fbpx
Таг: интеграција

таг: интеграција

Шолц: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е наш стратешки интерес

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на пленарната седница на Бундестагот, на која присуствува и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија. Шолц пред пратениците потсети дека шест земји од...

Целосното воено интегрирање на земјава во НАТО ќе се оствари следната седмица

Со потпишувањето на Заедничката декларација за интеграција на Северна Македонија во НАТО, следната седмица ќе се реализира целосната воена интеграција на земјава во Северноатлантската алијанса, информира Министерството за одбрана. „Процесот на воена интеграција на Северна Македонија во НАТО започна по потпишувањето на Протоколот за пристапување на нашата земја во Алијансата. Процесот на воена интеграција го следеше, координираше и имплементираше работна...

Варвициотис: Веднаш да се свика меѓувладината седница за Албанија и Северна Македонија

Веднаш да се свика меѓувладината седница за Албанија и Северна Македонија, така што да се расчистат позициите за следните чекори во преговорите, како и за евентуалните забрзувања на преговорите како за Србија така и за Црна Гора, рече грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Никола...

Пендаровски-Лофвен: Шведска со поддршката за евроинтеграциите, во контекст на очекуваниот почеток на преговорите

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Малме оствари средба со премиерот Стефан Лофвен, којшто беше и домаќин на Меѓународниот форум „Remember-React“, („Запомни – Реагирај“), информираат од Кабинетот на претседателот. „Двајцата соговорници на средбата разговараа за актуелниот контекст во однос на очекуваниот почеток на преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија. Изразувајќи...

Шахпаска: Целосна интеграција на Ромите преку повеќе проекти, е приоритет на Владата

Интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата и за таа цел се реализираат повеќе проекти за нивна поддршка и за намалување на разликите кај населението. Ова го посочи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната средба со раководителот на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020, при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин и експертот за политики,...

Димитров: Нашата приказна е тест за ЕУ, колку Балканот може да верува на зборовите кои доаѓаат од Брисел

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров утрово учествуваше на конференцијата „Спогодбата за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ – дваесет години и натаму“, во организација на тинк-тенк организацијата „Институт за европска политика – Скопје“. Димитров на конференцијата посочи дека нашиот напредок е препознаен и дека предизвиците мора да резултираат со успех, бидејќи немаме друга алтернатива освен европеизирање на македонското општество. „Имам амбивалентен однос...

Димитров – Шаленберг: Позитивната одлука за датумот ќе биде во корист на младите генерации

Денеска во официјална посета на државата е сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг. На средбата во МНР, во фокусот на разговорите беа европските интеграции на  Македонија и очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унија. „Позитивната одлука во октомври ќе придонесе не само кон зголемена доверба, кредибилна потврда на европската перспектива, предвидливост и позитивна...

ЕБРД со посилна поддршка за економиите во двете земји по ратификацијата на Договорот

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти упатил писмо со честитки до двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас за ратификацијата на Договорот од Преспа во парламентите на двете земји, оценувајќи го влегувањето во сила на овој важен Договор со преостанатите процедури, како важен влог во стабилноста и економските перспективи на двете земји, во регионот...

Ангеловска-Бежоска: Еврото може да го воведеме по две години од влезот во ЕУ

Со почетокот на процесот на уставни измени се отвара патот за почнување на преговорите на Македонија за членство во Европската унија, кои според најавите би требало да почнат следната година. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на дебатниот форум одржан во организација на Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“ го презентира нејзиното видување за влијанието на евроинтегративниот процес врз нашата земја. Според...

Софија: Политичарите во Македонија да покажат зрелост, губењето време никому не користи

Политичката елита на нашиот сосед мора да покаже зрелост и да најде начин да ги реши тешките проблеми, се вели  во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи за резултатите од референдумот, јавува дописничката на „Мета“ од Софија. „Заложбата е иднината на државата и иднината на сите нејзини граѓани. Референдумот е највисока демократска практика, со изразена волја на оние кои...

Грција во понеделник ќе ги достави писмата до ЕУ и НАТО за интеграцијата на Македонија

Во недела ќе бидат потпишани од шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евроатлантска интеграција на Македонија. Ова го изјави Коѕиас, говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос. Како што јави дописничката на...

Иванов ја прекинал и напуштил средбата со Заев и Димитров, најави обраќање

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров се обиделе да го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор за името, но од кабинетот на претседателот велат дека средбата траела две минути. „Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, велат од кабинетот на Иванов. Во соопштението испратено од Владата се...

Западен Балкан бара начин за решавање на тешката материјална положба на Ромите

Од 83 до 94 отсто од загрозените Роми што живеат во регионот на Западен Балкан не можат да си дозволат основни материјални работи за нормален живот, а многу домаќинства се уште немаат пристап до вода од чешма и до јавен канализациски систем, ниту пак нивниот отпад некој го собира и го складира. Ова се дел од прелиминарните податоци на Регионалното...

Има одлука од Патријаршијата за црквата на северниот сосед, вели грчката влада

Нова демократија не треба да брза. До овој момент не постои никаков договор, велат од кабинетот на грчкиот премиер во одговор на прашањата од опозициската партија, пренесува МИА. Од таму додаваат дека единствено што за сега постои е одлуката од Вселенската патријаршија во однос на името на македонската црква. - Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на...

Заев во Софија на работен состанок со Јункер, Борисов, Могерини и Хан

Премиерот Зоран Заев денеска во Софија ќе учествува на работниот состанок на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер, Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. На состанокот ќе присуствуваат и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска полтика Јоханес Хан. Тема на состанокот се можностите за...

Европската десница ја поздрави Стратегијата на ЕК за Западен Балкан

Претседателот на европската десница Жозеф Дол денеска ја поздрави „долгоочекуваната“ Стратегија за Западен Балкан и порача дека Европската народна партија (ЕПП) останува посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но истовремено очекува од нејзините партнери да ги исполнат реформите што ги презеле за доброто на својот народ и регионот во целина. Сепак, тој во изјавата додава, дека...

Борисов го охрабри Заев да продолжи со преговорите за решавање на спорот за името

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска во Давос ја поздрави волјата на македонскиот премиер Зоран Заев со која работи за евроатлантските интеграции и го охрабри да продолжи со преговорите со Грција за изнаоѓање на конечно решение за спорот за името, пренесува „БГНЕС“. Борисов и Заев денеска имаа средба на маргините на Светскиот економски форум. „Дискутираме за иднината на Европа и за...

Брнабиќ: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е важнa за иднината на регионот

Европската интеграција на земјите од Западен Балкан е важен фактор за иднината на регионот, изјави претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ на состанокот на групата „Нови лидери за Европа“, на Светскиот економски форум во Давос. Таа истакнала дека Србија длабоко и искрено е посветена на европските интеграции затоа што како што рече „ги делат европските вредности и идеи за...

Шекеринска – Данкан: Продолжува поддршката од Велика Британија за eвроинтеграцијата

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска се сретна со британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, во Министерството за надворешни работи и Комонвелт. „Работиме на суштински внатрешни реформи како и на подобрување на односите со соседите. Тоа се сложени процеси, кои бараат политичка волја, време, но и постојана поддршка од нашите сојузници“, изјавила Шекеринска. Данкан истакнал дека, Велика Британија продолжува да ја...

Груби – Кукан: Посветени сме на реализација на очекувањата на Брисел, очекуваме поддршка

Претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник од ДУИ, Артан Груби, денеска во Брисел се сретнал и со европратеникот Едвард Кукан. Двајцата соговорници зборувале за актуелните случувања во земјата, владината коалиција, реформите и за интеграциските процеси. „За да се олесни интегративниот процес, ние како парламентарно мнозинство, целосно сме посветени на тоа за да ги реализираме сите очекувања од Брисел и очекуваме...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...