fbpx
Таг: интегритет

таг: интегритет

Антикорупциска, ревизија и правобранителот со најдобри резултати во однос на интегритет, транспарентност и отчетност

Според извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија (ТИ), институции со најголем интегритет се Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Државниот завод за ревизија, и омбудсманот, односно Народниот правобранител. Во најниско оценетите столбови спаѓаат обвинителството, јавните претпријатија, бизнис секторот и судството. Овие беа клучните наоди на денешното презентирање на извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија за оценувањето на Системот за национална интеграција...

Корупцијата во образовниот систем ги саботира шансите за позитивен исчекор

Создавањето на образовен систем без корупција ќе обезбеди еднакви можности за сите ученици и студенти и ќе води кон подобри услови за раст и развој на државата и нејзиниот човечки потенцијал, рече вицепремиерката Славица Грковска на денешната тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“ која се одржа со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога...

Врховниот суд – полузатворена институција за јавноста (инфографик)

Врховниот суд исполнува само половина од индикаторите за достапност, одговорност, интегритет и транспарентност. Така покажува истражувањето на ActionSEE, кое го мери нивото на отвореност на институциите во периодот 2016 - 2018 година и врз основа на истото ги утврдува горенаведените индикатори. Како што може да се види во инфографикот, во текот на 2016 година, Врховниот Суд има исполнето 55,61 отсто...

Ристовска: Постапките на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО, стоиме зад работата што досега е завршена

Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска на денешната прес-конференција апелираше за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумпцијата на невиност. Реакцијата следува откако вчера Основно јавно обвинителство отвори случај, во кој, поради поткуп и перење пари приведени се Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милевски - Кичеец, а на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева ѝ...

Заради интегритетот на судиите, извештајот за АКМИС-от ќе се разгледува зад затворени врати

Членовите на Судскиот совет на предлог на претсeдателот Зоран Караџовски ја исклучија јавноста кога ќе се расправа за извештајот за АКМИС-от со местење предмети. Според Караџовски, со тоа ќе се зачувал интегритетот на судиите бидејќи ќе се споменувале со име и презиме. Влатко Самарџиски, пак, како член на Советот предложи точката да биде јавна, но неговиот предлог не помина. Ова...

Шекеринска: Посетата на Столтенберг е порака сама по себе

Посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија, Јенс Столтенберг е порака сама по себе, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод посетата на Столтенберг на Македонија в среда и четврток. - Тоа значи дека во изминатите шест месеци успеавме Македонија да ја вратиме назад на евроатлантската патека и успеавме да ги неутрализираме сите оние лоши вести, кои во континуитет...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...