има расположение во целост да се укинат изборните реклами, за чија изработка политичките партии добиваат финансии од државниот буџет. Манчевски изјави дека сепак промената не може да се направи пред овие избори, затоа што не може да се смени Изборниот...

ААВМУ бара од институциите отвореност за медиумите и двонасочна комуникација со новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) апелира до Владата и другите надлежни институции да ја унапредат комуникацијата со новинарите и да го зголемат степенот на транспарентност во периодот на вонредната состојба поради епидемијата со корона вирусот. Од ААВМУ потенцираат дека комуникацијата со новинарите треба да биде отворена и двонасочна. „Во вонредна состојба исклучително е важно да им биде...

Коалиција „Маргини“: Стоп за дискриминацијата и вознемирувањето на лицата позитивни на Ковид-19

Мрежата за заштита од дискриминација апелира и бара од Владата и надлежните институции да преземат мерки за спречување на вознемирувањето и прекршувањето на човековите права на луѓето позитивни на Ковид-19 и на луѓето кај кои постои сомневање дека се позитивни на вирусот. „Во изминатиот период се појавија голем број на написи на медиумите, воглавно на интернет-порталите, каде се објавија слики, имиња...

Двојно повеќе портали се пријавиле за платени изборни реклами од оние во регистерот на ЗНМ (инфографик)

Ќе се „опарат“ ли медиумски анонимуси од претстојните парламентарни избори од платеното политичко рекламирање? Ваквото прашање логично се поставува откако во речиси идентичен временски период беа промовирани два регистри на он-лајн медиуми во земјава со огромна разлика во нивниот број. Регистарот на професионални он-лајн медиуми „Промедиа“ беше промовиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во...

ДКСК: Очигледно сме погодиле во целта штом не стивнуваат реакциите на невладините

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) постапувала и постапува во сите случаи каде што има индиции за несовесно работење и за злоупотреба на службената позиција и на овластувањата, се вели во реакцијата на Антикорупциската комисија на денешното соопштение од 22 граѓански организации и фондации во кои шест месеци се вршат контроли по налог на Комисијата. Од ДКСК велат дека...

Социјалистите во Албанија бараат и порталите да бидат под надзор за време на избори

Членовите на албанскиот парламент од Социјалистичката партија бараат промени во изборниот закон на земјата со кои се предлага регистрација на интернет-порталите за време на изборната кампања. Со измените на законот, се бара на регулаторното тело за медиуми да му се овозможи да ги казнува порталите доколку шират пропаганда за време на избори. Социјалистичката партија преку предложените измени на изборниот закон бара...

АВМУ ја усвои методологијата за изборен надзор на медиумите

Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната 29. седница, ја усвои методологијата за надзор на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, информирал дека не се прифатило барањето да се надгледува работата на интернет-порталите, бидејќи за тоа е потребно да се направат законски измени. Според усвоената методологија за надзор,...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...